Не разбирам од каде е таа толку комплетна надеж дека фингерпринтерите ќе функционираат како што треба со оглед кој го организира спроведувањето на системот. Дали некој сака да ми каже дека ДУИ ќе дозволи во Зајас да гласаат само луѓе кои се физички таму? Впрочем и далеку понапредни системи се воведени во на гласање се воведени во други држави и дигитализацијата на гласањето секогаш се покажала дека всушност го зголемува мамењето. Посебно зошто комплетно елеминира каков било физички доказ за што се случило.
И на крајот на денот ништо од тоа не е важно зошто Државна Изборна Комисија колку што знам до сега никогаш не дала да се отворат гласачките кутии за да се споредат ливчињата со записниците кои се потпишани. ДУИ, набљудувачите на другите партии или ќе ги набркаат како и обично или ќе им пуштат неколку стотици евра и овие лагано ќе си го потпишат резултатот на изборите. Ако нема приговор од набљудувачите, ДИК ќе нема по што да постапува и нема никаква шанса да се отворат кутиите.
Се кладам дека после изборите ќе излезе дека отисокот од прст се користи само за идентификација али не и за водење на статистика на колку гласале во тоа изборно место и повторно што има во записниците ќе биде законот на крајот на денот. Повеќе среќа за 4 години.
Значи единствениот начин да се урне бандава е масивно да се излезе и да се гласа посебно во урбаните региони и Скопје. Во Аеродром, Центар, Карпош, Кисела Вода, итн ... ќе има набљудувачи и од други партии освен СДС и ДПНЕ а и измамите со купување гласови и со записници потешко се спроведуваат.
Па нека си направат они измама каде што Сарај ќе има 90% излезност за да го стават Петре за градоначалник и во најлош случај он нека си биде ете нивниот манекен трофеј зошто ќе немаат контрола ниту на една општина ниту пак на ниту еден совет.
Седењето дома или гласањето за СДС/ДПНЕ каде што има трета опција е најкатастрофалната одлука што може да се донесе во овој момент. За првпат во 30 години навистина се на колена и крварат на сите страни, се што е потребно е некој да ги подбутне и да паднат во бездната, прво едната па после и другата зошто едни без други не можат да живеат. А бројот на способни луѓе кои може ги одржуваат е симнат на минимални бројки.