Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Сеа и работите што ги работиме треба да ти ги удоволиме :D ? Ќе работат и како монтери младите ако се плаќаше, ама газдиве тука се многу паметни па си куцкаат децата.
Го забележувам ликот со години на форум, ништо лично према него ама ми делува дека е без високо образование и поради тоа има неоснован хејт кон сите што имаат канцелариска работа, без разлика дали ги бива и сакаат да си ја уновчат дипломата или фаќаат простор како во државно.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Па тоа зборам, не го третирај работникот како ѓубре, не го чисти подот со него, дај му плата со која ќе може и да тргне нешто настрана и тогаш ако немаш кој, бујрум збори. Не може фирмава да калеми пари, директорот да доаѓа со Мерцедес а вработените со Југо. Јасно е да има слоевити примања ама не со деградирачки јаз.

Ќе го спомнам и односот, за пример во Сити Мол ќе ги спомнам овие што се обезбедување, чинам OSA се. Закасни дечково 2 минути, зела му вика таа пред сите, парче го прави а земаат минималец. Значи и да треба да го прекориш, можеш да го направиш тоа без селско урлање и без сите да те слушаат. Еве јас посведочив на тоа, посведочија уште дваесетина, ќе кажат на сите што ги знаат и после аш, нема работници :) :) епа ќе нема, кај не даваш уште и селската ја правиш. Ете пиша, од око му била и ти после сакаш со аргументи да дискутирате.
Тоа е иронијата во Македонија, за помала плата поише стресови и одговорности ќе ти начукаат. Јас во една фирма кај што бев, теренска работа а идеш да работиш со фармерки од дома. Газдата хотели гради али нема пари за опрема за работниците. И после се жали низ фирма дека немал квалитетни работници, нормално квалитетен нема да ти работи у тие услови. Само у нормална држава се знае како е, не исполнуваш стандарди затварај му фирма и ај чао нека биде газда по дома.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Нема редици целата процедура трае ни 5 минути. Ако си невработен и немаш саат сосе возење во бус време во месецот да одвоиш, не си невработен :pos:
Не е тоа работата. Ете мене ми одземаше пола саат сосе враќање дома.
Проблемот е кога веќе одам и се клањам секој месец, зашто тоа да е само за хартија и колку да кажат дека тие денес мавнале десет печати? Ќе те замараат за некакви си измислени обуки, за некакви си курсеви по јазици од основно ниво, работа бар мене не ми понудиле за тоа време што се акав да им рушам просек на невработеност. Што е поентата од тоа, тоа прашувам. Ете и со фондот нема ебана врска, зашто уопште да одат луѓе секој месец таму? За ебана статистика само и да им попрајш муабет денес за да не им е досаден животот дур они земаат 25к+ за никаква работа? Иритира бе човек.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мислам дека новинаров е толку глуп што не ги разбира податоците што ги напишал. Фалеле работници, ај баш да видам кој фирми бараат вработени. Фалат аргати,чувари,чистачи зашто младиве се опаметуваат и никој нејке на негов грб македонски газда милион да праи. Што не фали инженер во Мепсо или Елем, туку фалат во Хај Тек во орешани кај што е 200 евра плата во 3 смени.
Знаеш шо е проблемот? - Шо не праи милиони. Човек што го плаќаш 15 000, сосе придонеси годишно "чини" околу 5000 евра (грубо). Да го плаќаш со минимална уплата на пензиско рачунам, околу 10к плус. Да го плаќаш 25000, како работодавец се уште 2000 евра плус, значи вкупно 7000. Оваа плата според мене е некој изржлив минимум за живуркање во Скопје.
Како и да е, еве нека грешам у математикава - пак не е муабет за никакви милиони, туку за циганлук. Ако не остваруваш вакви финансии - не заслужуеш да водиш бизнис - кратко и јасно.
Јас све на личен пример зборам. Во една фирма во која работев, стварно се намали осетно работата и без најава ми ја смалија платата за некои 40%. Очекував распад, ама и људски муабет. Работев уште три месеци приморан додека барав ново место, а п***рот од "газда" не најде за сходно да каже "работи помалку денови во неделата" или "барај си чаре".
Глеам погоре некој пиша дека многу луѓе факултет завршиле и тоа бил проблемот. Повеќе мислам дека е проблем што и ќоро и сакато покуша да стане газда, без грам сенс за бизнис. Ако ја немаш онаа математика од погоре минимум - не малтретирај луѓе и не им го губи времето и здравјето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Нема редици целата процедура трае ни 5 минути. Ако си невработен и немаш саат сосе возење во бус време во месецот да одвоиш, не си невработен :pos:
не знам зошто да се натегаме. Кога беше распадот на фирмите, 6-7 години одев да се пријавувам само што тогаш немаше потреба од месечно пријавување. Ама кога ќе отидеш, требаше да се тепаш буквално, можеби оти со другите жртви на транзицијата, шо знам. Дури и кај факултети пак имаше гужви. Па преку ред со врски...
Ти напишаа, те ги нема, те доручек те ффф...ами автобус 100 денари непотребно ами цел ден на нога висење? Ако задоцниш 1 ден, беше готово. А не гледам ниту со која цел.

На страна фактот што ради одличната евиденција на тие институции, ми имаат губено од стажот и никако да го најдеме :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не е тоа работата. Ете мене ми одземаше пола саат сосе враќање дома.
Проблемот е кога веќе одам и се клањам секој месец, зашто тоа да е само за хартија и колку да кажат дека тие денес мавнале десет печати? Ќе те замараат за некакви си измислени обуки, за некакви си курсеви по јазици од основно ниво, работа бар мене не ми понудиле за тоа време што се акав да им рушам просек на невработеност. Што е поентата од тоа, тоа прашувам. Ете и со фондот нема ебана врска, зашто уопште да одат луѓе секој месец таму? За ебана статистика само и да им попрајш муабет денес за да не им е досаден животот дур они земаат 25к+ за никаква работа? Иритира бе човек.
Ако не ти се исплати не оди...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Единствено што се губи со пари на рака е 18% придонеси од пензиско, не дека се за потценување ама не се многу. Што фајде од персоналец и здравствено? 18% кои ако си жив ќе ги добиеш за може 40 години...ако воопшто и ги добиеш.
Инаку има што прават шема привремена работа па отказ...ама можеш да прашаш и сам да си заклучиш.
Како бе не било битно пензиско и здравствно!?Мислам ова озбилно или само тролаш?
 
M

Macedon1um

Гостин
Јас не сум од Скопје туку од помал град во државава, и сум од оваа помлада генерација па ако земам груба анализа да направам ваква би била состојбата
1/3 од оние со кои бев во средно веќе се надвор од државата, слична е ситуацијата е и со колегите од факултет

Од оние 2/3 што се сеуште тука 40% работат буквално за некои ситни пари 200-250 евра во инвестициите на грујо, приватни мали фирми, кладилници итн
30% би отпаднале на оние што повремено одат во странство да работат нешто (шофери, брод, мекдоналси и сл) али рачунајте и овие ако имаат шанса за парментно да останат таму - ќе останат. Трета група би ги ставил оние 20% што зимаат нешто поголема плата најчесто со високо образование или имаат фамилијарен бизнис па не им е фрка да одат да работат кај друг или пак да заминуваат во странство. Значи оние што појма немаат што прават со животот (нит работат ниту студираат) не се ни 10%

„Газдите“ што експлотираат работници за 200 евра нека се крстат во постарите генерации кои не знаат јазик и се поскромни во однос на животните барања, исто така и во тоа никогаш да не влеземе во Европска унија или Германија и сл да олеснат процедури за работни визи инаку одма ќе треба да стават клуч на бизнисите..
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
не знам зошто да се инаетиме. Кога беше распадот на фирмите, 6-7 години одев да се пријавувам само што тогаш немаше потреба од месечно пријавување. Ама кога ќе отидеш, требаше да се тепаш буквално, можеби оти со другите жртви на транзицијата, шо знам. Дури и кај факултети пак имаше гужви. Па преку ред со врски...
Ти напишаа, те ги нема, те доручек те ффф...ами автобус 100 денари непотребно ами цел ден на нога висење? Ако задоцниш 1 ден, беше готово. А не гледам ниту со која цел.

На страна фактот што ради одличната евиденција на тие институции, ми имаат губено од стажот и никако да го најдеме :ROFLMAO:
Порано било така...веќе не е 15 години.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Кај нас најголем проблем е менталитетот. На Запад си се знае, кој што и колку може тоа си учи занает и си работи. Не работат амалски работи Германците пошто си се школуваат за одредена професија што ги интересира, без да имаат факс со дуален студиум т.е. Ausbildung (повеќе пракса отколку школо, плус платено) и за сите има работа. Кај нас и шуто и рогато се е со факултетска диплома. Знам личности што пола линија код немаа напишано за време на студии а денес професори по информатика. Епа сакаат и останатите така, не се луди да 'рмбаат за 200 евра наместо да тераат политика и врски.

Државата ни е огледало на народот, и искрено за тоа каков народ сме и ова е предобро. Ние сме Уганда левел со простотилукот, непотизмот, корупцијата, алчноста. Мора да дојдат Германците или Скандинавците со камшик, едно 100 години протекторат да сме нивни и да не научат на поими како работна етика, општо добро итн. и да искоренеме се што ни е врежано во менталитетот па да мрднеме во иднина. Тие што ја имале таа среќа да се под германско пред векови денес се милиони години пред нас.
Викаш дека државата е огледало на народот,така. Е како сега скоро сите шо отишле на запад успеале,станале вредни и квалитетни работници?До кога ќе се префрла вината на народот шо сме ваква вукојебина?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Сеа и работите што ги работиме треба да ти ги удоволиме :D ? Ќе работат и како монтери младите ако се плаќаше, ама газдиве тука се многу паметни па си куцкаат децата.
Monteri, plockari, vodovodgii, vulkanizeri, avtomehanicari itn itekako se solidno plateni sprema standardot barem vo SK, pa i vo ostanatiot del na MK. Mnogu podobro plateni nego tie so klackaat fotelji. Ama treba da se RABOTI, i zatoa site begaat od ovie zanimanja. Rabotite so gi *rabotite* se dobro poznati, kogo tate go nacukal u vodovod, kogo mama u posta, kogo cicko mu u pozarnikari, vujko mu u policija itn... Da ne mislite deka sum protiv, naprotiv, potpolno ve poddrzuvam. Treba da se odbie bilokakva rabota vo stopanskiot sektor se dodeka ima ovakvi majmunluci:
https://lider.com.mk/makedonija/teroristot-aberdin-zimberi-vraboten-vo-kontrola-na-letanje-60-000-denari-drzavna-plata-za-poraneshniot-pripadnik-na-uchk/
Терористот Абердин Зимбери вработен во контрола на летање: 60.000 денари државна плата за поранешниот припадник на УЧК
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Платата е пишана во огласот, значи ја знаат пред да аплицираат.
А шо е со газдите шо бараат дел од исплатената плата назад.Или осигурување на 4 часа а љуѓето работат по 10 часа.Не змнам дали имаш разговарано со некоја робинка од текстилнине фабрики каде шо без дозвола не шефицата не можат ни на мочање да одат.Држава шо не си ги цени своите работници засекогаш ќе остани проклета вукојебина и ништо друго!
 

zabiste

Ако не ааа ако не...
Член од
8 октомври 2013
Мислења
239
Поени од реакции
699
Да споделам пример. Во фирмата каде што работам се бараше графички дизајнер, и ме ставија на позиција да правам интервју на кандидатите кои аплицираа. Немаше многу кандидати, но сепак баравме само еден дизајнер, и некаде 6 имаа аплицирано, направив интервју на сите, им пратив тест задача за дизајнирање, да се види квалитетот на секој апликант (самата фирма си го бара тоа), и три апликанти се издвоија како поискусни од кои две женски и едно машко. Платата која што се нудеше беше добра, и имаше загарантирано покачување после 3 месеци ако кандидатот се покаже како добар дизајнер. Помина прво интервју, после тоа второ, и на крај во зависност од тест задачата се бираше кој кандидат да се вработи. Првиот кандидат кој најдобро ја изработи тест задачата (беше женско), и одговорните во фирмата беа одлучени неа да ја вработат, таман да и се јавам да ја известам дека за неа се одлучивме, оппп, ми стига порака од неа каде што пишува - Се мислев за работава, и одлучив дека оваа работа не е за мене. Немам јас време тоа да го работам, си имам друга работа, и не сум заинтересирана за таков дизајн - После се ова сфатив дека како што пиша некој член пред мене, НЕКОИ ЛУЃЕ БАРААТ РАБОТА ЗА ДА НЕ ЈА НАЈДАТ, и то како е точно. А сепак сите услови кои што се нагласија во двете интервјуа, беа пишани на огласот за работа.
Откако се деси ова, му се даде шанса на вториот кандидат со најдобро изработена тест задача, за после две недели да испадне дека на таа не и одговарало работното време, и почна да си работи и да си почнува со работа како што НА НЕА И ОДГОВАРАЛО, баш со тие зборови ми го кажа тоа. И на крај сфатив дека не е само до работодавачот, во многу случаеви самиот менталитет на тие кои што бараат работа им е за никаде.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Како што ти интервјуираш 6 кандидати, така тие идат на интервју во 6 фирми. Не глеам што е нечесно тука, пазар на труд е. Условите што ги нудите не се добри за најдобриот кандидат, и ќе мора да се задоволите со некој од послабите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom