Александар со „Ти пеам песна“ ќе се бори за учество на „Евровизија“
Александар Белов, македонскиот студент кој заврши како третопласиран во финалната емисија на реалното музичко шоу „Операција триумф“, ќе учествува на „Скопскиот фестивал“ (18 “ 21 февруари) на кој ќе се одбере изведувачот и песната за „Евровизија“. Александар ќе настапи со темата „Ти пеам песна“ на композиторот Кире Костов и на текстописецот Миодраг Врчаковски. - Мило ми е што добив шанса да се натпреварувам и да се борам за тоа својата земја да ја претставам на „Евровизија“. Ќе ми претставува големо задоволство ако во Москва бидам пејачот од Македонија “ изјави Александар. А слична судбина ги очекува и другите млади студенти од „Операција триумф“, кои по завршувањето на најголемиот регионален натпревар допрва треба да почнат со градење своја музичка кариера. Иако Аднан ја доби главната награда, продуцентската куќа „Емоушн“ има планови и за другите студенти. Паралелно со работата на првата музичка компилација, студентите моментално се подготвуваат за големиот музички чекор “ „Песна на Евровизија“, која оваа пролет ќе се одржи во Москва. Засега е донесена конечна одлука за Хрватска “ Ана Бебиќ и Игор Цукров автоматски се пласираа во финалето на „Дора“. Песната за Игор ја подготвија членот на жирито на „Операција триумф“, Тончи Хуљиќ и неговата сопруга Вјекослава, додека темата за Ана, која најверојатно ќе се вика „Мрзим споре ствари“, ја напишаа Миро Буљан и Нено Нинчевиќ. - Отсекогаш сакав да учествувам на „Дора“. Тоа ми е вистинско предизвик. Имам одлична песна и, се разбира, би сакала да одам на „Евровизија“ “ вели Ана Бебиќ. Кога станува збор за српската „Беовизија“, Горан Стаменковиќ, челниот човек на „Емоушн“, вели дека во текот на оваа недела ќе биде донесена одлука кои студенти од Србија ќе се борат за учество во „Евровизија“. - На „Беовизија“ најверојатно ќе учествуваме со две, ако не и со три песни. Планираме да овозможиме да се појават поголем дел од студентите. Се ќе зависи од песните “ објасни Стаменковиќ. Значи како српски претставници на „Евровизија“ предвид доаѓаат Ѓорѓе, Сајко, Милица, Даниел... Нина Петковиќ ?и била логичен избор за Црна Гора, но се уште не се знаат точните услови за натпреварувањето во оваа земја. Минатата година претставникот за „Евровизија“ се избираше на „Монтевизија“, но годинава постои можност стручно жири да го одбере пејачот што ќе замине во Москва. Таквата практика во Босна се користи веќе долго време, па исто така и во оваа земја е неизвесно дали победникот на „Операција триумф“, Аднан Бабајиќ ќе добие шанса да замине на „Евровизија“. Додека беше во куќата, Аднан доби информација дека е избран да ја претставува Босна на „Евровизија“. Подоцна беше објавено дека се работи за недоразбирање, иако шансите тоа да се случи и не се баш мали, со оглед на тоа што членката на босанската делегација за „Евровизија“, Исмета Дервоз, беше во жирито на „Операција триумф“.
Ostvario sam san!
Dečko specifičnog osmeha, šarmantni Aleksandar Belov iz Makedonije na neki način je obeležio nedavno završeni serijal "Operacije trijumf".
Aleksandar je iz nedelje u nedelju bio favorit publike sa najviše osvojenih glasova. On je za naš časopis pristao da sumira utiske posle tri meseca provedenih u Akademiji.
Da li si razočaran što nisi pobedio, s obzirom da si tokom celog serijala bio glavni favorit publike?
Zar stvarno mislite da ne mogu da budem zadovoljan svime što sam postigao? Celog života sam sanjao da mi se desi ovako nešto. Ostvario sam svoj san, postao sam muzička zvezda, pevao sam pred ljudima koji su uzvikivali moje ime, dobiću pesmu, ići ću na turneju... Pored svega toga potpuno je nevažno da li sam pobedio ili nisam.
Posle tri meseca provedena u Akademiji svi su te poredili sa Tošetom Proeskim, što zbog temperamenta, što zbog načina pevanja...
Toše je bio najveći umetnik sa ovih prostora i to će, bar za mene, zauvek i ostati. Što se tiče tih poređenja, mogu da kažem da mi je čast, ali takođe i veliko opterećenje. Tokom svoje karijere ću se truditi da ostavim lični pečat, jer nijedna kopija nije napravila uspeh.
Hrvatska "TV Nova" je napravila grešku u objavljivanju brojeva telefona za glasanje tako da su tvoji glasovi išli Nini Petković...
Čuo sam za to, ali se ne ljutim. Produkcija "Emotion" omogućila mi je sve ovo tako da ne bi bilo fer da reagujem na bilo kakav način. Ko radi, taj i greši. Sve sam im oprostio.
Da li ćeš se zbog karijere možda preseliti u Beograd ili ćeš ostati u Makedoniji?
Radiću sve što mi kažu (smeh)... Voleo bih da ostanem u Makedoniji.
извинете што е на српски