Албуми со самолепливи сликички

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Има ли некој купено албум од Србија, која е цената за албумот, која е за пакетчињата?
 
O

ob1

Гостин
Има ли некој купено албум од Србија, која е цената за албумот, која е за пакетчињата?
И дали имаа некоја официјална веб страна за нарачување како што е нашата slikicki.mk?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
И дали имаа некоја официјална веб страна за нарачување како што е нашата slikicki.mk?
Има...ама исто како и нашата Сликички.мк се ексклузивно во договор со Панини така да нема топс.
Чисто ако те интересира, ова е страната

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.992
Поени од реакции
8.321
Тops немаат виртуелен албум? Иако не пратам фудбал предходно чисто за занимација од Panini го собирав витуелно.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Има ли некој купено албум од Србија, која е цената за албумот, која е за пакетчињата?
Албумов е можеби најлошиот кој сум го собирал досега, со најмалце 200+ непотребни сликички. Го имаат правено аматери зашто се промашени повеќе од половина играчи, на пример кај Германија од 20 слики само 9 играчи беа дел од првенството. Од стартниот состав на Германија против Шкотска, само 3-ца играчи ги има во албумот, башка немаат ставено голман... го немаат ставено Мануел Нојер кој можеби во последниве 15 години е најдобар голман. Па ај што го нема кај нас, па уште има и специјални (златни) сликички кои речиси и да не паѓаат, само се опција за да прават профит препродавачи кои ги продаваат по 300 денари од сликичка. Ми останаа уште 19 слики (14 златни + 5 обични), пробав да ги нарачам од Германија со forwarding па ќе видиме дали ќе стигнат.
Патем, еве ви линк од комплетиран албум.


А овој ми е омилениот албум, можеби оти ми беше прв од ЕП/СП.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ова мислам го пишав во темата за Премиер лига, но не и тука

Топс ги купи и правата за Премиер лигата, па следниот албум на Панини што ќе излезе ќе биде и последен официјален албум за лигата во следните...неколку години.

Планирам да го собирам, ако има и уште некој нека пише
(ама нели, албумот ако го донесат тука исто како и последниве сезони ќе биде негде ...ноември-декември ваљда, ама да си кажам со време :D)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.960
Поени од реакции
23.836
Албумов е можеби најлошиот кој сум го собирал досега, со најмалце 200+ непотребни сликички. Го имаат правено аматери зашто се промашени повеќе од половина играчи, на пример кај Германија од 20 слики само 9 играчи беа дел од првенството. Од стартниот состав на Германија против Шкотска, само 3-ца играчи ги има во албумот, башка немаат ставено голман... го немаат ставено Мануел Нојер кој можеби во последниве 15 години е најдобар голман. Па ај што го нема кај нас, па уште има и специјални (златни) сликички кои речиси и да не паѓаат, само се опција за да прават профит препродавачи кои ги продаваат по 300 денари од сликичка. Ми останаа уште 19 слики (14 златни + 5 обични), пробав да ги нарачам од Германија со forwarding па ќе видиме дали ќе стигнат.
Патем, еве ви линк од комплетиран албум.


А овој ми е омилениот албум, можеби оти ми беше прв од ЕП/СП.

Што направи?
Ми останаа уште 26 сликички (20 златни), а добро се изнамачив за останатите.
Претходните (2020 и 2022) од Панини исто не ги завршив на време ама па не се замарав и последните 10 си ги купував од кај добавувачот. Сега, нема. Нема ни од каде да се купат а веќе е Септември.
На ластстикер имам пратено едно 100 пораки, само со еден од Хрватска разменив. По групиве во Малта споредено со претходните на Панини, тродупло помалку колекционери и тродупло повеќе идиоти кои се обидуваат да направат пари.

Инаку точно дека фалеа многу регуларни играчи. Читав некаде дека немале права за многу играчи. Од големиве нации ретко која имаше лого. Плејоф репрезентации како казахстан, грција, естонија беа апсолутно непотребни.
Многу полошо од Панини. Наредниот мислам дека нема да го собирам. Пре би платил 200 евра за некој да ми дизајнира сопствен албум отколку да се замарам пак со златни фолии, со плави, зелени.

Едино имаа интересрн дизајн на албумот и убаво искомбинирани бои зашто панини последните два беа многу обични ама целовкупно голем кец за топс.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Чекам да ми ги испратат од Topps, требаше до 29 август, вчера ми стигна порака дека ја одложуваат испораката до 10 септември.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.960
Поени од реакции
23.836
Чекам да ми ги испратат од Topps, требаше до 29 август, вчера ми стигна порака дека ја одложуваат испораката до 10 септември.
Сега дава SOLD OUT.
По која цена ги даваа златните? Иста цена како сите останати или повеќе?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Сега дава SOLD OUT.
По која цена ги даваа златните? Иста цена како сите останати или повеќе?
Не ми текнува колку беа, мислам дека беа за нешто поскапи, но не премногу. Јас имам нарачано 19 слики, со се транспорт во Германија ќе ме чинат 16.80 еур. Ама нарачани ми се на крај на јули, уште не се испорачани.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.960
Поени од реакции
23.836
1725452342156.png


Види го бе што ми кажува овој, би го шљакнал да е до мене. Завршил дедлајнот и не може да се нарачува ама имало луѓе со дупликати. Него му фалеле 11 сликички и ќе се нафател да ги бара.
Цццц, подобро да ми кажеше "еби се нема сликички" отколку да ми праи вакви филмови дека и него му фалеле уште 11.

Со Панини фино беше. Идеш кај дистрибуторот и што ти фали го купуваш за 10 центи поскапо, односно 30 центи по сликичка. Никакви проблеми.
Тој од 2020 ми фалеа две-три сликици, ги купив после 7-8 месеци. Никакви проблеми.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.992
Поени од реакции
8.321
Во Жито маркети имате акција на албумот и сликичките од FiIFA 365. Сет 5 кесички сликички 45 денари. 120 денари албумот.


Колку точно е редовна цена на еден албум со кесичка сликички? Мислам на цена откако се поскапе све.

Со години не сум ни купил албум со самолепливи сликичи. Не би го купил, фудбал не ме интересира само чисто информативно ме интересира.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom