Ауууу КАТАСТРОФА им се новите тарифи
Ќе ги изгубат корисниците со ваква политика.
Ја имам онаа старата половина месечна претплата 295 ден. само со бесплатни минути кон Вип што е. Приспоив пред година дена уште еден постпејд број кон мојот за 245 ден месечно со бесплатни минути кој нивната мрежа и 800МБ интернет - промотивна понуда која ми стигна преку смс со бесплатно (солидно) Нокиа телефонче.
Оние тарифите 555 и 666 им беа топ. Кој зема зема.... тешко да се повтори нешто слично во скоро време.
Инаку за продолжување на договор на веќе постоечка тарифа, пред се` од оние постарите - даваат некој попуст некаде од 3000-5000 ден. од
цената за посебни услуги за секој телефон што е. Плус онлајн нарачки даваат уште некој попуст или ако си постар корисник. Значи максимум некои 6000-7000 ден добиваш како попуст за нов телефон.
Е сеа...пошто ги имаат качено цениве за телефоните до плафон, кога ќе го удриш есапот ислегува дека исто(приближно) ти е како да го купиш телефонот од мобилара.