Анксиозност

Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Веќе трет месец психијатарот ми дава цитрам си пијам по половина апче и делува одлично ама пак некој мисли ми се навраќаат од време на време. Денес ми даде респеридон, читам дека е за контрола на мисли, чуства итн. Ми нагласи психијатарот дека е и за жизофренија да кажам дома а не се плашат оти немам фала богу таква работа туку дека е за контрола на мислите и дека само месец ќе ги пијам. Не дека нон стоп се замарам ама ми рече опседнат си со некој работи ќе те среди одам месечно на психијатар и да имаме разговор и се останато па ме интересира пошто ств сум загржиен дали да ги почнам или не. Цитрамот ми е сосем ок ама овие баш ме загрижуваат.
Зависи колку е сериозна ситуацијата ама јас не би ти ги препорачала освен ако имаш суицидални мисли. Погадни апчиња во секоја смисла не сум видела.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.314
Зависи колку е сериозна ситуацијата ама јас не би ти ги препорачала освен ако имаш суицидални мисли. Погадни апчиња во секоја смисла не сум видела.
Далеку од суицидални мисли,скраја да е. Зошто гадни? Треба 0.5 навечер да пијам.
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Далеку од суицидални мисли,скраја да е. Зошто гадни? Треба 0.5 навечер да пијам.
Прочитај на интернет какви side effects имаат, не би да те плашам ама јас имав многу лошо искуство. И ова се апчиња кои што се даваат ретко и тоа во прилично сериозни ситуации. Затоа и спомнав за суицидални мисли.
 
S

silmarillion

Гостин
Пред некоја недела женами ми го еба сонот со станување да моча по 10 пути у ниедно време. После тоа спиев ко на трње неколку дена за сеа да ме фаќа бела ноќ веќе 5-6 ден. Физички сум активен праев стрес тестови ЕКГа ништо нема. А легнам ко да ми пулсира цело тело од стапала нагоре. Ќе заспијам и обавезно после 3 саата се будам и после бдеам саат време додека не ме совлада сон. Утре дента не сум ненаспан али не е тоа тоа. Дали ради пунава месечина којзнае што е. Чаре некое? Нејќам да се кљукам со апчиња, најјако Б6 евентуално.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Апчиња мислиш општо на се, или на апчиња како медикаменти?
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дада немој, опасни последици и компликации. Консултирај се со доктор обавезно(y)
Може ли објаснување за какви компликации мислите? Недела дена пијам чај , микс неколку билки.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Може ли објаснување за какви компликации мислите? Недела дена пијам чај , микс неколку билки.
Постот е ироничен. Се додека не се мешаат со МЕДИКАМЕНТИ, шансата за негативни ефекти, е безмалце невозможна.
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Да да само чај никако мешање со лекови. Се збунив на момент благодарам за одговорот ☺
 
ZTB

Член од
1 февруари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво, пред скоро 2 години за прв пат имав паничен напад кој ми се укоци левата рака и мислев дека имам срцев удар и дека ке умрам , одма истрчав во болница ми направија ЕХО , ЕКГ, притисокот ми бесе супер , само пулсот ми беше околу 147. После тоа секој ден ми беше се полошо и полошо , немав желба за излегување притисокот ми се качување, имав вртоглавици , нагони за повраќање, страв дека ќе умрам јас или некој мој близок. По сево ова направив 2 компјутери на глава, компјутер на бубрези, испитав тероидна жлезда, кај повеќе од 7 доктори бев за ехо на срце , па почнав матно да гледам , бев да исппитам очи . Какви не испитувања направив во кој ти не болници и све беше како што треба. И ми открија анкциозност. Почнав да пијам Хелекс и Елицеа, после некој 4 месеци све се среди и се вратив стариот јас. По пола година такво живеење почнаа истите проблеми , повторно почнав со истата терапија и повторно ми се смири. Сега по трет пат ми се случува истот , сега пијам Пренеса за притисокот само , пием Хелекс и Елицеа, хелексот го исфрлив и сега пијам само Елицеа. Елицеата ја пијам скоро 6 недели. Можам да издржам без Хелекс, но секој ден кога ке станам од спиење за на работа , после 5 минути од станувањето како да ми се здрвува цело тело , како да ме пецка цело тело , некое треперење , се дур не стигнам на работа и пота се смирува сето тоа. Дали на некој му се случува ова често , скоро 4 недели секој ден. ?
 
Член од
7 јануари 2018
Мислења
8

Ke pomine samo period ti e ubavo kaza se si proveril se e vo red mom sum i jas so istite simptomi
 
Член од
15 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
15
Дали некој има пробано масло од канабис против анксиозност? Ме интересираат ваши искуства, доколку имате. Фала :)
 
Член од
5 февруари 2018
Мислења
3
Поени од реакции
0
Се чини дека откако знам за себе....сум бил поанксиозен...вознемирен аналитичен и мислител.
Отприлика не сум имал проблеми драстични со анксиозност и вознемиреност се до почетокот на 2 година студии факултет каде за прв пат ми се појави сериозно анксиозност.
Бев кај 2 психијатри тој период...првиот ми препиша антидепресив - Синекван кој не ми помогона воопшто само бев како растение и не го пиев барем не подолго од 3 дена.
Вториот психијатар кој да речеме ми помогна со разговор и медикаментозна терапија Милорад Јеремиќ ми препиша Хелекс и медитативни техники за смирување со дијагноза неуротичност од опсесивен тип (ми сметаа сати, регистарски броеви на коли и сл). Тој кошмар и како да сум го заборавил потиснал траеше скоро 2 години и се смири се до моето прво вработување некаде во почетокот на 4 година студии...вљубување и сл.
Долго време немав проблеми од овој карактер...повремени несоници кои беа минливи.
Некаде пред 4 годни (сега имам 34 години) по раскинување на посериозна врска доживеав сериозен крах проследен со губење на апетит, несоница, општа вознемиреност и анксиозност (немир, неможност да седам сам со себе, општа утрнетост и сл), тогаш за прв пат психијатар ми препиша пароксетин 10 мг и за месец дена отприлика се се среди....повторно се заљубив и се беше ок...пароксетинот го пиев пократко од 4 месеци и самостојно го оставив без последици.
Некаде пред 2 години...повторно истото се вратив од одмор и промена на работно место резултираше со повторна појава на истите чувства (анксиозност, вознемиреност, несоница)...повторно со истиот психијатар Др. Ѓорги Хаџи Ангеловски (кој и ми е пријател) ми препорача повторно да пијам Пароксетин...10 мг на ден за постепено да го накачам на 15 мг на ден. Пропратно пиев и Неолексан 100 мг 1 таблетка навечер во времетраење од 1 месец. Пароксетинот вториот пат го пиев некаде 5 месеци (месец дена по 10 мг, 3 месеци по 15 мг. и после за месец дена го намалив на 10 па на 5 мг и го прекинав)
- Мој совет, ако прекинувате Пароксетин правете го тоа постепено не наеднаш зашто телото и душата се навикнуваат и треба време да се одвикнете од него!!!!
Ова чувство поинтензивно го памтам и на почетокот од пароксетинот се осеќав грдо (грчење на вилици, тремор несоница)...симптомите на привикнување се изгубија за месец дена (може и помалце)....се вратив во нормала..се стабилизирав...се вратив назад во нормала почнав со работа по струка и тако даље....
Меѓутоа пред 2 недели (може и да се повеќе) повторно истото...започна со несоница општа вознемиреност и анксиозност.
Повторно почнав да пијам Пароксетин 10 мг (веќе 9 ден) и за сега не осеќам некои промени освен истите симтоми кои ги опишав погоре....
АНксиозноста е нешто што мене лично ми е добро познато и сметам дека се додека не се искоренат причините на вознемиреност и правилно справуање со незадоволство симптомите ќе се повторуваат...верувајте ми познато ми е бидејќи со анксиозност горе доле живеам подолго од 15 години (секако не константно)...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom