„ВИП“ почна да нуди пост пејд услуги
Третиот мобилен оператор, австриски „ВИП“, почна да нуди пост пејд услуги. Воведе четири тарифни модели со месечна претплата од 200 до 1.200 денари.
Надлежните во „ВИП“ тврдат дека се најевтини на пазарот. Најскапата опција кон сите мрежи ќе чини 6,5 денари за минута, додека најевтината 5,7 денари за минута разговор, 24 часа на ден.
Пост пејд разговорите се со префиксот 078. До 10 декември сите корисници кои ќе се вклучат во пост пејд пакетите на „ВИП“ ќе добијат три бесплатни месечни претплати.
„Со нашите тарифни модели имаме најниска месечна претплата, најевтини пакети и цените на разговорите се поевтини од релевантните модели на пакети кои можат да се споредуваат еден со друг“, изјави Марио Цвитковиќ, главен маркетинг директор на операторот „ВИП“.
„Сега цените се пониски за околу 10%, а во однос на состојбите од пред една недела за 50 до 60 проценти. Секој можен начин за натамошно подобрување на цените трајно ќе го искористуваме и се што можеме, секоја можна заштеда ќе ја употребиме за пониски цени за нашите корисници“, рече Младен Пејковиќ, главен извршен директор на операторот „ВИП“.
извор:а1
едит:
Vip Постпејд Промоција
Станете Vip Постпејд претплатник до 10.12.2007 година, и зборувајте 3 месеци без претплата! И уште повеќе, уживајте во бесплатните разговори во висина на претплатата на Вашиот тарифен модел.
Побрзајте во Vip и уживајте во бесплатни разговори следните 3 месеци!
Понудата важи за сите Vip Постпејд претплатници кои ќе склучат договор со времетраење од 24 месеци Претплатниците кои ќе ја одберат промотивната понуда можат да го променат тарифниот модел по истекот на првата година
еве ги и тарифните модели