Ај сеа признајте си...

J

Johnny Stulic

Гостин
првиот го памтам од татко ми и претпоследен на самти ден вртолум го заебев еден комшија му продадов ластици од марулец за 3 црвени од тие со коњо во сегашна противвредност некаде 1000 денари вредеа море скари море на флипери зад кино море во киното единајсти индијана џонс кецо по три пати го гледавме арно ама си дојдов дома и гледам дома мајка ми комшивката здравка и тетка ми смркорени море едно мавање двете тетка ми и мајка ми ми удрија прво и гледам иди татко ми од работа и се пикам во него демек да ме спаси ко му кажаја и тој мавање едно ми даде.

уште ме боли снагава
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
4.059
Поени од реакции
2
Абе нели старите викаат дека ќотекот е излезен од рајот...Како мала си јадев шамари секогаш кога ми беа заслужени (а јас си бев темпераментно дете), арно ама кога ја надраснав мајка ми и велев "оди ма ке се тепаме" a таа одма го викаше татко ми.И кога тато ќе дојдесше се кинеше од смеење:smir:
 
Член од
15 февруари 2007
Мислења
82
Поени од реакции
1
Kao mala nikad ne me tepale, samo mi vikale i toa mn. Ali se sekavam ne mojot edinstven samar (za sea).. Bev negde sesto ili sedmo ne mi tekinja i se iskrav neso so tatko mi, inaetcivka pa ja... i vlagam u soba so derenje, ja treskam vratata (ama bas ona trassss) i toa popuka zidot :))) lee koa mi dojde tatko mi koa mi ja vlepi edna.. prv samar mi bese... se skinav od placenje :))
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
28
Поени од реакции
0
Прва глупост на која се сеќавам е како мал кога имавме од оние лада самара. Го отворив резервоарот и го наполнив до горе со песок. За среќа не се сеќавам на ќотекот.:zlo:
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
А бе да е за нешто сериозно ич не ке ми беше мака, ама за еден ебан кец во 3-то одделение, па стварно не е фер, и кога ке ми текне дека за тоа сум добил ќотек, ми доаѓа да се обесам
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
јас не се сеќавам многу да ме тепале,али затоа преку глава ми е од предавања,знам дека кога татко ми ќе збесне,ама онака вистински..поарно да се скријам некаде...
ме учеше да возам точак,еднаш падни,два пати,10 пати,и цело време викав неможам,едноставно од страв не се ни трудев да држам рамнотежа,му пукна филмот на човекот,цел ден изгуби со мене,дојде до мене и ми акна една клоца,и ми рече ај сеа вози да видам дали ќе ти е страв...и се качив со солзи во очите,плачејќи провозав..
долго време гледав на ова како смешна случка,а во моментов искрено..не знам што да мислам...
 
N

Nephthys

Гостин
Oд сестра ми која е 10 години постара од мене,не кркав ќутек ама кркав уцени.Бев некаде 4-5 години и татко ми ми купи многу убава барбика од грција,не знма колку кошташе ама беше оргинал и памтам за тоа време беше доста скапа.Како и да е ја еден ден земав ке ја шишам демек боб фризура поубаво ке и стоела:tapp:...и земав ножиците ја унаказив, барбикава изгледаше ко струја да ја акнало у тоа косата.Ко за беља тогаш ме фати сестра ми и тогаш почнаа моите маки.По краток поступак се ослободив од барбиката-земав ја џитнав у канта за ѓубре,ама тоа беше само почеток.Како што бев бело и буцкасто детиште сестра ми константно сакаше да ме гњави,да ме штипе.да ме бацува,а мене тоа ужасно ме нервираше...и само ако не и допуштев да се “изживуе“ со мене одма ми викаше:Ke кажам на тато за барбиката:zlo:..траеше тоа едно две години и послем ја фати мајка ми дека ме уценува па на крај она го доби ќутекот(демек ме трауматизирала)...wtf мислам дека ради таа барбика престанав да ги симпатишам плавушите:kesa:
 

BoYd

женско сум
Член од
1 февруари 2007
Мислења
707
Поени од реакции
4
Се сеќавам дека еднаш татко ми ми залепи онака убав,врел шамар само ич не знам што толку лошо сум направила.Од тогаш наваму не кренал рака на мене.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Nephthys напиша:
Oд сестра ми која е 10 години постара од мене,не кркав ќутек ама кркав уцени.Бев некаде 4-5 години и татко ми ми купи многу убава барбика од грција,не знма колку кошташе ама беше оргинал и памтам за тоа време беше доста скапа.Како и да е ја еден ден земав ке ја шишам демек боб фризура поубаво ке и стоела:tapp:...и земав ножиците ја унаказив, барбикава изгледаше ко струја да ја акнало у тоа косата.Ко за беља тогаш ме фати сестра ми и тогаш почнаа моите маки.По краток поступак се ослободив од барбиката-земав ја џитнав у канта за ѓубре,ама тоа беше само почеток.Како што бев бело и буцкасто детиште сестра ми константно сакаше да ме гњави,да ме штипе.да ме бацува,а мене тоа ужасно ме нервираше...и само ако не и допуштев да се “изживуе“ со мене одма ми викаше:Ke кажам на тато за барбиката:zlo:..траеше тоа едно две години и послем ја фати мајка ми дека ме уценува па на крај она го доби ќутекот(демек ме трауматизирала)...wtf мислам дека ради таа барбика престанав да ги симпатишам плавушите:kesa:
И кога се разбуде жива вода ,ти паднал чаршавот ,ти застуде
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Целиот ќотек во животов што јас сум го добила од мајка ми и татко ми се сведува на едно млитаво, никакво мавање по раката пошто чачкав у штеќер (4 год.). :pos:Поише на скокоткање личеше. :pos:
Ми викале, да. И тоа како стареев, се` повеќе. :pos:
Ама не ме удриле, никогаш. Баш никогаш. Ни уво не ми истегнале, ни шамар, ни ништо.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Мене никој не ме тепал , јас си бев по спортот и по улицата не оти некој ме видел дома ...нон стоп надвор ... ама дедоми кога бев мал 5 години ...стално идеше по мене со банани , помаранџи коа играв футбал а мене едно срам од другите .... се праев не го приметуем ... он по мене доџи да једеш ...ја игноре трчи по топката ...и коа ме светна со тоа бананата кај ме погоди ...ја патос доле ... и толку !

Камо да е сеа жив па нек ме гага секој ден ако сака
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Само еднаш:мајка ми ми удри шамар пошто пцуев пред гости.После ми потече крв во устата,и жената толку многу се испреплаши,шо веке никогаш во живот не ни помисли да ме удри...
Татко ми ме нема никогаш удрено....
Значи не сум тепан...мене повеке вербално некако пробуваа да ми влијаат,не знам....долга анализа сеа треба....:pos2::pos2:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
imam "jadeno" nekolku samari koga bev mala ama nisto strasno....pojke pati baba mi trcase po mene so sukaloto i me brkase niz cel stan hahaha :) :) taa "trcase" po mene demek lele ke vidis ti ko ke te fatam a jas umirav od smeenje isto i taa :) nikogas ne me udri samo onaka demek da me uplasi :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Ko mala imalo pojse gluposti, mn bev loso :D Ama pamtam deka ko EPTEN EPTEN MALO 5 godini taka nesto.. Sekad tatko mi po gz me mavase, i ja go nauciv edno vreme, i kaj i da bev koa ke se razlutese na zemja si sednuev, i ke pocnese da se smee i me ostavase :pos2:
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Ako pocnam da zboram kolku i zasto kjutek iam izedeno od pomaliot mi brat...kje mi treba cela nedela :tapp: do 7 oddelenie, toa mu pretstavuvase rutina...ama sea porasnav, i me brani :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom