Здраво, пред скоро 2 години за прв пат имав паничен напад кој ми се укоци левата рака и мислев дека имам срцев удар и дека ке умрам , одма истрчав во болница ми направија ЕХО , ЕКГ, притисокот ми бесе супер , само пулсот ми беше околу 147. После тоа секој ден ми беше се полошо и полошо , немав желба за излегување притисокот ми се качување, имав вртоглавици , нагони за повраќање, страв дека ќе умрам јас или некој мој близок. По сево ова направив 2 компјутери на глава, компјутер на бубрези, испитав тероидна жлезда, кај повеќе од 7 доктори бев за ехо на срце , па почнав матно да гледам , бев да исппитам очи . Какви не испитувања направив во кој ти не болници и све беше како што треба. И ми открија анкциозност. Почнав да пијам Хелекс и Елицеа, после некој 4 месеци све се среди и се вратив стариот јас. По пола година такво живеење почнаа истите проблеми , повторно почнав со истата терапија и повторно ми се смири. Сега по трет пат ми се случува истот , сега пијам Пренеса за притисокот само , пием Хелекс и Елицеа, хелексот го исфрлив и сега пијам само Елицеа. Елицеата ја пијам скоро 6 недели. Можам да издржам без Хелекс, но секој ден кога ке станам од спиење за на работа , после 5 минути од станувањето како да ми се здрвува цело тело , како да ме пецка цело тело , некое треперење , се дур не стигнам на работа и пота се смирува сето тоа. Дали на некој му се случува ова често , скоро 4 недели секој ден. ?