Патот е многу убав, 90% е автопат, се’ до Игуменица. Од Игуменица до Саранда е 50-60 километри по обичен пат, ама е добар, нов асфалт од албанска страна има. Е ако одиш во Ксамил ќе треба да возиш неколку километри по макадам.
Од Саранда до Валона е исто така асфалтиран, релативно нов пат, само што е наменет исклучуво за ентузијасти да го возат. Еден од најживописните патишта што сум ги возел во животот. има околу 120-130 километри, а го возев околу 4-5 саати. Просек 30-40 км/час. Целиот е кривини од 180 степени и неколку пати те качува до врв на планината, па те спушта до море долу. Како и да е, ако сте љубители на scenic drives со прекрасна глетка на Јонско море, не е лошо да го извозите барем еднаш тој пат