Јас сум бил, влези првин на гугл мапа и ќе видиш кај се наоѓа, ќе видиш дека плажата е долга неколку километри, ептен широка, песокот ситен, широк ред борови (?) дрвја помеѓу плажата и улицата.Ќе ве молам повеќе информации за Спиле
А дали водата е чиста?Дали има медузи и слично?Јас сум бил, влези првин на гугл мапа и ќе видиш кај се наоѓа, ќе видиш дека плажата е долга неколку километри, ептен широка, песокот ситен, широк ред борови (?) дрвја помеѓу плажата и улицата.
Значи местото е мирно, плажа -> хотел, хотел -> плажа ... ако излезеш ноќе да шеташ, освен покрај плажа и низ една главна селска улица, нема друго.
За јадење нема многу за избор (некој 5-6 подбри ресторани, а другото мали локали), имаше еден ресторан што го држеа скопјани, имаше избор за јадење, храната ок, цените ок.
На плажа имаше чадори, јас плаќав 300 лека (140 ден), а мислам дека имаше и 400 лека (180 ден).
Голема соба, со мини кујна, купатило, клима и тв, ја плаќав 35 евра (прв ред хотел, понастрана од селото), се наоѓа и поевтино, јас отидов без резервација и петок беше напладне.
Обавезно некој апарат или средство против комарци да се носи со себе, пошто ги има многу, пред спиење правев ритуал колење комарци по ѕидови
Се на се, ок место за лежење, пошто освен плажа друго нема што да се види.
Мислам дека ова видео кога е снимано и јас бев на плажа, само овој ден имаше бранови, инаку водата беше мирна.
Водата на поглед чиста, а бактериолошки не знам, немам информација.А дали водата е чиста?Дали има медузи и слично?
последниве 3 години е се подобро.Порано беше водата иста како Во Серава .Јас одам во септември веќе неколку години.Дали бил некој сега брзо во Голем? Секое искуство е добредојдено
Па не би рекол дека има промена во цените, оти јас со девојка ми кога бевме претходната година до Ксамил, цениве што ги имаш напишано беа исти како тогаш.Moj bratučed e sega tamu...i e dosta oskapeno.
- ležalka 800, giro 200, sladoled stapče 300, pica 800 leki
и за деца е супер,има долго шеталиште нек,километри,а кај хотелите и полно занимации луна паркови.Плажата е плитка скоро и да нема длабоко над 1м.Сум одел и приватно и во хотел.Има и куќички таму во шумата Каловери ресорт,се вика тоа место.Хаха серава
Сакам да одам септември и јас со две деца мали. Дали е добро за деца, каде се сместувате, колку плаќате,од каде одите...