Го делам татко ми мислењето дека чај се прави од билки па и мене како и него исто не ми се по ќејф овошните чаеви, знам чаш пат и таков да испијам ама во главно пијам од тревастите. Омилен ми е од нане, се што има вкус на ментол или слично во принцип ми се допаѓа биле тоа бомбони, мастики, или мастика пијалокот. Други чаеви кој исто ми се по ќејф се планински, камилица, мајчина душица, зелен и црн овој последниот го претпочитам во ориентални атмосфери. Најубави се природните чаеви оние што ти ги даваат на цели гранчиња а не тие од супермаркетите, кои ги сушат набрзинка под разноразни топлински ламби. Вкусот е некогаш и многу драстично интензивен кај овие првите, го осеќаш чајот во максималниот свој вкус и арома. Така да од мене препорака-Баталете ги пакуваните чаеви, ако знаете некој еснаф човек кој придодно ги одлгледува и суши не се двоумете и сами ќе приметите разлика. Едно подзаборавено хитче на темава