Го гледав човеков како ја тероризира НФЦ Југ со години.
За мене ова е кражба.
Ок, добро, знам, тешко е да добиеш ептен за играч што сака да си оди...
Ама ова е маестрален потег за Тенеси. Одличен е.
Не даваат ептен а добиваат баш тоа што им треба. Буквално им требаше ваков лик.
Тоа е, сега останува на нив да ги повторат партиите од претходните години, со JJ во тимот дефинитивно ќе бидат каде каде поопасни од минатите години, и отвара ептен многу опции што претходно ги немаа.
Презодоволни може да бидат фановите на Тенеси од нивната управа
Тоа е, година-две со него ќе бркаат влез во СБ со него, има уште фудбал во Џоунс секако.
Е сега...друг муабет е колку со Танехил..ама што да не.
Мене лично ми скокаат едно ниво Тенеси со ова, мислам АКО (големо ако е ова сепак) ги повторат игрите од минатата и предминатата сезона...мислам дека можат да играат конференциско финале и да се носат со Чифс...
Е сега...Чифс да се победи не е лесно..ама ова им дава поголема шанса од претходно.
Не знам, мислам со ова се #2 екипа во АФЦ сега, подобри на хартија се и од Рејвенс и од Браунс. Е сега со Бафало...тука негде се 50-50 шанса за тоа второ место..
Ама ова е тоа што им требаше за да стигнат до следното ниво и да се борат за СБ.
Ме радува што нема да го гледам во Фалконс
Се чисти полека НФЦ Југ...
Фалконс без ЈЈ? Ех, преку сила плејоф..
Сејнтс? Со Винстон? Пак, преку сила плејоф...
Пантерс? Мистерија ми се ама шо знам не би требало да можат нешто ептен..
Топ
А иначе...играчиште, first blalot HoF for sure.....иако би требало да е даунгрејд од Мети на Танехил, ама што да не, одбраната на Тенеси ебава матер, плус Кинг Хенри е тука.