- Член од
- 25 февруари 2014
- Мислења
- 139
- Поени од реакции
- 9
Јас сум сега социјално неактивен откако почнаа да ме фаќаат некои панични напади па и сега се чудам како почнаа така наеднаш. Пред тоа излегвав нормално, одев на факултет, имаше некои денови со тој другарот мој по цел ден дома не си одевне. Јас сакам да излегвам и да се дружам и колку што можам излегвам не се затварам толку дома ама поради како да ја наречам мојата состојба, болест или што и да е потоа неможам да се опоравам во главава некое време ако ми се случи некој напад меѓу луѓе. Цело време ќе се нервирам зошто така... што велат сега тие за тоа... и едноставно ме утепува тоа едно два три дена.Ќе соберам сили пак ќе отидам некаде ама потоа пак исто. Сега имам еден другар со кој се чубствувам посигурно и можам да се опуштам и нотмално да разговарам со него ама ако има барем уште еден со нас и јас мислам дека ако се вмешам во разговор или ако нешто ме прашуваат јас ќе се стопам.Единствено нормално решение што досега сум го пронашол за нормално излегување и дружење ми е алкохолот, и тоа во поголеми количини ама јбг не е за секој денИсто така тврдиш дека си бил социјално неактивен ... па за социјална неактивност и незнам кој магичен лек може некој доктор да ти препише ... ако си тип на човек што не сака, не обожава и не ужива да е опкружен со многу народ, галама, гласна музика, гужва, ако си тип на човек што не сака кафани, кафичи, ресторанти, диска, присуства на свадби, слави, матурски, родендени, новогодишни прослави, разни музички концерти и хепенинзи, разни народни манифестации на кои присуствува многу народ и.т.н. обично сево ова оди и со невозможност за патувања, одење по одмори и сл. но има работи кои и се дел од карактерот на еден човек и едноставно не постои лек кој може да го промени тоа ... не може сите луѓе да се исти со исти афинитети, има и такви луѓе кои ќе заборават каде им се наоѓаше куќата/станот, нон-стоп се по некакви прослави, од кафана не можеш да ги извадиш, има и такви луѓе пак кои поголемиот дел од животот го поминуваат во патувања, но секој човек не може да поднесе таква професија и воопшто таков начин на живот со толку многу контакти, дружби и патувања !
Последно уредено: