Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
многу нешто е сменето од порано. Значи осигурувањето, кој ќе го плаќа зависи од приходите во семејството. Тоа е пак лошо, приходите тешко дека се под 5000 денари месечно, значи пак мора сам да плаќаш здравствено. Затоа изгледа, заебано е да не се пријавуваш.[DOUBLEPOST=1539645414][/DOUBLEPOST]ова слично го сподели еден познајник, небитно слична фирма, како (дел од) такви преодлично платени вработени по извесен период почнуваат да се глупираат, без разлика и на платата и условите. Човечка особина
Човеку, ако те пријави работодавец и имаш приход над наредната година сам си плаќаш здравствено. Без разлика пријавен не пријавен во агенција за вработување.
Никакви бенефити немаш ако се пријавиш, освен да те има во евиденција на невработени.
 
Не зборам ако те пријави работодавец. Зборам ако не си вработен. Ако не се пријавуваш, те избришат од евиденција, како ќе си осигуран бесплатно здравствено, а приходите (под приходи се подразбира приходите дома, не твои, ако точно го читам ова) се поголеми од 15000 месечно?
Реков, многу нешта се сменети со здравственото од порано па ова ми е малку нејасно и сомнително.
 
Иди прочитај го законот за социјално и здравствено осигурување.
 
Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?
kafici3335.jpeg

Македонија бара чистачи, чувари и продавачи. Ова се убедливо најпопуларните занимања ако се суди според огласите… Голем дел од невработените никогаш не би се нафатиле да работат нешто вакво. Пазарот на труд има сериозни проблеми – поради слабите квалификации на луѓето, но и поради нивниот менталитет.

Нема кој да чисти, да чува, да продава…

Според Агенцијата за вработување (АВРМ) во моментов пазарот на труд има потреба од 1.294 хигиеничари, 671 продавач, 624 обезбедувачи, 511 чувари. Работа има и за 488 келнери, 404, шивачи, 281 таксист, 251 општ работник, 211 касиери. Основите занимања се дефинитивно најбарани.

Гледано по дејности најмногу слободни позиции има во трговијата (2.813), преработувачката индустрија (1.878), административни и услужни дејности (1.308), угостителство (898), транспорт (646).

Во моментов се бараат вкупно 9.242 работници. Најголем дел во Скопје (6.381), потоа во Битола (502), Тетово (490), Виница (324), Прилеп (203)…

„Подобро социјална помош од минимална плата“

Нема веќе „џабе работи, џабе не седи“. Голем дел од Македонците, особено оние со послаби или без квалификации, бараат работа ама не сакаат да ја најдат.

Ова го потврди и Светската Банка во најновата анализа. Нивните економисти предупредуваат дека висината на социјалната помош ги дестимулира невработените.

„Добро е што Владата ги зголеми трансферите до најранливата категорија граѓани, но клучно во реформата е тие да се вклучат на пазарот на труд, а не да останат долго корисници на државни пари… За сегашните корисници на социјална помош да се мотивираат да бараат работа, клучно е и дали државата може да им обезбеди бројни услуги како на пример згрижување на децата и постарите членови на семејството за кои тие имаат одговорност“ наведуваат од Светската Банка.

„Тато носи, мама меси, детето лежи“

Ако ранливите категории се потпираат на социјалната помош, младите остануваат зависни од родителите. Процените на Меѓународната организација на трудот велат дека со 50.1% младинска невработеност, Македонија била на трето место во светот по невработени млади во 2017-та. На листата ја објави Светската Банка со поголема невработеност се само Јужна Африка со стапка од 54.2% и Босна и Херцеговина со 67.5%.

Проблемот е пред се во менталитетот. По традиција децата кај нас се научени се да добијат на тацна.

„Во развиените земји, особено во Соединетите Држави и Канада, децата уште од мали се учат да го ценат трудот. Од 16 години работат со скратено време во сендвичари, продавници, што било. Така и учат колку е тешко да се заработат пари, така и сфаќаат дека мора да инвестираат во себе и во своето образование. Кај нас е обратно – тато носи, мама меси, детето лежи. Е тоа кај мене го нема“ објаснува Михаил од Скопје кој дома има двајца студенти за кои со гордост кажува дека освен што имаат одличен просек имаат и хонорарни ангажмани – едниот како преведувач, другиот како келнер.

Сепак, ова е редок пример во Македонија. Научени да чекаат на родителите младите се убедени дека е навредливо да се работи за 10 или 12 па дури и 15 илјади денари не сфаќајќи дека од некаде сепак мора да се почне.

29 годишната Татјана Поповска која нема ниту еден ден работен стаж вели дека никогаш не би прифатила работа која не и е по струка или која е за мизерни пари.

„Дипломирав на Економски факултет со просек од над 9 и единствената понуда која ја добив беше да работам на шалтер во Банка за 15 илјади денари. Тоа е премногу голема одговорност и понижување за моите квалификации. Јас завршив банкарски менаџмент а не шалтерско работење“, вели Поповска.

Борис Ѓураковски, пак, е ветеринар. Дипломирал пред 7 години, две години одел на пракса во една од скопските ординации но кога му понудиле да го задржат за 15 илјади денари одбил. Сега и тој седи дома и чека од мама и тато.

„Јас сум доктор по ветеринарна медицина, на Запад би земал илјадници евра плата а овде ми нудат само 250 евра, па толку ќе трошам за храна и превоз да одам до ординацијата во Волково“, вели тој.

Македонија слабо вложува во младите

Македонија слабо вложува во младите, заклучува и Светската банка. Во најновиот индекс на човечкиот капитал земјава е оценета со 53 на скала од 0 до 100. За девојчињата оценката 55 а за момчињата 52.

Ова значи дека дете родено денес кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво.

Индексот на човечкиот капитал на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и групата на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11.2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6.8 години што значи дека има јаз во учењето од 4.4 години.

К. Н.
https://denar.mk/190579/ekonomija/a...-deteto-lezi-zosto-mladite-begaat-od-rabotata

Абе ако СИТЕ овие од сликата се вработат треба да ЗАТВОРАТ кафеаните, кафиќите, дискотеките...:confused:
Дури тогаш ќе се зголеми криминалот, дилање на дрога и слично
 
Берик е у право.
Некој да работи за 1000 евра месечно, 12 саата дневно, секој ден, работа што не ја сака, со милион стресови и ред други срања, за да дојде дома, да му остане време да се исере и да отспите воопшто, па следниот ден истата прича, не се исплати.
Сто пути боље е да работиш за дупло помалце пари, 6 саата дневно и работа што ја сакаш. Сумата на парите е круцијална до цената потребна за нормален и пристоен живот.

За све над таа минималка, сумата на парите не треба да биде главниот приоритет за тоа која работа е најдобра. Туку платата во однос на здравствените ризици, стрес, задоволство и време да се трошат парите што ќе се заработат.
во мк не е доволно 1000евра за тој "нормален ем пристоен жиот".
 
Ни така ни така не бива. Имаш пари, полн со стресови а немаш време за трошење, имаш време, релаксиран, а немаш пари. [emoji16]

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Ни така ни така не бива. Имаш пари, полн со стресови а немаш време за трошење, имаш време, релаксиран, а немаш пари. [emoji16]

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk

Ти изгледа чудни милионери знаеш, штом збориш дека имаат стресови :D . Додека да го направиш првиот милионер е стресно, после си :свиркам:
 
Ни така ни така не бива. Имаш пари, полн со стресови а немаш време за трошење, имаш време, релаксиран, а немаш пари. [emoji16]
Ради тоа теков до сумата потребна за пристоен живот, парите се битни. После не се само парите битни, туку и нивниот сооднос со тоа што го наведов.
во мк не е доволно 1000евра за тој "нормален ем пристоен жиот".
1000 евра се повише од доволно. Само не се исплати таа плата ако треба да трпиш стресови, аргатиш ко стока 12 саата, не го сакаш тоа што го работиш и немаш време за да уживаш у парите.
 
Темата е за младите како не сакале да работат сешто за да заработат.. тука и родителите се криви, уште од мали нозе им го перат мозокот на децата колку се тие посебни и специјални, им го хранат егото, и после ко ќе пораснат истите тие деца се замислуваат дека светот нешто им должи, па не е ова веќе Југославија да дојдат да ти тропнат на врата од дома да те викнат на работа, да ти дадат фотеља итн итн.. чуден е овој македонски менталитет.. на запад се гордеат ако имаат многу работа, ако изработиле голем обем на задачи, а тука се радуваат ако безделничат “леле леле добро е, ништо нема да работам денес” а, и дури и оние основците што немаат никаква друга обврска освен да учат, ги задеваат децата што се трудат, што учат многу, биле “бубалици”.. системот на “bullying” започнува од предшколска возраст.. инаку од коментариве што ги прочитав, изгледа постои мешање на термините хоби и работа, хоби е да правиш тоа што го сакаш, досега не сум сретнала некој да има хоби а да нема афинитет спрема истото, а работа колку и да ја сакаш, еден ден ќе се сретнеш со проблеми, или јас ги викам “предизвици”, и што тогаш, ќе дадеш отказ, зашто во тој момент не си ја сакаш работата или што, не можеш све да контролираш, и нема работа во која 100% има само пријатни ствари, во тој случај би станувало збор за хоби а не за работа.. дури и ако твоето хоби ти стане работа, веќе почнуваш да добиваш обврски од кои некои нема да ти се допаѓаат, добиваш распоред на работа, воведуваш дисциплина, а дисциплината не е секогаш пријатна, ама е неопходна... значи не можеш све да контролираш и не можеш да бидеш под стаклено звоно цел живот, живееме у капитализам.. П.С. Ова што го кажував во второ лице еднина не се однесува на никого посебно, пробав само у кратки црти да се изразам што мислам за ситуацијава...
 
Провлемот е дефинитивно многу подлабок од една многудецениска(може и вековна) изрека "тато носи, мама лионел меси".
Јас баш би рекол дека поголем проблем се ванаби претприемачите и транзициските профитерчиња. Кај нас сеуште владее она робовладетелското, вработените да се гледаат како вработена стока, а не како ресурс и живи битија кои колку подобро ги "одржаваш" толку поубаво и поздраво ќе зреат заедно со твојот бизнис.
Ќе речам, среќа странскиве (пред се i.t) фирми го кренаа малце нивото во нашиот заостанат корпоративен свет.
Претходно чинам у дк коментирав на слична тема. Неможеш бе друже да очекуваш интерес ако даваш хардкор премалце пари, а притоа да бараш некој што има барем 2 години искуство на таква позиција што може секој свежо дипломиран за максимум 1 месец да ја научи. Едноставно не иде ова. Демек дечко немаш работно искуство не си релевантен, а работата е нешто што и најголемо теле да стаиш ако се замара ќе ја научи за месец, еве месец и пол нека е. Многу фирми мислат дека се нешто екстремно посебни и дека тоа што го работат е rocket science. Епа, не е. Што побрзо се соочат со тоа, подобро ќе биде за нив.
Во државава може нашиве факултети не се најдобрите у свет (далеку од тоа), ама генерално имаме некои солидни компјутерски вештини (од типот ворд, ексел и тн и тн - не зборам за јава, аутокад или ц+). Покрај тоа, имаме солидни јазични познавања. И кога ќе видиш дека некој бара такви нереални услови ти доаѓа да се фрлиш од тераса.
Многу дипломирани луѓе бегаат на страна и работат да речам "долни" работи баш поради тоа што не успеале да ја добијат таа "прва шанса" или еве покажале иницијатива 3 месеци на пракса со 4000 денари месечно, ама сватиле дека биле искористени и од тоа влечат огромно незадоволство и го гледаат патот надвор. А реално праксата буквално ништо не значи овде, ако немаш официјално работно искуство - џабе ти е.

Кога веќе си вработен, има милиооооооон причини зашто веќе вработените нови млади лица си идат од тоа работно место. Непокачување на плата е може најбитен сегмент, ама има и многуу други услови.
Неможеш ти транзициски профитеру да ги потценуваш младите со тие глупи сфаќања "ти од вчера си, а ја сум 20 години у бизнисов на мене ќе ми кажуваш" у време кога една година во деловниот свет е огромен период и нештата скоро секојдневно се менуваат. Ова е еден вид на забегани газди/менаџери или што и да е.
Повисоко ниво се оние менаџери или газди, кои ќе ја препознаат твојата идеја, самоиницијативност и да речам "иновативност" и притоа ќе го земат целиот целиот кредит за истото, што до некаде е нормално, ама во нашава држава ваквиве "иницијативи" целосно се узурпираат. Од тој момент, џабе ти е, веќе немаш мотивација за напредок после таков инцидент, пошто идејата некој ти ја присвоил, некој ја зграбил и ја припитомил као свое достигнување. Џабе после тоа, касно е. Зголеми му ја платата, од него иницијатива веќе нема да видиш - пошто веќе еднаш си го погазил целосно и тотално со твојата злоба.

Многу работи влијаат на работата денеска - колеги, работна атмосфера, организираност на работа и тн. Потребна е поширока анализа, а не вакви кликбејт самопрогласени "анализи" базирани на изреки што биле актуелни у 73та.

Многу битна работа е следново : Не е битно каков си уствари, туку како каков ќе се претставиш. не е битно како ќе сработиш нешто, туку како ќе го прикажеш.
 
Многу добра поента, навистина.
 
Има огласи каде што фирми бараат програмер за 15,000 денари плата, машински инженер 12,000 денари плата. Трагедија :(
 
Има огласи каде што фирми бараат програмер за 15,000 денари плата, машински инженер 12,000 денари плата. Трагедија :(
Ако мислиш на огласите на АВРМ тие се знае зошто се ставени таму и дека таа бројка не е точна. На сите огласи иста плата, 12.000 и 15.000 ден.
Веруваш дека постои фирма која на програмер му дава толкава плата?
 
Колега од финки, прво работно место, 250eur плата.
Малку се, ама ги има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom