Антена 5 радио

  • Креатор на темата Delux
  • Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
941
Не ми се допаѓа Антена 5 и никогаш не го слушам! Како прво, имаат премногу емисии! Нема потреба од толку, финтата е што треба да слушаме музика а не зборување! И мислам дека треба малце да намалат со тоа техното а повеќе да се насочат кон моменталните хитови по Македонија, не мора тоа да е строго техно, туку ете и поп, и рок, и рап, ар-ен-би. Не ми се допаѓа како зборуваат водителите (особено таа Соња Панда и Борис Пауновски). Јас највеќе го слушам Скај Радио, реклами има точно на секои 30 минути и не траат повеќе од 5 минути, нема никакви емисии ниту да праќаш пораки и глупости.
Хех, се споредувам сега со ова мислење... Колку сега не слушам Скај и не можам да поднесам репертоарот! Сега слушам паралелно и Антена 5 и Радио 2, и сеуште не ми се допаѓаат Борис Пауновски и Соња Панда, и сеуште ме нервираат рекламите...
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Со Антена пораснав и ги љубам неизмерно :) Последниве две години ретко ги наслушуем, али мислам дека репертоарот не им е сменет драстично :) Едина замерка која би ја издвоила е незастапеноста за рокче бе, добро тие пуштаат по некоја рок трака, али рок комерцијален :) Иначе Соња Панда и Борис ми се љубимци :) Борис е ѕвер:) Најмногу се смеев кога си праеше его трипои во етер и ќе ја пуштеше Џош Стоун...и после десет секунди се убацуеше со изјава од типот: АаАаА оваа Џош едноставно не ја поднесувам. Повеќе од 10 секунди дури сум јас во емисија, нема шанси да тече :) И јас ја мразев на времето и се ситев :)))
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
изборот на музика понекогаш е банален и сепокомерцијален!но јас сум антена 5 зависник!постојано ги слушам и најдобри ми се!
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Шо им е на овие од антена?Кажуваат итало хитс на антена а пуштат шпанска песна!:toe:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Антена 5 е ОК, ја слушам најмногу од сите радио-станици бидејќи ми се некако најпрепознатливи и го пуштаат она што е актуелно, имаат добар избор на музика.
Едино не знам зошто се мачеле да измислуваат имиња на емисии, кога тоа и така се само убацувања на водителите на крај на една и почеток на дурга песна кои тропаат глупости и така цел ден. Нема никаква разлика меѓу дневните емисии, сите се по исти шаблон.

Само многу ме иритираат во 2 саат навечер кога пуштаат македонска музика (исклучиво стара) и од „You're listening Antenna 5 radio network Macedonia“, се претвораат на „Антеееееееенаааа 5 ееееефееем“, налик на ужасните шпици од Скај радио и сличните.
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Антена 5 се закон.:tv::tv::tv:
Не ги слушам толку често, повеќе порано но се смени и мојот вкус на музика. Но пуштаат актуелна и добра музика.
Сум имала чест неколку пати и да видам како се работи и на денска и на вечерна емисија. Ерик Фох ми е роднина и неговите Лав Сонгс ми се омилена емисија. Посебно таа со тоше што ја имаше праено. :wub::wub::wub::wub::wub::wub:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Само многу ме иритираат во 2 саат навечер кога пуштаат македонска музика (исклучиво стара) и од „You're listening Antenna 5 radio network Macedonia“, се претвораат на „Антеееееееенаааа 5 ееееефееем“, налик на ужасните шпици од Скај радио и сличните.
Тоа е заради законот за процентуално учество на Македонска музика во радио етерот. За да се избегне преку ден да даваат наша музика они ја даваат по 1 саат до рано сабајле.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Обожавам Антена. Слушам секогаш и сегде.
Само една забелешка - многу реклами има. Другото е све супер.
I <3 Sonja Panda :pos: ...
 
П

Паган-др

Гостин
Антена 5 кикс ес. Мене ама баш ништо не ми смета таму. Пуштаат актуелна музика, не само поп/рок има и електронска. Рекламите што викате многу имало мене не ми сметаат и баш подобро што пуштаат македонска музика навечер во 1 саат. Со Џеј Џеј меѓу Антил Џун и Пинк да кажеме ќе се изгуби целиот тој шмек (Шмеки морав да го употребам не напаѓај :)) на радиото.
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Antenna 5- The Best Radio In Macedonia . Слушам антена 5 24/7 ... Толку... :helou:
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Antenna5, the best hit radio station all over Macedonia! :pos: Whaaat time is it?! :pos::pos:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.597
Поени од реакции
14.420
Супер се бе антена, баш ми се свиѓа радиото. Преку ден пуштаат актуелни рнб/поп синглови, навечер може да чуеш нешто од светот на електронската музика, во некој дел од денот ќе пуштат некој македонски хит, и сето тоа допринесува за едно од најуспешните радија во Македонија, ако не и најуспешно. Е сега тоа што пуштаат многу реклами малку нервира, ама пак ако не се тие реклами, од каде ќе заработуваат тие...
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Јас од многу мал слушам слушам....а за периодов за посликовито ,ќе ви кажам дека од пред 4год од кога ми е купен сараундот,го поврзав со радиото и до ден денес слушам исклучиво само антена5...значи музика од компјутер немам пуштено 4год ко шо треба....едино само филм коа гледам го прекинувам слушањето на антенна5 :pos:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Тоа е заради законот за процентуално учество на Македонска музика во радио етерот. За да се избегне преку ден да даваат наша музика они ја даваат по 1 саат до рано сабајле.
Јас не мислев на МК музиката, туку на грозните шпици што ги користат навечер, дури се и на нивото на оние од типот на Скај радио / Бубамара / Фортуна... Можеле барем да се потрудат на тој план, да направат нешто како она што го користат преку ден.

Инаку тоа што ги користат дупките во законот е ептен селско, под итно мора да се смени и да се користи барем 15-20% македонска музика во периодот од 6 до 24 часот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom