Мојот впечаток за Ксамил
Одевме преку Грција. Патот во Грција е преубав, автопат е и се мине бргу. Во Албанија патиштата се за нијанса полоши од нашите. Кога влегуваш во Ксамил, прво нешто што помислуваш е дали се водело војна бидејќи на страната од кај заливот има многу разурнати куќи и неасвалтирани улици. Всушност, во последните неколку години биле урнати 280 градби поради немање дозвола и не градени по урбанистички план.
Ви препорачувам таму да најдите смештај, и да е поблизу до морето отколку заливот. Делот од кај заливот се ридови и полно стрмнини.
Плажите се убави ептен и водата е убава, само што се помали. И 98% од плажите се со лежалки, така да ако сакате вие да си поставите чадор, ептен тешко ќе најдете такво место. Лежалките се во просек 1000 леќи, освен на Лори Бич-700 леќи, Кристал Бич-700 леќи. Некаде знаат да бидат и над 1000 леќи, како на пр на Бора Бора. Според мене, лежалките се најскапиот дел од одморот вп Ксамил. И секаде, ама баш секаде да барате сметка! Бидејќи на мени една цена, келнерите наплаќаат друга.
Има многу ресторани, таверни, барови, ресторани за брза храна и сл. Цените на рестораните покрај море се поскапи. Јас буквално секоја можна морска храна ја пробав - Школките и Sea Bass рибата ми се врв!
Бевме со чамец до островите. 3000 леќи е цел чамец да те однесат и си кажуваш саат за да дојдат да те земат. Лежалките се 1000 леќи на островите. Да знаете дека не се ништо посебно, впрочем најгрда плажа ми беше. Подобра варијанта е да земете педалинка, околу 8-10 евра на саат се и да отидете до таму, искапете во морето и да се вратите.
Други плажи кои се неколку км надвор од Ксамил би ви ги препорачала се Пулебарда и Паскири - препреубави се.
Се' на се', мене ми се допадна Ксамил. Не се уште дојдени до ниво на Грција, ама се ептен попријатни и поуслужливи од Грците. Сите куќи се нови, чисти и смештајот е преефтин во споредба со Грција.