Го заслушав Kill ' Em All деновиве, и ме потсети на моето запознавање со Металика, уште кога бев основно и поима немав кои се тие момци, како изгледаат, текстови тогаш немаше на интернет, едноставно уживав во моќноста на гитарските рифови и силниот ритам. Ова ми е, едноставно, најдобар албум од Металика, иако никогаш исфорсиран ниту комерцијален, не многу популарен, ама мислам дека ова е метал кој не може да не те зарази.
Го има најдоброто отварање на албум, со Hit the lights, потоа следи The four horsemen, која ти ја носи апокалипсата дома и најдоброто нешто од албумот, кое за мене е врвот, Whiplash.
Ова е вистинско уживање.