Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Остави ме сега мене, очигледно е дека е шема... Инаку имам ВСС, но не можев да најдам работа затоа што немам работно искуство во струка (освен ако не се земе во предвид периодот кога волонтирав), поминав доста интервјуа за работа, не ме примија, па решив да работам било што... И очигледно беше глупост што отидов таму. Демек дај шта даш.
Може шема да биде зошто е проста работата да е сложена нема да може. А обично не примаат некој со ВСС за таква работа...оверкволифајед често е причина за непримање на работа. Додуше можеш да лажеш дека немаш ВСС но, не сум сигурен дека не може да дознаат преку АВРМ.
Не е проблем ако сакаш понискоквалификувана работа...ама генерално праваат проблем ако имаш повеќе образование од потребното. Останува волонтирање и самоедукација.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Може има некои бенефити за ново вработени ама и таму има рок од 6 месеци да не отпушташ, мислам дека неможе тек така да вртиш вработени и да земаш субвенции.
Инаку има некои фирми што одат на шема, пробна работа итн па сакаат да добијат месец дека бесплатна работна сила. Обично тие фирми им треба неквалификувана работна сила и е многу проста работата. Генерално лошо е за фирма да менува брзо вработени, освен ако не е копање на нива и работа без вештина.
Како и да е или фирмата е лоша или ти си ниско квалификуван или не треба многу време да влезеш во шема, а најверојатно сетоа ова.
Можат, ги водат на пракса, без договор за кеш на рака, или со договор на дело, демек ај да поднаучите и ќе ве осигураме, а во реалност ќе ги држат 2-3 месеци и ќе ги отпуштат.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Може шема да биде зошто е проста работата да е сложена нема да може. А обично не примаат некој со ВСС за таква работа...оверкволифајед често е причина за непримање на работа. Додуше можеш да лажеш дека немаш ВСС но, не сум сигурен дека не може да дознаат преку АВРМ.
Се разбира дека дозна човекот што работи во човечки ресурси кога отиде да ме пријави, па уште и ме охрабри дека во фирмава можам брзо да напредувам. :)
Инаку не ме ни прашаа за квалификации кога отидов таму, сакаш да работиш бујрум - тоа е работата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Можат, ги водат на пракса, без договор за кеш на рака, или со договор на дело, демек ај да поднаучите и ќе ве осигураме, а во реалност ќе ги држат 2-3 месеци и ќе ги отпуштат.
Зборувам за владини субвениции не дали е генерално легално тоа, туку дали ќе добие фирмата субвенци.[DOUBLEPOST=1539513859][/DOUBLEPOST]
Се разбира дека дозна човекот што работи во човечки ресурси кога отиде да ме пријави, па уште и ме охрабри дека во фирмава можам брзо да напредувам. :)
Инаку не ме ни прашаа за квалификации кога отидов таму, сакаш да работиш бујрум - тоа е работата.
Може по интервју да се познае колку се компетенти и дали ќе ја бива работата. Има многу смотаници и шугави фирми во МК. Ќе пробаш неколку пати и ќе најдеш нешто.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Зборувам за владини субвениции не дали е генерално легално тоа, туку дали ќе добие фирмата субвенци.
Голем дел од фирмите не се ни замараат да ги земат тие субвенции, знам луѓе кои ги зезнаа во кол центри, ниту ги осигура ниту има намера некогаш да ги осигура, парите им ги дава кеш на рака (тој не ги ни покажува во УЈП, ги минуваат преку странски сметки, скоро сите кол центри работат со Западна Европа или САД и имаат фирми сестри таму на чии сметки ги примаат парите од соработниците), прима работници со приказната дека првите 3 месеци мора да се обучуваат, а после дека ќе ги осигура и ќе им покачи плата, им дава готови темплејти што да кажат на телефон и му рмбаат, парите им ги дава на рака или евентуално во некои случаи со договор на дело, после 3 месеци или сам ќе си заминеш или тој ќе те отпушти за банална причина. На крај оштетен е само вработениот, рмбал за без пари или за 200 евра кои му ги дале на рака, изгубил 3 месеци од животот и ќе си бара друго чаре.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Проблем е и што сите без исклучок добија право и можност да студираат на факултет, пред неколку години 90 посто од тие што завршија средно упишаа факултет.

Сега истите тие мислат дека е ова Југославија па со завршен факултет добиваш сигурно јака работа и тоа ги кочи иако самите тие појма немаат што студирале.

И е страшно колку се неписмени за луѓр со факултет, како е можно да завршиш право, царина, безбедност, туризам а да незнаеш англиски ?

Или да завршиш економски а да незнаеш да работиш како сметководител.
Знам дека нема врска ова ама по логика треба да знаеш и така со средно се работи за 10к месечно.

И потоа следува моментот со газдите кои и тие незнаат како станале газди и што им е одговорноста.
Тие одат по логиката ако некој ми дошол на најниско платеното место а работи многу значи му треба работата и што и да му правам ќе работи.

И така е, иако ти ветуваат унапредување, зголемување, обуки ако работиш и си редовен ништо не добиваш на крај затоа што одлично работиш за тој минималец што ти го дава.

Јас лично сум имал доста промени на работно место, не го завршив факултетот затоа што немав финансии да го исплатам сам и така ми остана а имам сретнато секакви газди, но кога ќе ги споредам скоро сите се исти.

Никој не поштува човек што работи, и сите се водат по таа логика ако работи олку за 12к ќе работи и повеќе затоа што му треба.

Последно работно место ми беше во голема фирма, ми ветија после 5 месеци ако сум редовен дека ќе добијам подобро работно место, земав добра плата скоро 20к со сите бенефиции, и после 10 месеци без земено боловање, без земен слободен ден неможев да си искористам одмор затоа што не можеа да најдат човек што ќе ме замени за тоа време, а за унапредување да не правиме муабет, и напуштив затоа што не сакав да заглавам цел живот на тоа место иако ќе ми зголемеа плата на 27к.

И моментално сум дома и си одам како сите, побо ќе седам дома него да му работам на некој по цел ден за 250е.

И ми се случува секој месец да ми се јавуваат од места каде претходно сум работел да ми нудат и поголема плата и подобри услови.
Пред 3 години работев за 11к а завчера ми се јави и ме побара за на работа со почетна од 17к.
Ако не успеам да најдам подобро ќе се вратам таму.

Барем во Охрид е криза за работници, сите си заминаа и буквално нема кој да работи.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Голем дел од фирмите не се ни замараат да ги земат тие субвенции, знам луѓе кои ги зезнаа во кол центри, ниту ги осигура ниту има намера некогаш да ги осигура, парите им ги дава кеш на рака (тој не ги ни покажува во УЈП, ги минуваат преку странски сметки, скоро сите кол центри работат со Западна Европа или САД и имаат фирми сестри таму на чии сметки ги примаат парите од соработниците), прима работници со приказната дека првите 3 месеци мора да се обучуваат, а после дека ќе ги осигура и ќе им покачи плата, им дава готови темплејти што да кажат на телефон и му рмбаат, парите им ги дава на рака или евентуално во некои случаи со договор на дело, после 3 месеци или сам ќе си заминеш или тој ќе те отпушти за банална причина. На крај оштетен е само вработениот, рмбал за без пари или за 200 евра кои му ги дале на рака, изгубил 3 месеци од животот и ќе си бара друго чаре.
Единствено што се губи со пари на рака е 18% придонеси од пензиско, не дека се за потценување ама не се многу. Што фајде од персоналец и здравствено? 18% кои ако си жив ќе ги добиеш за може 40 години...ако воопшто и ги добиеш.
Инаку има што прават шема привремена работа па отказ...ама можеш да прашаш и сам да си заклучиш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Единствено што се губи со пари на рака е 18% придонеси од пензиско, не дека се за потценување ама не се многу. Што фајде од персоналец и здравствено? 18% кои ако си жив ќе ги добиеш за може 40 години...ако воопшто и ги добиеш.
Инаку има што прават шема привремена работа па отказ...ама можеш да прашаш и сам да си заклучиш.
Не е работата дали добиваш и дали некогаш ќе земеш пензија, работата е што тоа треба да ти го даде, а тој го заокружува законот и не ти го дава. Наместо да го избегне законот и да му останат во џеб, нека ми ја даде брутото во кеш, ете пример на таа плата од 15 000 ки тој треба да плати уште грубо 6500 денари придонеси и данок, а тој ти дава кеш 15 000 на рака, не баце, ќе ми дадеш барем 19 000 на рака ако веќе ја блефираме државата ќе ја блефираме заедно двајцата , ти си во плус скоро 2000ки и јас уште 4к што требало да ми бидат за пензија и здравствено.
Од тие таквите што избегнуваат да ти платат тебе нема да се слеваат пари и во буџетот и на крај имаш колапс како што имаме тука.
 
Нормално ако ти дава во кеш треба да е повисока од Нето на сметка. Значи со кеш губиш ти ама ако губиш треба да ти даде барем дел од разликата. Нема голема филозофија тука. Јас прифаќам кеш само +20% минимум.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Зборував за здравствено осигурување, мислам дека веќе 3-4 години немораш да се пријавуваш редовно во АВРМ за здравстевно, види на сајт на АВРМ. Остатокот од коментарот ти е неразбирлив и не знам што сакаш да кажеш.
да одиш таму секои 6 месеци или секој месец за да си активен, не е лесно вака на форум да се опише.. Пракса треба во чекање работа и пријавување како невработен. Не е само "некои бенефиции". Ако бараш негде да работиш, а не си евидентиран ти е исто како да ти кажат за 1 недела треба да леташ за Хамбург, а да немаш извадено пасош. не знам сега дали сфати
Таа евиденција не е џабе смислена во нормални земји, само што кај нас се зоупотребуваше во други цели.
немораш да се пријавуваш редовно во АВРМ за здравстевно
колку што гледам зависи од приходите.
Единствено што се губи со пари на рака е 18% придонеси од пензиско, не дека се за потценување ама не се многу.
Инаку има што прават шема привремена работа па отказ...ама можеш да прашаш и сам да си заклучиш.
Порано, со коефициент на најдобрите 10 години, луѓето земаа нормални пензии. Сега ги сметаат сите години. Колку помалку години, помал е коефициентот. Тој што работел неполн стаж, ќе земе можеби половина до 2/3 од оние првите.И кога ќе пресметаш дека треба да му помогнеш на дете затоа што или работи за 200 евра или не работи, ќе нема ни за леб. Да не се заебаваме, платите се премногу мизерни за уште да те пријавуваат на 2/3.
Башка, само вакви Конго држави збориме дека е поволно макар да се даде и на рака.

За здравственото исто важи. Кој ќе го плаќа ако не вработените?[DOUBLEPOST=1539517548][/DOUBLEPOST]Инаку муабетот беше на народот не му се работело :(
Постарите неретко земаат поголеми пензии неголи вработените плати :sick:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
да одиш таму секои 6 месеци или секој месец за да си активен, не е лесно вака на форум да се опише.. Пракса треба во чекање работа и пријавување како невработен. Не е само "некои бенефиции". Ако бараш негде да работиш, а не си евидентиран ти е исто како да ти кажат за 1 недела треба да леташ за Хамбург, а да немаш извадено пасош. не знам сега дали сфати
Таа евиденција не е џабе смислена во нормални земји, само што кај нас се зоупотребуваше во други цели.
колку што гледам зависи од приходите.
Порано, со коефициент на најдобрите 10 години, луѓето земаа нормални пензии. Сега ги сметаат сите години. Колку помалку години, помал е коефициентот. Тој што работел неполн стаж, ќе земе можеби половина до 2/3 од оние првите.И кога ќе пресметаш дека треба да му помогнеш на дете затоа што или работи за 200 евра или не работи, ќе нема ни за леб. Да не се заебаваме, платите се премногу мизерни за уште да те пријавуваат на 2/3.
Башка, само вакви Конго држави збориме дека е поволно макар да се даде и на рака.

За здравственото исто важи. Кој ќе го плаќа ако не вработените?[DOUBLEPOST=1539517548][/DOUBLEPOST]Инаку муабетот беше на народот не му се работело :(
Постарите неретко земаат поголеми пензии неголи вработените плати :sick:
Незнам што е толку филозофија да се пријавуваш една месечно или еднаш на два месеци, нема чинот да ти падне. А за пензиско можеш сам да си собираш, здравстено ти е исто дали си платил 1000 или 100.000 денари, персоналец исто.
Ако сакаш пензиско има трет столб има осигурителни компани, сам фонд да си правиш или да уплаќаш 15 години и последните 2 години да си напумпаш плата и да земеш добра пензија од ПИОМ. А и згора на да речам 30 години возраст, кој ти гарантира дека исто ќе биде со исплата од ПИОМ и дали воопшто ќе има.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.337
Поени од реакции
3.306
Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?
Време: 15:47

Датум: октомври 12, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

FacebookTwitterGoogle1EmailGoogle

Македонија бара чистачи, чувари и продавачи. Ова се убедливо најпопуларните занимања ако се суди според огласите… Голем дел од невработените никогаш не би се нафатиле да работат нешто вакво. Пазарот на труд има сериозни проблеми – поради слабите квалификации на луѓето, но и поради нивниот менталитет.

Нема кој да чисти, да чува, да продава…

Според Агенцијата за вработување (АВРМ) во моментов пазарот на труд има потреба од 1.294 хигиеничари, 671 продавач, 624 обезбедувачи, 511 чувари. Работа има и за 488 келнери, 404, шивачи, 281 таксист, 251 општ работник, 211 касиери. Основите занимања се дефинитивно најбарани.

Гледано по дејности најмногу слободни позиции има во трговијата (2.813), преработувачката индустрија (1.878), административни и услужни дејности (1.308), угостителство (898), транспорт (646).

Во моментов се бараат вкупно 9.242 работници. Најголем дел во Скопје (6.381), потоа во Битола (502), Тетово (490), Виница (324), Прилеп (203)…

„Подобро социјална помош од минимална плата“

Нема веќе „џабе работи, џабе не седи“. Голем дел од Македонците, особено оние со послаби или без квалификации, бараат работа ама не сакаат да ја најдат.

Ова го потврди и Светската Банка во најновата анализа. Нивните економисти предупредуваат дека висината на социјалната помош ги дестимулира невработените.

„Добро е што Владата ги зголеми трансферите до најранливата категорија граѓани, но клучно во реформата е тие да се вклучат на пазарот на труд, а не да останат долго корисници на државни пари… За сегашните корисници на социјална помош да се мотивираат да бараат работа, клучно е и дали државата може да им обезбеди бројни услуги како на пример згрижување на децата и постарите членови на семејството за кои тие имаат одговорност“ наведуваат од Светската Банка.

„Тато носи, мама меси, детето лежи“

Ако ранливите категории се потпираат на социјалната помош, младите остануваат зависни од родителите. Процените на Меѓународната организација на трудот велат дека со 50.1% младинска невработеност, Македонија била на трето место во светот по невработени млади во 2017-та. На листата ја објави Светската Банка со поголема невработеност се само Јужна Африка со стапка од 54.2% и Босна и Херцеговина со 67.5%.

Проблемот е пред се во менталитетот. По традиција децата кај нас се научени се да добијат на тацна.

„Во развиените земји, особено во Соединетите Држави и Канада, децата уште од мали се учат да го ценат трудот. Од 16 години работат со скратено време во сендвичари, продавници, што било. Така и учат колку е тешко да се заработат пари, така и сфаќаат дека мора да инвестираат во себе и во своето образование. Кај нас е обратно – тато носи, мама меси, детето лежи. Е тоа кај мене го нема“ објаснува Михаил од Скопје кој дома има двајца студенти за кои со гордост кажува дека освен што имаат одличен просек имаат и хонорарни ангажмани – едниот како преведувач, другиот како келнер.

Сепак, ова е редок пример во Македонија. Научени да чекаат на родителите младите се убедени дека е навредливо да се работи за 10 или 12 па дури и 15 илјади денари не сфаќајќи дека од некаде сепак мора да се почне.

29 годишната Татјана Поповска која нема ниту еден ден работен стаж вели дека никогаш не би прифатила работа која не и е по струка или која е за мизерни пари.

„Дипломирав на Економски факултет со просек од над 9 и единствената понуда која ја добив беше да работам на шалтер во Банка за 15 илјади денари. Тоа е премногу голема одговорност и понижување за моите квалификации. Јас завршив банкарски менаџмент а не шалтерско работење“, вели Поповска.

Борис Ѓураковски, пак, е ветеринар. Дипломирал пред 7 години, две години одел на пракса во една од скопските ординации но кога му понудиле да го задржат за 15 илјади денари одбил. Сега и тој седи дома и чека од мама и тато.

„Јас сум доктор по ветеринарна медицина, на Запад би земал илјадници евра плата а овде ми нудат само 250 евра, па толку ќе трошам за храна и превоз да одам до ординацијата во Волково“, вели тој.

Македонија слабо вложува во младите

Македонија слабо вложува во младите, заклучува и Светската банка. Во најновиот индекс на човечкиот капитал земјава е оценета со 53 на скала од 0 до 100. За девојчињата оценката 55 а за момчињата 52.

Ова значи дека дете родено денес кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво.

Индексот на човечкиот капитал на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и групата на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11.2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6.8 години што значи дека има јаз во учењето од 4.4 години.

К. Н.
https://denar.mk/190579/ekonomija/analiza-tato-nosi-mama-mesi-deteto-lezi-zosto-mladite-begaat-od-rabotata
Ne e voopsto fakticka statijava i ne dava nikakvi brojki kako potkrepa. Za site 50 dusi sto visat po celi denovi vo broz ili debar maalo vinil radio itn ima 50.000 mladi sto argatat po supermarketi, mestat polici so proizvodi, raznesuvaat stvari, dostavuvaci, konobari, cistaci.
Statijata (i temata) gi smetam povekje kako click bait. Kako prazna kofa vo koja moze sekoj da pomine i da se izmoca so svoeto ograniceno mislenje.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Не се губи здравствено ако те избришат од агенција за вработување. Барем така ми има кажано еден од тие вработените пред некоја година, сега не знам дали имаат нешто сменето. Али ако те избришат, си чекаш година за пак да те впишат, во меѓувреме ако најдеш работа нема да те пријават. Активно се пријавуваш секој месец, пасивно на шест.
Никад нема да ти најдат работа, никад нема да сработат тие луѓе во живот нешто. Кога и да одев, немаше никој, одиш, ти маваат печат и си заминуваш, а пет вработени се во две канцеларии. Ако ги прашаш, им фалат говорни способности за да ти објаснат да укапираш што зборат. Секој ден скоро ако се рашеташ низ град можеш да ги видиш низ улици како си завршуваат други работи, во 12, во 13 саат, живела државна работа.
Најјак изговор е дека немаат нет за да сработат нешто.

Не е темата за тоа, али иам посебно место во срцево за сите вработени таму.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Благодарејќи на интернетот, секоја џукела магично се претвори во новинар, како на пример авторот на статијава и доби можност да својот антиталент, неукост и морбидна глупавост ја пласира помеѓу милиони луѓе.
И после на такви статии коментираат лица како валволине, што ја заокружува трагедијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom