Албуми со самолепливи сликички

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.632
Поени од реакции
21.959
Нарачав албум со тврда корица и нешто ми каснат ама денеска не можев да издржам и отидов да купам 5 пакетчиња.
Максимално разочаран.
Група Ф играат Турција, Португалија, Чешка и "?" :facepalm:
Друга работа што ме изнервира е вметнувањето на плејоф тимови. Поглупо нешто, нема. Па ај ако не и квалификации со Сан Марино и Гибралтар.
И што кур има Грузија и Казахстан да се на исто кога едните играат на турнирот а другите не. Ама битно го има логото на Казахстан. Репрезентација која не игра. Ауууу ужас. Не очекував вакво нешто.

20240502_184020.jpg
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Дојде мај, а во Македонија се' уште го нема.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.632
Поени од реакции
21.959
Нарачав албум со тврда корица и нешто ми каснат ама денеска не можев да издржам и отидов да купам 5 пакетчиња.
Максимално разочаран.
Група Ф играат Турција, Португалија, Чешка и "?" :facepalm:
Друга работа што ме изнервира е вметнувањето на плејоф тимови. Поглупо нешто, нема. Па ај ако не и квалификации со Сан Марино и Гибралтар.
И што кур има Грузија и Казахстан да се на исто кога едните играат на турнирот а другите не. Ама битно го има логото на Казахстан. Репрезентација која не игра. Ауууу ужас. Не очекував вакво нешто.

Прегледај го приврзокот 415276

Ок, не е фер само гомна да се јаде.
Иако го нарачав пред 10 дена тек вчера ми стигна нарачката и можам да кажам дека ептен избрзано ми е претходното мислење (поточно кај разочаран и ужас) и иако уште стојам на тоа дека не требале да вклучуваат репрезентации како Казахстан, Грција и Луксембург сепак се тоа е одлично смислено и изгледа фино.
Друга работа, свака част за дизајнот и за додатни сликици како Star Player, Player to watch и Top 1, Top 2 сликици од секој тим кој е квалификуван директно. Плејоф тимовите имаат само Star Player минијатурни сликици.
Е сега, отварам, лепам, земав едно 120 пакетчиња ама дури откако залепив Украина амблемот и Роналдо капитен сфатив дека има и други бои.
Не ги разбирам уште што и како па за сега лепам само Star Player со потпис и некои виолетови светкави зашто сеуште не знам што и колку вредност имаат зелените и виолетовите и какви се други има.
Го најдов ова на интернет ама не можам да разликувам од Base и Topps Foil. Од толку пакетчиња имам неколку виолетови, една зелена...

1715085343130.png


Уште една работа за пофалба е што на средина од албумот имаш можност со дупликатите да си го направиш твојот дрим тим за еврото во 4-3-3 формација. (y)



Ќе стаам и неколку слики во спојлер за да не биде долг коментаров.



П.С. Во сликата со албумот, тоа што е од 15 еур - 15 пакетчиња, помалото има загарантирано Star Player со потпис, екстра сликица даваат. Мислам дека вреди да се купуваат од тие затоа што Star Player од секоја репрезентација се доста ретки. Особено со потпис.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.939
Поени од реакции
24.640
Не разбирам зашто сеуште го нема во Македонија.
Има некој информација некаква или да го нарачуваме од интернет?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Не разбирам зашто сеуште го нема во Македонија.
Има некој информација некаква или да го нарачуваме од интернет?
Изгледа нема заинтересираност + скап е за собирање албумот, по она што прочитав пакетчињата треба да бидат 65-70 мкд.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.939
Поени од реакции
24.640
Изгледа нема заинтересираност + скап е за собирање албумот, по она што прочитав пакетчињата треба да бидат 65-70 мкд.
Значи ниту еден албум во иднина веќе нема да има во Македонија, зашто пакетчињата ќе бидат се поскапи и поскапи за секое наредно првенство.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.632
Поени од реакции
21.959
Абе а од кај муабетиве за 65-70 денари пакетче? Нема шанса во Македонија да бидат најскапи во Европа. Може ете дека топс па 50-60 по пакетче, ама нема шанси да идат преку едно евро што е универзална цена во Европа.
Во Македонија може и да нема воопшто увозник за Топс. Се продавале ли до сега било какви сликички од оваа компанија?
И тука на Малта малку каснеа и друга компанија е увозник. Не беше истата од претходното Евро и СП.
Друго ми е малку чудно зашто еве Мај веќе и допрва почнува продажба и се тоа кога е очигледно дека албумот и сликиците се направени во 2023. Ова може да се примети кај одредени играчи кои направија трансфер во Јануари. Пример - кај Драгушин е пишано дека игра за Џенова.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.586
Поени од реакции
16.500
Не знам дали има во Македонија, сега бев во Лидл во Србија и има кеса со пакување (со неколку сликички и албум), ке ве излажам колку чинеа. А имаше и сликички се продаваат за едно евро.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Добро бе јуни дојде уште го нема. Има некој некое инфо?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.139
Поени од реакции
84.830
Добро бе јуни дојде уште го нема. Има некој некое инфо?
Има инфо. Нема да биде албумот кај нас, џабе чекаш. Ако сакаш да го собираш најдобра опција ти е да најдеш некој од друга земја да ти го земе или онлајн да го нарачаш инаку нема да дојде кај нас
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.672
Поени од реакции
5.294
Абе а од кај муабетиве за 65-70 денари пакетче? Нема шанса во Македонија да бидат најскапи во Европа. Може ете дека топс па 50-60 по пакетче, ама нема шанси да идат преку едно евро што е универзална цена во Европа.
Во Македонија може и да нема воопшто увозник за Топс. Се продавале ли до сега било какви сликички од оваа компанија?
И тука на Малта малку каснеа и друга компанија е увозник. Не беше истата од претходното Евро и СП.
Друго ми е малку чудно зашто еве Мај веќе и допрва почнува продажба и се тоа кога е очигледно дека албумот и сликиците се направени во 2023. Ова може да се примети кај одредени играчи кои направија трансфер во Јануари. Пример - кај Драгушин е пишано дека игра за Џенова.
Имаше еден албум ЛШ кај нас од Топс пред 4/5 сезони. И беше багатела. Мал број на сликички 300 макс беше мислам. И за тогаш Ок цена за пакетче.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.939
Поени од реакции
24.640
Има инфо. Нема да биде албумот кај нас, џабе чекаш. Ако сакаш да го собираш најдобра опција ти е да најдеш некој од друга земја да ти го земе или онлајн да го нарачаш инаку нема да дојде кај нас
И тоа ми падна на памет, ама нема да имам со кој да се мењам.
Го гледав оној bundle-от на албум + 100 пакетчиња, што му доаѓа некои 600 сликички меѓутоа не знам дали ќе бидат доволни.
@SK-92 колку вкупно сликички има во албумот?
Многу е безврска што дечкиве од ДИПРЕС не го носат кај нас.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.139
Поени од реакции
84.830
И тоа ми падна на памет, ама нема да имам со кој да се мењам.
Го гледав оној bundle-от на албум + 100 пакетчиња, што му доаѓа некои 600 сликички меѓутоа не знам дали ќе бидат доволни.
@SK-92 колку вкупно сликички има во албумот?
Многу е безврска што дечкиве од ДИПРЕС не го носат кај нас.
Има нашинци што купиле од Србија/Грчка и слично, ако не се лажам можно е сабота/недела во парк да има менување во парк, ама тоа ваљда некој поупатен од мене ќе ти каже, не сум 100% сигурен.

Наводно Дипрес се само за Панини, Топс имале друг дистрибутер од времето кога имале ЛШ и слично, па поради недоволен интерес немаме албум.
То е...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.632
Поени од реакции
21.959
И тоа ми падна на памет, ама нема да имам со кој да се мењам.
Го гледав оној bundle-от на албум + 100 пакетчиња, што му доаѓа некои 600 сликички меѓутоа не знам дали ќе бидат доволни.
@SK-92 колку вкупно сликички има во албумот?
Многу е безврска што дечкиве од ДИПРЕС не го носат кај нас.
Има 728, според гугл. По 6 идат во пакетче од која една загарантирано е светкава.
Мене ми останаа уште 30+ од кои повеќето се Star Players.
Мој совет е да ги купиш тие пакетите по 15 еур во кои има 15 пакетчиња и загарантирана дополнителна сликичка - Star players.
Ја купив едно од стотка и едно такво, да ти кажам право во стотката не ми се погодија многу - Star players.
И генерално по групите тука гледам дека на сите им недостасуваат. Има луѓе ги продаваат по 6-7€ со потпис ама ми кажа еден со кој се мењав дека ги купил сите од ebay за 50€. Сите со потпис. Со оглед на тоа колку се ретки ми делува дека и не е толку скапо.

Еве како изгледаат тие од по 15€

Screenshot_20240529_225750_Chrome.jpg
Screenshot_20240529_225802_Chrome.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom