- Член од
- 28 март 2013
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 4
Во Албанија бев лани и никогаш повеќе моја нога таму не стапнува! Бев во Ксамил мало местенце близу Саранда. Прво, за да стигнеш до таму треба да минуваш со кола по handmade сплав (читај по штица врз буриња). Второ, местото беше преполно од урнати дивоградби кои стојат така нерасчистени а ги има повеќе одколку изградени куќи. Трето, природни плажи малце тешко дека ќе најдеш, другите сите се вештачки од дробен камен а чувството да одиш по него е исто како по срчки. Плажички такви вештачки имаш една до друга, лежалка да фатиш нема шанси па ако сакаш отиди на плажа и во 5 сабајле а место за да постелиш крпа нема. Четврто, изборот на јадења е премногу мал, па моравме да одиме со кола секоја вечер до Саранда. Сообраќајот жив хаос не се знае кој каде тера, дупки до колена и што ли уште не.
Единствено нешто што беше добро е морето друго се е пустелија и морам да ги пофалам домаќините.. луѓето од вредни повредни, насмеани и услужливи.
И имаше едно добро место извор Blue Eye го викаат и беше феноменално за излет.