Албанија - место за одмор

Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Минатата година бев за прв пат на одмор во Албанија. Впечатоците ми се многу позитивни и ја препорачувам секому, нема да зажалите. Според цените е далеку поефтино од Грција а исто така има многу што да се види.
Патот ме водеше преку Грција каде имаш современ автопат се до границата со Албанија.
На одење од Јанина фатив кон граничниот премин Какавиа од каде што по еден прилично живописен и предизвикувачки пат стигнав до Саранда. Овој пат не би го препорачал секому, туку само на луѓе со нерви и доста возачко искуство. Доколку ги поседувате тие работи тогаш овој пат ќе ви понуди доста живописни глетки, авантуристички спомени и адреналин. Понекоја коза или овца на патот како и долга колона на возила можат да бидат дел од вашето патување по тој пат пропратено со завои и долнини или нагорнини во зависност од насоката на патување кои попрво наликуваат на некоја рели трка.
Во Саранда беше прилично лесно да го најдам местото каде бевме сместени со помош на гугл мапс. Вила Орхидеја ја најдов преку букингс.ком и според коментарите не зажалив. Домаќините беа маж и жена во години кои беа многу гостопримливи и се погрижија нашето гостување да го направат да се чувствуваме како да сме дома. Англискиот не го знаеја, таму воглавно италијанскиот најмногу се познава но со нозе, раце како и со гугл транслејт се разбравме некако. За доручек имавме шведска маса и можевме да избереме се и сешто. Се беше многу вкусно и без забелешки. Чистотата беше беспрекорна и се беше како наведеното на букинг.ком. Местото се наоѓа близу градската плажа а наоколу има и кафе барови и ресторани од каде навечер доста често се свиреше и пееше традиционална Албанска музика од тој крај која рака на срце е многу убава и поинаква од тоа што го знаеме во Македонија. Но штом дојдеше 11 саатот се се стишуваше така да местото е добро за одмор.
Првиот ден бевме на градската плажа која додуша не е нешто посебно па затоа веќе вториот ден ја запаливме колата и решивме да ги истражуваме плажите по патот кон Ксамил. Има доста мали плажи на некои од нив има и ресторани кои не се воопшто скапи а ќе може да опитате некои од локалните специјалитети. Водата е преубава, чиста и топла. Шлагот беше во Ксамил каде плажата е најпесочна и каде на не многу оддалеченост од плажата има мали островчиња до кои може дури и да препливате или пак да достасате со помош на педалинки кои се изнајмуваат. Плажите како и живописноста на овие островчиња беа магични.
На секому би му препорачал да го посети и националниот парк и антички град Бутринт кој се наоѓа недалеку од Ксамил. Археолошкиот локалитет е многу голем и таков археолошки локалитет со таква големина нема во Македонија. Датира од хеленистичко и римско време. Во склоп на локалитетот има и музеј со голем број на експонати. А природата како и националниот парк се незаменливи.
Исто така не заборавајте да ја посетите и тврдината Лекурси која се наоѓа на една височина недалеку од Саранда и од каде може да го видете цел град и крајбрежје. Посебно е убава глетката кога сонцето заоѓа. Таму во склоп на тврдината се наоѓа и преубав ресторант каде за наша среќа тој ден кога го посетивме имаше некакви представи на традиционални ора и носии од тој крај.
Од Саранда исто така може да се качите на фериброд кој ќе ве однесе на островот Крф кој се наоѓа недалеку од Саранда.
Единствена забелешка за Саранда би рекол е ѓубрето. Може да се погрижат малку повеќе за ѓубрето за време на летниот период кога има многу гости и кантите се преполни.
Кога си одевме, го возев патот кој поминуваше покрај Кониспол и Игуменица. Овој пат е далеку полесен и подобар за возење од претходниот но исто така има и повеќе патарини.
на времето, пред 5-6 години, внукот од баџото беше со друштво на Крф, со автобус, а од таму со брод до Саранда на еднодневен излет. Не сум возел подоле од Орикум со моја кола, а имам идено со автобус на Крф.
Се разбира дека е прескапо да се вози и колата со Фери од Грција до Саранда и назад, но можеби има некој резон, ако се оди на одмор во Грција, на пример Сивота или Игуменица, по престојот таму да се остаи колата и неколку дена, без кола да се оди со фери во Саранда и после пак назад во Сивота со фери ??
Всушност комбиниран одмор е опција, посебно може прво во сезона во Саранда, а после септември во Грција, сепак појужно е...
Е сега друго прашање е, дали имаат редовни бродски линии Грција и Албанија и што цена се, бидејќи се меѓународни ?? А имам видено словенци на одмор на Крф кој од Словенија со фери дојдоа ( без коли)...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
овој хотел го гледав има поволна цена ама па плажата е крш и освен ресторани у близина и нема нешто друго


Sent from my iPhone using Tapatalk
колку што ја подобриле инфраструктурата, толку ги уништиле плажите.

целиот армиран бетон што е искршен од урнатите куќи и згради е фрлен во море, врз бетонот карпи,штиви и ете шанк во самото море

катастрофа за толку убаво море
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
503
Поени од реакции
693
Е сега друго прашање е, дали имаат редовни бродски линии Грција и Албанија и што цена се, бидејќи се меѓународни ??
Kolku sto znam linii ima, i toa so brzi brodovi i brodovi so normalni brzini. Ima i ednodnevni turi od Saranda do Krf i nazad.

Eve link pa razgledaj ceni za brodovi. Ovoj e angliski domen i cenite se vo GBP, smeni vo EUR. Ipak mislam deka ako se prasuva na lice mesto vo Saranda cenite mozda i poevtini se.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Kolku sto znam linii ima, i toa so brzi brodovi i brodovi so normalni brzini. Ima i ednodnevni turi od Saranda do Krf i nazad.

Eve link pa razgledaj ceni za brodovi. Ovoj e angliski domen i cenite se vo GBP, smeni vo EUR. Ipak mislam deka ako se prasuva na lice mesto vo Saranda cenite mozda i poevtini se.
убаво, ама не одговара за одење со своја кола, нема линија од Саранда до крајбрежно место во Грција, треба ПЛУС фери до Крф, а за кола ќе му дојде прескапо...
На времето, 1995, сакав да го намалам возењето од Кушадаси за назад, се распрашував во Измир, имаше Измир - Истанбул, не беше скапо, ама не секој ден и не ни одговараше тајминг, па возев за назад со преспивање 2 ноќи..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Од Саранда секоја ден околу пладне заминуваа два доста брзи брода до Крф...и тоа се сеќавам едниот беше плав, другиот исти таков модел-црвен. Доста брзо стигнуваа до Крф.....околу 15 минути. уште ми е во сеќавање моментот кога пливав малку подалеку од обалата, и двата брода испловија со задниот дел наназад, за да се свртат за напред, а јас во средината....искрено бев уплашен дали ме видоа или не

срвениот има ист звук како Кенеди локомотивите кај нас..

Местото на утовар и истовар...нормално е граничен прелаз и забранет за тие кои не патуваат
еве плавиот сум го фатил на апарат.....

brod.JPG
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Да....пријател од Саранда каде сум престојувал ми кажуваше дека таму од подебела гардероба имаат само кошула, а периодот кога не се капат е од почетокот на Декември до средината или крајот на Јануари
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Да....пријател од Саранда каде сум престојувал ми кажуваше дека таму од подебела гардероба имаат само кошула, а периодот кога не се капат е од почетокот на Декември до средината или крајот на Јануари
летоска кажуваше дека си одел на некој остров кај Валона ??
еве интересна вест, фатиле бик ајкула од 600кг 10 милји од островот Сазан, на длабочина 500метри..
https://press24.mk/foto-vo-albanija-ulovena-bik-ajkula-teshka-600-kilogrami
можеби ова укажува дека морето ова зима е релативно топло ??
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
летоска кажуваше дека си одел на некој остров кај Валона ??
еве интересна вест, фатиле бик ајкула од 600кг 10 милји од островот Сазан, на длабочина 500метри..
https://press24.mk/foto-vo-albanija-ulovena-bik-ajkula-teshka-600-kilogrami
можеби ова укажува дека морето ова зима е релативно топло ??
Сазан е на 22 км од брегот на Валона, иако на во живо изгледа дека е тука некаде. Е сега...10 миљи плус се 16 км, и доаѓаме некаде до 35-40 км од Валона, а тоа е скоро на средината на мореузот, и нормално е во отворено море да има ајкули

како дете(а ти тогаш возрасен) како во магла се сеќавам на инцидент во Улцињ, кога на ,,Велика плажа,, ајкула и одгриза нога на жена. дали беше 1974...75...така нешто. зачи ајкули редновно има во секое море. Нема граници и пасоши за нив
А албанците ќе се повторам...викаат дека не се капат некаде од почетокот на Декември до пред крајот на Јануари.

Значи морето е топло

ПС:за некои можеби е табу тема....но јас со ,,ѓушот,, во 2007 сериозно размислуваме таму да купиме плац за евро за квадрат....и што да не таму да ја лежам пензијата. народот е многу пријатен
ПС-2:во продавниците за риба редовно сум гледал како се продава месо од ајкули...од околу 50-80 цм должина на ајкулата.....значи ги има почесто, но само за големите улови се пишува
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Како што знам можи да се оди во Албанија со лична карта, така?

Има некој отидено со лична карта?

Да не вадам пасоши годинава, да непрам арч :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Како што знам можи да се оди во Албанија со лична карта, така?

Има некој отидено со лична карта?

Да не вадам пасоши годинава, да непрам арч :D
Да....можи со л.к.....испробано уште пред неколку години
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
82
Поени од реакции
82
Ве молам за мислења и коментари од летување во Шенгин. Какви се плажите? Дали лесно се наоѓа сместување? Каква е храната, цените? Дали мора лежалки на плажите и колави се цените? Каква е ситуацијата со коронавирусот во Шенгин? Каква е хигиената воопшто, квалитетот на водата? И од Скопје до Шенгин од каде е најубава релација за патување?
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Ве молам за информација, дали знаете во кои туристички места во албанија има вклучено јога ретрит во пансионот? За пријател прашувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom