А1 Македонија (VIP)

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ох хо, нова промоција за припејд.

Со надоплнување на 300 денари, можеш да зборуваш цел месец за 1 денар минута со сите мрежи, 3.5 денари воспоставување на повик.

А и роамингов го средија, тамн за на одмор :eek:jea:
значи првата минута е 4,5 денари... кога ке земеш предвид дека 99% од разговорите се помалку или колку 1 минута, и не е така баш ефтино...
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
значи првата минута е 4,5 денари... кога ке земеш предвид дека 99% од разговорите се помалку или колку 1 минута, и не е така баш ефтино...
Колку што знам ова е најдобра понуда за разлика од понудите од другите оператори затоа и масовно сите се префрлаат на вип на при пејд не е многу ефтино али досега ова е една од најдобрата понуда посебно за летово нека продолжат со добри понуди и понатаму ке бидат прво место :toe:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
од денар за минута поефтино е само 0 денари !!! дефинитивно ВИП решиле да го освојат пазарот со нивните тарифи,конечно можеби вистинските цени (или приближно)....веќе одамна не владее монополот на Т-Мобајл кој беше чиста лудост....сегаимате избор
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.497
Поени од реакции
18.520
значи првата минута е 4,5 денари... кога ке земеш предвид дека 99% од разговорите се помалку или колку 1 минута, и не е така баш ефтино...

Стварно, кој има подобра понуда :pos2:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
значи првата минута е 4,5 денари... кога ке земеш предвид дека 99% од разговорите се помалку или колку 1 минута, и не е така баш ефтино...
Ако ти е скапо 1 денар, тогаш оди во Оне. Еве ти ги цените
5.5 денари/минута за говорни и видео повици кон сите мрежи
5.5 денари/SMS кон сите мрежи
5.5 денари/MMS кон сите мрежи

Или т-мобиле:
Најефтината понуда Easy Talk
Кон T-Mobile 8,9
Кон останати мрежи 11,3
Кон Мојот круг 7,7
SMS порака 5,8

Во Easy SMS 11,7 денари ти е минута, а во Easy Internet пакет 16,6.

Сеа ви изгледа скапо 1 минута = 1 денар?
И старите цени по 2.5 денари и минута и смс се прилично џабе.

Само криво ми е што нема ВИП фамилијарен пакет, тоа им фали. Кога ќе има скрос ќе го баталам монополскиот т мобиле.
 
Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Роаминг 30 минути за 390 денари...13 денари минута....епа слабо :))) браво за промоцијава
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.572
Поени од реакции
2.791
Изгледа ова со бесплатните пораки веќе не важи.Само што надополнив кредит ми зема 5 денари за порака.Проверив на тоа бројот за да видам колку преостанати пораки имам ми пишува услугата не е достапна? Сакав да прашам како да активирам vip top тарифа се јавувам на бројот ми се јавува автоматска секретарка ама нема опција за префрлање на вип топ тарифата а и не знам на која тарифа припаѓам јас???

Упдејт....Пораките завршиле пред некој ден :(
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Да не знае некој дали ќе ја продолжат акцијата што беше до 30ти јуни за постпеид договори со половина претплата што беа?
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Изгледа ова со бесплатните пораки веќе не важи.Само што надополнив кредит ми зема 5 денари за порака.Проверив на тоа бројот за да видам колку преостанати пораки имам ми пишува услугата не е достапна? Сакав да прашам како да активирам vip top тарифа се јавувам на бројот ми се јавува автоматска секретарка ама нема опција за префрлање на вип топ тарифата а и не знам на која тарифа припаѓам јас???

Упдејт....Пораките завршиле пред некој ден :(
Пораките се завршени негде од 25 јуни.
А за врска со тарифата, најдобро јави се во контакт центарот и прашај на која тарифа си, најновата е Вип Топ (или вип2 само со заокружени цени со ддв), а ако си на постарите (нонстоп, фан тајм) ќе ти земат 60 денари кредит и ќе те префрлат на најновата. Исто така ако не надополниш 100 денари а си на вип топ, автоматски се префрлаш на Вип Старт која е поскапа тарифа, но со секое надополнување бесплатно те враќа на вип топ. Клик тука за да ги видиш цените (старите тарифи се во менито „други понуди“).

Ако ти е скапо 1 денар, тогаш оди во Оне. Еве ти ги цените
5.5 денари/минута за говорни и видео повици кон сите мрежи
5.5 денари/SMS кон сите мрежи
5.5 денари/MMS кон сите мрежи

Или т-мобиле:
Најефтината понуда Easy Talk
Кон T-Mobile 8,9
Кон останати мрежи 11,3
Кон Мојот круг 7,7
SMS порака 5,8

Во Easy SMS 11,7 денари ти е минута, а во Easy Internet пакет 16,6.

Сеа ви изгледа скапо 1 минута = 1 денар?
И старите цени по 2.5 денари и минута и смс се прилично џабе.

Само криво ми е што нема ВИП фамилијарен пакет, тоа им фали. Кога ќе има скрос ќе го баталам монополскиот т мобиле.
Таа тарифа што ја имаш поставено за ОНЕ е само за студенти, обичната тарифа е 7 денари/минута кон сите оператори, а кон ОНЕ мрежата е 7денари/7минути. :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ако ти е скапо 1 денар, тогаш оди во Оне. Еве ти ги цените
5.5 денари/минута за говорни и видео повици кон сите мрежи
5.5 денари/SMS кон сите мрежи
5.5 денари/MMS кон сите мрежи

Или т-мобиле:
Најефтината понуда Easy Talk
Кон T-Mobile 8,9
Кон останати мрежи 11,3
Кон Мојот круг 7,7
SMS порака 5,8

Во Easy SMS 11,7 денари ти е минута, а во Easy Internet пакет 16,6.

Сеа ви изгледа скапо 1 минута = 1 денар?
И старите цени по 2.5 денари и минута и смс се прилично џабе.

Само криво ми е што нема ВИП фамилијарен пакет, тоа им фали. Кога ќе има скрос ќе го баталам монополскиот т мобиле.
се до тука си горе доле во право освен што испушташ една работа: МОЛИМ ТЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВАЈ НИКОГАШ 3,5 ДЕНАРИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ СТАРТ.. тука е финтата... тука лежи зајакот... тука е мамецот... со ситни букви доле на дното од листот ти го пишува ова... значи не е само 1 денар минута туку е плус 3,5 за секој повик... и сега одма на кантар лугево ставаат дека за 200 денари имаат 200 минути разговор т.е. 200 повици.. е мало сутра 200 повици... во просек се околу 40 повици а не 200...

гледајте убаво пред да се залетате, секогаш читејте го и она со малите букви...

бј д веј, и јас не сум љубител на ОНЕ и чекам да ми истече договорот со нив за да не плаќам пенали за откажување и да се префрлам на ВИП, ама роамингот на ОНЕ во моментов е 11,9 денари со се ддв од незнам тамо колкава троцифрена бројка низ светов... или кон сите мрежи во МК ми е 5,1 денар минута, а за позиви кон оне ми е 4 денари минута, БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ СТАРТ како што во вип земаат 3,5 денари и итн....

јас незнам од каде ги ископа цениве поголеми 10, па 11 па 14 па дури и до 16,6 денари стигна по минута...? молам објаснување.... јас имам детална сметка и на нејзе фино си пишува... плус кон мои три броја имам цена подоле од 0,5 денари по минута, плус имам втор број на иста претплата (на времето беше космо тим сега незнам како се вика ваљда оне тим ќе биде) а во вип нема такво ешто, значи и за мене и за жена ми ке треба две претплати да се плаќаат И ЦЕЛИОТ ОВОЈ МУАБЕТ Е ЗА 200 ДЕНАРИ ПРЕТПЛАТА а и тие 200 ги имаме на трошење како први, па одкога ке ги потрошам почиња тарифирање... како што реков, детална сметка ми стига и писмено и на е-маил па секогаш имам увид во цени, тарифи и потрошено...

?????????????????????
 
Не мешај баби и жаби, се работи за припеј тарифа, а таква кава што е, ПОДОБРА е од таа тарифа што ја имаш на постпејд во ОНЕ.
Значи rossonerka направи споредба на припејд пакети.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.339
Поени од реакции
505
Nakratko moze do utre sabajle da diskutirame, FAKT e deka sum bil na site tri operatora, kako i da svrtis koi matemartiki da gi pravis VIP se sega za sega najeftini i najpristapni, zatoa site masovno se prefrlaat na vip.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.497
Поени од реакции
18.520
Хе хе

Ми стаса на припједов СМС, со порака да надополнам во следните 4 дена 100 денари и ќе имам 500 минути кон СИТЕ ви ВИП во следните 7 дена
Не е лошо :)
 
moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
На кратко кажано ВИП ми се тапа, имам при пејд нивно бројче и ништо посебно.....слаба мрежна покриеност и триста глупости. Иначе за тоа 200 за 200 што зборите минута 1 ден. што фаќало, татко ми зборуваше со еден човек околу тоа и му рече дека ВИП е најнеисплатливо кај нас и дека намерно сега прават така, иначе некој напомена погоре дека за секој повик е 3,5 ден и пресметано се му доаѓа исто со другиве. Кај нас па и ретко кои имаат броеви на ВИП т.е знам доста што земале и по одреден период се покајале.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Добро бе луѓе, овие имаат НЕГДЕ, било каде во Скопје блекбери? Или само по весници го рекламираат? Пет пати по ред одам во салонот во гтц, ми викаат дека нема, вчера отидов пак, за друг број да склучам договор и девојката ми вика во петокот имале, ама се распродале одма. Носат по еден телефон, не носат воопшто па лажат или што е работава?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom