The Prodigy - Experience
Се сеќавам - Experience беше првиот албум од Prodigy кој го купив. Тогаш мало крцкалче, кое штотуку загазило во пубертет, со редок брк и глас кој почнал да мутира, сиот возбуден отрчав дома со нетрпение да ја пуштам касетата купена со парите за ужина. Ја ислушав цела. Останав разочаран. Тогаш тоа време само наслушнав за Prodigy и, од тогашна временска точка незнаејќи дека ја барам Breathe која беше една од ретките песни од Продиџи кои сум ги чул, не бев свесен за големината и квалитетот на албумов. Го слушав секојдневно, по десетина пати. У меѓувреме го заборавив.
Вечерва случајно ми текна на Experience. Албумиште, нешто најдобро произведено од Продиџи. Да не го купев тогаш одамна случајно, голема е веројатноста дека немаше да имам прилика да го слушнам никогаш. И многу ќе пропуштев во животот. Вистински музички дијамант.