- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Па ко ќе видиш 30 години македонските газди држат монопол на македонските работници и ко ќе прашаш каде сакаат сите да работат ?Глеам погоре некој пиша дека многу луѓе факултет завршиле и тоа бил проблемот. Повеќе мислам дека е проблем што и ќоро и сакато покуша да стане газда, без грам сенс за бизнис. Ако ја немаш онаа математика од погоре минимум - не малтретирај луѓе и не им го губи времето и здравјето.
Одговорот е на државно или во некоја странска фирма каде се почитува законот.
Самата беда и сиромаштија на македонците не е увезена, во најголема кривица за сиромаштијата се самите газди, газдите плаќаат бедно, а работниците или гледаат чаре (емиграција, државно, криминал) или кукаат и работат. И пошто ние сме малку на број, еве после 30 години газдите почнаа да кукаат како не можат да најдат бедни работници.