Денес имав можност и лично се запознав со младиот Белов.Дечкото е навистина ОК и е доста пријатен и културен (и страшно срамежлив истовремено).Во живо ми се виде некако многу послаб од на ТВ и делуваше бледо (незнам дали од пудрата или од што).Тимот кој "работи" на/со него се група маалски баталџии кој најверојатно зеле кредит од банка со желба да му изиграваат менаџери на детето(да не збориме дека имаат страшно лош вкус и дека му ја одбраа најлошата и најнепродавана роба во целата продавница).Го прашав кога ќе има концерт со другарчињата од Академијата (ОТ секако) и ми потврди дека е закажано за 31 јануари.Инаку утре ќе има интервју со Жаре и ќе биде ексклузивен гостин во неговата емисија на А2 во недела.
Го запознав Белов. Изгледа многу помладо и поубав отколку на ТВ. Ослабен бааѓи, бела кожа (Јовица, не е од пудрата :wink
, и иако не потекнува од аристократско семејство, во себе носи некоја господска нишка, има баш достоинствено држење и однесување. Она што всушност најмногу ме изненади е тоа што е речит, убаво се изразува, капира во секунда, бистар, со еден збор... бомбона е! Она што го спомна Јовица за батките околу него, се согласувам. Тоа е брат му и некои познаници кои ја користат неговата моментална популарност да се направат важни, но во суштина, за среќа, немаат никакво влијание врз неговата професионална кариера затоа што тој е обврзан со Емоушн и ниеден потег не смее да направи без нивно одобрение.
Ќе го биде детево и јас му држам среќа!