Во 1994 година во Скопје се формираше Антена 5 радио, најпрвин како
радио станица со локална покриеност. Од самиот почеток на своето постоење се разликуваше од сите останати медиуми. Понуди нов радио израз со модерна европска концепција и го воведе најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR)
Contemporary Hit Radio.
Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава радио динамика- специфичност и уникатност, препознатлива само за Антена 5.
АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката
телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија.
Aнтена 5 во 1995 година стана првата радио станица на
Балканот со своја
веб-страна и прва која емитуваше програма преку интернет
REAL AUDIO во
1996.
Во 1994 прва воведува
компјутерско водење на програмата, а во 2001 година заедно со
Он Нет први воведоа седум музички стилски канали на интернет.
Антена 5 Радио е дел од најголемите светски музички настани, фестивали и концерти. Во својата историја има направено повеќе од 600
интервјуа со најголемите музички звезди.
Присуствува со свои репортери на најголемите светски настани.
MTV Europe Music Awards ги следи во континуитет од 1994 година, дел е и од најпрестижните
BRIT AWARDS,
MTV Video Music Awards,
Miami Winter Music Conference.
Своевремено беше присутна на
Mandela Day, Concert 4 Diana, Concert for New York, World Aids Day, Live Earth, Party In The Park, Capital FM Christmas Ball, Capital FM Summertime Ball, Hard Rock Calling, Party In The Park, Eurovision, имаше своја екипа на Ibiza..
Присутни се и на настани во регионот. Имаат Backstage студио на Exit фестивалот (
Нови Сад,
Србија), од 2008 секоја година го следат InMusic Festival (Јарун,
Загреб,
Хрватска), задолжени се за македонската вечер на најголемиот адвертајзинг и медиа фестивал во регионот, Golden Drum (
Порторож,
Словенија)...
Во нивната работа не изостанува и подршката и партнерството со настаните од македонскиот културен свет како на пример: фестивалот за забавни мелодии- Макфест (
Штип), Таксират (Скопје), Биенале (Скопје), Пиволенд (Скопје), Баскер Фест (Скопје), Фестивалот за филмска камера
Браќа Манаки(Битола), Офф Фест (Скопје), Скопје
Џез Фестивал,
Охридско лето..
Антена 5 има организирано преку 100-тина разни забави, маскенбали и подржува безброј концерти, претстави и настани во Скопје и низ Македонија.
Од 2003тата година, секоја сезона емитува програма во живо од
Охрид и
Маврово, а во 2004 организираше роденденска забава по повод 10 годишнината од своето успешно постоење- настан на кој беа присутни најголемите имиња од регионот.
За светските дискографски компании во Македонија промовира синглови и албуми.
Антена 5 покрива 95% од територијата на Македонија со 20 предаватели со виското квалитетен стерео RDS EON сигнал кој овозможува автоматско менување на алтернативните фрекфенции додека се возите во автомобил.
Скопје 95.5 FM Stereo со RDS;
Велес 91.9 FM;
Битола 92.9 FM, 93.9 FM;
Прилеп 92.9 FM, 106.3 FM; Охрид 103.3 FM , 92.0 FM,
Гевгелија 89.2 FM, 106.3 FM;
Тетово 106.9 FM, 105.5 FM;
Струга 103.3 FM , 92.0 FM;
Струмица 100.5 FM, 91.9 FM;
Штип 104.8 FM, 91.9 FM;
Куманово 106.3 FM, 106.9 FM, 104.8 FM;
Попова Шапка 106.9 FM; Маврово 105.5 FM, 95.5 FM;
Неготино 91.9 FM, 104.2 FM, 88.8 FM;
Кавадарци 104.2 FM, 91.9 FM;
Демир Капија 88.8 FM, 91.9 FM, 104.2;
Свети Николе 91.9 FM;
Крива Паланка 105.5 FM, 95.5 FM;
Кратово 105.5 FM, 106.9 FM;
Гостивар 106.9 FM, 105.5 FM;
Кочани 97.9 FM, 104.8 FM,
Виница 104.8 FM, 97.9 FM; Н.
Дојран, С.Дојран 106.3 FM;
Валандово 106.3 FM;
Богданци 106.3 FM, 89.2 FM;
Радовиш 91.9 FM;
Ресен 92.9 FM;
Крушево106.3 FM, 92.9 FM;
Галичник 92.9 FM;
Кичево 95.5 FM;
Берово 97.9 FM;
Душегубица 103.3 FM;
Песочан 101.9 FM; М.Радобил 97.9 FM;
Страцин 105.5 FM.
Teкстот преземен од Википедија.