Ај на чај!

Член од
24 јануари 2011
Мислења
18
Поени од реакции
2
Од брусница и шумско овошје ми е најубав а зелениот ми е најгрозен ама еве некое време како се навикнувам да го пијам.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Јаболко и цимет највеќе ми се допаѓа.Ама во овие летни горештини чај од камилица добро оладен со неколку коцки мраз и лимон убаво разладува :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Сеага баш сакам еден чај од нане ммммммммм :)
 

ILoveGeeks

God's unwanted child
Член од
31 мај 2011
Мислења
7
Поени од реакции
6
Турски ;) Ми донесе еден другар од Цариград :D
Неам коментар, како 10 шолји кафе да сум испил. Создаден само за пред испитна сесија (y)
А и рускиот е добар :D
А да не се исти малку?

Инаку јас редовно пијам црн чај( кој што исто е познат како руски чај или пак турски чај). Секако има и други, но поретко.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
37
Поени од реакции
2
аз п'к искам да питам за един уникален чај којто пих редовно когато бјах в скопие македонски беше ама тука не си го намирам даже не си спомнјам как му беше името имаше нај различни видове супер много искам да си го намерја заштото аз с'м супер запалена по чајове и всеки ден по нјаколко п'ти пија ;дд и много искам да намерја онзи и супер много се нервирам че тука не виждам македонски чајове:place:HELP
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
аз п'к искам да питам за един уникален чај којто пих редовно когато бјах в скопие македонски беше ама тука не си го намирам даже не си спомнјам как му беше името имаше нај различни видове супер много искам да си го намерја заштото аз с'м супер запалена по чајове и всеки ден по нјаколко п'ти пија ;дд и много искам да намерја онзи и супер много се нервирам че тука не виждам македонски чајове:place:HELP
е кој е тој чај бе joanna ?? се сети ли ?
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
37
Поени од реакции
2
не точно това се опитвам да разбера това беше преди 2 години нјак'де..
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
не точно това се опитвам да разбера това беше преди 2 години нјак'де..
е па како ќе разбереш- ако не кажеш нешто? - за да можеме да ти помогнеме :)
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
37
Поени од реакции
2
еми јавно нјама да разбера штото не се сештам само че имаше с нај различни плодове един лилав мислја и един зелен си спомнјам ;дд знам че не помогна..ште трјабва да отида до скопје да си го намерја...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зелен, од јаболко и цимет, камилица, нане, хибискус, мајчина душица... обожавам чај ама овие ми се фаворити. Од време на време пијам и увин 3 пати на ден може еднаш месечно чисто заради прочистување.
Не ми е убав само оној од франк што е јагода и банана, како ли беше, розево паковање што е. Еднаш ги дадов последните пари на него во Тинекс и не ги прежалив, мајка ми го испи цело пакетче :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
Портокал / цимет
Јагода
Турски
Планински
Нане
Мајчина душица
 
К

Кики.

Гостин
Шумско овошје, брусница, јагода, планински, хибискус и мајчина душица ми се омилени и додаток мед. - најубаво. :)
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Приказната за чајот започнува со кинескиот цар Шен-Нунг во далечната 2737 година пред нашата ера. За време на едно од своите патувања, во едно убаво есенско попладне, царот ги запрал своите слуги и им наредил да му сварат вода за пиење, затоа што тој пиел само таква вода. Точно кога била готово варената вода, дувнал ветар и право во неговата шолја парнале неколку исушени листов од околните грмушки. Водата добила кафена боја и околината магично замирисала. Големиот Шен не можел да оддолее а да не ја проба новнастанатата течност од која веднаш бил воодушевен. Така чајот започна да го освојува светот.
Чајот од Кина пристигнал во Јапонија преку будистичките свештеници кои после својата мисија на ширење на верата во Кина се вратиле на служба во Јапонија. Втората родна земја на чајот е Индија (Аsam). Од таму се пренесува во Индокина, Бурма, Австралија и северниот дел на американскиот континент и на југот од Африка. Во Москва го запознаваат во 1618 година кога е послужен на царот Алексеј во кинеската амбасада. До крајот на 18тиот век чајот станува достапен до сите.
Сите листови на чај (освен билните и овошните) потекнуваат од иста грмушка, зимзелено растение кое има убаво латинско име – Camellia sinensis. Во листовите се застапени биоактивно материи: таин, теобромин, теофилин и етерично масло. Најквалитетниот чај се добива од младите гранки, па затоа грмушките секоја година се кастрат. Од една грмушка може да се добијат и до четири берби. Листовите од првата берба го даваат најквалитетниот чај, а од секоја следна берба чајот е со се полош квалитет. Така постојат неколку категории на чај:
Golden – најквалитетен – од најмладите пупки
Orange pekoe – првите листови по отворање на пупките
Pekoe – чај од листови од втората генерација
Pekoe-souchong и souchong – листови од 3 и 4 генерација
Congon – чај од стари, големи и најмалку квалитетни листови


Големо важно откритие за многумина е улогата на чајот при слабеењето. Чајот го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето на храната, го стимулира разградувањето на мастите и ги чисти органите од отрови, а сам по себе речеси и да нема калории (секако ако не му додадете некој засладувач). После ноќи исполнети со алкохол кај нас е обичај да се пие јако кафе, кај другите народи пијат јак чај.
Разликите во органолептичките својства се јавуваат само поради технолошкиот процес на производство кој е специфичен, деликатен и помалку таинствен. Тој е дел од традицијата на секоја земја и се нема променето стотина години.

Така зелниот чај се обработува само на пареа, нема процес на оксидација и ферментација, а се суши на воздух. Со тоа се зачувува и бојата и сите други драгоцени состојки. Црниот чај е ферментиран и поради процесот на оксидација бојата ми е скоро црна. Црните чаеви најчесто доаѓаат од африканските, индијските и индонезезиските плантажи, додека пак зелениот чај главно доаѓа од земјите од далечниот исток, Кина и Јапонија. Големата популарност имаат разните ароматизирани чаеви (ги има преку сто видови). Јасмин, гарденија, магнолија, камелија, роза – изборот е навистина голем.
Белиот чај е многу рекод и го има само во некои делови на Кина. За него се бираат само најфините, најмладите листови и пупки, сеуште покриени со бели влакненца. Пијалокот има малку златеста боја, може да се каже дека е скоро безбоен и има освежителен вкус.
Чајот ројбос (rооibos) или „мајчино чудо“ кој го има само на југот на Африка, го обожуваат бебињата затоа што им ги намалува грчевите во стомакот. Ројбос не содржи кофеин, па може да се консумира во текот на целиот ден. Убав и кога ќе се излади, а може и да се измеша со џус од портокал, па дури да се стави во некој коктел.
Билните и овошните чаеви се произведуваат од цветови, кора и семе од разновидно овошје. Во својот состав немаат кофеин и затоа се добри за децата. За време на спремањето, билниот чај мора да стои подолго во зовриената вода, а се цеди после десетина минути.

Како што вообичаено се случува најдобрите работи да бидат откриени случајно, така и американците за време на првиот светски саме, сосема случајно го откриле и „патентирале“ ладниот чај. Планот бил на посетителите да им се служи чај, но поради големите горештини никој не бил заинтересиран за таквата понуда. Некој се досетил да во варениот чај стави голема количина на мраз, за да го излади. Така беше создаден „Ice Tea“ кој стана голем хит на саемот. Пота чајот во овој „облик“ тргна во освојување на светот.

Неколку години подоцна, американецот Томас Саливан ја развил идејата за „чај во ќесички“. Тој на рестораните им разнесувал примероци од чај замотани во газа. Дополнително сватил дека сопствениците на рестораните, за да го избегнат нередот од влажните листови чај по кујната, чаевети ги служат неодмотани. Така се појавил новиот производ кој го преплави светот. Товар со чај истурен во бостонското пристаниште доведе до бостонската чајанка, со која започна борбата за независност на америкаснките држави од Британија.


Дозирање
Чај теба да се пие, но да не се претерува. Секоја треба да ја пронајде својата мерка. Се препорачува да се пие 2 до 3 шолји чај на ден, иако во некои делови од светот се пијат и 6 шолји чај.
Освежителното дејство на зелениот чај просечно е подолго од она на кое сме навикнати од кафето. Значи, пилоти, шофери и сите оние кои се будни ноќно време, чајот е ваш избор.
Важна работа кај подготовката на чајот е водата, која треба да биде мека со многу малку хлор и песок. Додека за подготовка на црниот чај најдобро е да користите глинени садови за чај, за зелениот чај најодбро е да користите садови од порцелан и керамика. Еве неколку методи за подготовка чајот.

Подготовка
1. Јапонски начин – сварената вода треба да се излади на околу 60 степени, потоа да се истури врз чајот и да се остави да стои 3 минути. Ако чајот е премногу кисел, треба да постапите на следниот начин, првата вода треба да ја истурите, а истио чај треба повторно да се прелие со топла вода. Посел 2-3 минути, сервирајте го чајот.
2. Англиски начин – еден мал шол = една мала лажица чај. Врз листовите чај се истура топла вода, после 5 минути се сервира.
3. Трипрсен начин – за секоја шолја чај се зема чај колку што може да собере помеѓу палецот, показателот и средниот прст + една мерка за чајникот. Сето ова го преливате со зовриена но малку изладена вода.

Опции и користење
Чајот може да се зачини на различни начини: со додавање на млеко, рум, лимон, ванила. Најчесто се засладува со шеќер или мед. Во Кина и Јапонија се пие незасладен и без било никакви додатоци. Може да се користи и како зачин. Од листовите се добива и боја.

Ќесичка или листови
Секако дека чајот од листовите е многу повкусен и поздрав од оној во филтер ќесичките, за кои најчесто се користи чајна прашина. Со ќесичките полесно се ракува, но вкусот и аромата се неспоредливо подобри ако чајот се направи од листови.

Чување
Чајот е многу остелив па мора да се чува на ладно и суво место. Немојте да го чувате покрај лук на пример затоа што лесно прима мириси. Алуминиумските садови кои можат цврсто да се затворат се идеални.

Кој е ваш омилен чај? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom