Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942


Дали ова значи дека на контрапротестот на гдом ќе се уништува споменикот на АСНОМ карши Собрание?
Шо да праи пустиот, мора вака јавно да се брука ако нејќе да дели соба со Љубе.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Шо да праи пустиот, мора вака јавно да се брука ако нејќе да биде цимер со Љубе.
Нека се брука колку сака со вреѓање и пцуење на СДСМ, соросиоди и такви ствари, но да го вреѓа настанот кој ја создаде модерната македонска држава со македонски народ, тоа не смее да се дозоли, само затоа што Ачковска му кажала некоја нејзина глупа интепретација на историјата.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
110
Поени од реакции
80
АСНОМ е столбот на оваа држава и на овие институции на кои и ден денес живееме.
Дали вие мислите без Македонија да се признае во времето на ФС Југославија македонскиот народ ќе се изборел за своја држава во склоп на друга држава во која нема да бил признат.
И Ченто бил во АСНОМ тоа што послем дошло до несогласувања со останатите членови на комунистичката партија на Македонија во Југославија, тоа е друга работа.Ќе била цела федерација ставена во ризик ако се приклучела на граѓанската војна во Грција.
Ние држава сме имале само 10 дена а тоа е Крушевската Република и крај.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Вакви како тебе ме вадат од такт, се воздржувам да не те извреѓам и испцујам, читнете малце историја, а не само прикаски од селската чешма. АСНОМ бил погревот на обединувањето на Македонија, плукате по столбовите на државноста.

Па Чентро, Брашнаров, Шатев се клучните дејци од АСНОМ, и они ли се гробарите?

Срам да ти е.
Немам проблем јас, второ јас колку имам читано Историја, ти толку немаш верувај ми, имам освојувано и 1 места на натрпревари по Историја, не бери гајле ти.Да не се оде премногу оф топик, истите тие што ги напиша се убиени од тој режим и таа државност која настана од АСНОМ.Чити што напишал Павел Шатев за истиот режим кој настанал по АСНОМ, па после пцуј ме со која и да пцовка сакаш, немам никаков проблем со тоа.Читањето историски учебници напишани од црвенети кмери, ќе ве држат уште во заблуда за тоа како настанала македонската држава.Исто како што тврдат дека НОБ била комунистички, а во сите западни извештаи стои дека поголеми националисти од македонските партизани, нема на овој свет.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.589
Поени од реакции
11.606
Ti Narodot svoj go narekuvas glup i nepismen a vo istovreme sam sebe se proklamiras kako edinstveniot so zdrav razum. (site se idioti samo jas sum vo pravo) Ne ide be taka druze moj. Koj si ti da odlucuvas?

I ja tebe te citam poslednite denovi samo sto ne se osudiv da ti repliciram. Nitu sakam da te vregjam za tvoje mislenje, toa e tvoj nacin da se dokazes pred drugite. Ziveam vo Germanija i sigurno sum videl mnogu povekje sloboda nego ti vo tovjot zivot. Toa sto ne sfakjas deka sborot bunker go koristam kako metafora e samo tvoj problem.

I ne se sekiraj evropa ne ni se smee. Uopste ne se interesirat za nas dali ke ne ima ili nema. Toa da ti e jasno.
па пиле врати се у Македонија штом толку е добар режимов
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.335
Поени од реакции
21.664
Јас на првото отворање на Курир видов тројца, некој циган боксер, некој каратист, и најголемиот гробар на Балканот, Наумче. Плус интелектуалнит див од Авалон, за кој мислев дека умрел, ама за жал, жив бил.
Е добро де, не биле двајца, тројца биле. Небитно.

Туку, ме потсети да отворам Курир, немав отворено од лани ова време. ЛЕГЕНДИ! :pos:
Миленко ноќна мора за соросоидите

Како од некој филм за суперхерои.
Пандов и Captain America Миленко против мрачните сили на Darth Soros.


 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
па пиле врати се у Македонија штом толку е добар режимов
Daj mi pogolema plata ke ti se vratam pile. Ne vikam deka e dobar rezimot :D Lugjeot ne sfakjat deka mozes da bides i protiv Zaev i protiv Grujo. Samo crno belo ima neli? Zaev samo go lociram kako pogolemoto zlo od dvete varijanti. A treta za zal nema.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нека ве боли , нека ви гори душата. Учете како изгледа прав Патриот,доследно, решително ,цврсто до сам крај остана на свој збор. Ова вие никогаш во животот нема да го доживеете, затоа плукате по Заев. Плукате по идниод премиер на Р.Македонија.
Мафо, последно што му треба на Македонија е уште еден Голем Водач. Преку курот од Големи Водачи, сите нека заминат во Северна Кореа.

Најдобри општества за живеење се таму каде што политичарите се анонимни. Таму каде што никој не ги глорификува нивните животи и дела. Во идеален случај политичар треба да биде компјутер, апарат кој го пресметува најдобриот пат кој води кон општо добро.

Македонците мора да се ослободат од султанскиот менталитет, каде што Големиот Водач е Божјиот пратеник на земјата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Немам проблем јас, второ јас колку имам читано Историја, ти толку немаш верувај ми, имам освојувано и 1 места на натрпревари по Историја, не бери гајле ти.Да не се оде премногу оф топик, истите тие што ги напиша се убиени од тој режим и таа државност која настана од АСНОМ.Чити што напишал Павел Шатев за истиот режим кој настанал по АСНОМ, па после пцуј ме со која и да пцовка сакаш, немам никаков проблем со тоа.Читањето историски учебници напишани од црвенети кмери, ќе ве држат уште во заблуда за тоа како настанала македонската држава.Исто како што тврдат дека НОБ била комунистички, а во сите западни извештаи стои дека поголеми националисти од македонските партизани, нема на овој свет.
И јас имама први места на наптревари по историја немај гајле, не сум историски неписмен. Ти зборуваш за периодот по АСНОМ, од 46 натаму, кога просрпските комунисти ја преземаа власта, тоа јас не го спорам, но самиот чин на АСНОМ, АВНОЈ е столбот на државноста, од каде и денес ја имаме оваа република, ни Ченто, ни Шатев не биле против тоа, разликите натсануваат подоцна. Самиот си напишал „режимот кој настанал по АСНОМ“, но самиот АСНОМ е најсветлиот македонски настан дотогаш, собир на патриоти и македонци, не на комунсти, таму имало и комунисти, левичари, стари вмровци и илинденци, како може по такво нешто да плукате, свести се малце.

Ако не беше АСНОМ, што се случеше со оваа територија знаеш ли, не гаите лажни илузии, немаше британците и американците да додјат и да не направат протекторат, се знаеше Черчил за што се грижеше, са целовитоста на грција, всушност он е најголема пречка за македонското обединување, кога ставил гаранција за границите на грција, па колку сакале македонски патриоти да тргнеле на Солун, освен колеж немало ништо друго да ги чека. Без АСНОМ ќе сме биле бугарска провинција, тоа го тврдам најодговорно имајќи предвид се што сум прочитал од тој истоирски период.

Мислиш не сакал Тито и Југославија излез на егејско море па намерно им рекле на македонците да не пробиват јужно.

А за пучот од 1946, тука кажав веќе, не спорам и се согласувам, најмакедонското, најпатриотското ткиво е одстрането за сметка на послушници, но и тие патриоти знаеа до каде може да се оди во таа геополитичка ситуација, последната шанса ни беше граѓанската војна во грција, и за жал не успеавме.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.459
Поени од реакции
16.668
Се чудите како го сакаме Заев.Како можи ваков човек да мразиш.

Доследно,цврсто,храбро од сам старт па се докрај си остана на својот став и збор.

Ова, шо нема да оди во Виена, шо бара прво повлекување на законот за аболиција на криминалците, па поништивање на криминални избори, па седне договори, нека ви стани јасно и гласно и нека биде еден од многуте начини, за да научите како се седи доследно и цврсто на својот збор., како треба да изгледа вистински ЛИДЕР И ИДЕН ПРЕМИЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Ова се забетонирани ставови, овде нема кршење и потопување.
Zaev = Jacenjuk
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.335
Поени од реакции
21.664
Нека ве боли , нека ви гори душата. Учете како изгледа прав Патриот,доследно, решително ,цврсто до сам крај остана на свој збор. Ова вие никогаш во животот нема да го доживеете, затоа плукате по Заев. Плукате по идниод премиер на Р.Македонија.
Идниот премиер на Македонија во 2029 година. :D

Најдобри општества за живеење се таму каде што политичарите се анонимни. Таму каде што никој не ги глорификува нивните животи и дела. Во идеален случај политичар треба да биде компјутер, апарат кој го пресметува најдобриот пат кој води кон општо добро.
Сега баш сакав истово да го пишам, за малку беше побрз. Општества каде што немаш поим која партија е на власт, едноставно не те ни интересира. Но, за жал, при олку сиромашен народ, такво нешто е невозможно. Барем јас така мислам.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
И јас имама први места на наптревари по историја немај гајле, не сум историски неписмен. Ти зборуваш за периодот по АСНОМ, од 46 натаму, кога просрпските комунисти ја преземаа власта, тоа јас не го спорам, но самиот чин на АСНОМ, АВНОЈ е столбот на државноста, од каде и денес ја имаме оваа република, ни Ченто, ни Шатев не биле против тоа, разликите натсануваат подоцна. Самиот си напишал „режимот кој настанал по АСНОМ“, но самиот АСНОМ е најсветлиот македонски настан дотогаш, собир на патриоти и македонци, не на комунсти, таму имало и комунисти, левичари, стари вмровци и илинденци, како може по такво нешто да плукате, свести се малце.

Ако не беше АСНОМ, што се случеше со оваа територија знаеш ли, не гаите лажни илузии, немаше британците и американците да додјат и да не направат протекторат, се знаеше Черчил за што се грижеше, са целовитоста на грција, всушност он е најголема пречка за македонското обединување, кога ставил гаранција за границите на грција, па колку сакале македонски патриоти да тргнеле на Солун, освен колеж немало ништо друго да ги чека. Без АСНОМ ќе сме биле бугарска провинција, тоа го тврдам најодговорно имајќи предвид се што сум прочитал од тој истоирски период.

Мислиш не сакал Тито и Југославија излез на егејско море па намерно им рекле на македонците да не пробиват јужно.

А за пучот од 1946, тука кажав веќе, не спорам и се согласувам, најмакедонското, најпатриотското ткиво е одстрането за сметка на послушници, но и тие патриоти знаеа до каде може да се оди во таа геополитичка ситуација, последната шанса ни беше граѓанската војна во грција, и за жал не успеавме.
После оваа реченица знам дека зборам со историска писменост на највисоко ниво, и ти се извинувам за коментарот кој го напишав предходно.Се гледа дека си ја читал правата историја, и нема што да ти замерувам.Тоа е редно да го знаат сите Македонци, и дека војната 1946-1949 не беше граѓанска војна во Грција, туку војна против Велика Британија и нивниот сојузник САД.Велика Британија за нас Македонците, исто што е хитлеровска Германија за Евреите, и таа иста Британија го изврши егејското чистење, а не Грција.
АСНОМ како чин требал да биде најсветол, но сепак настаните по него се тие што биле, и тоа е тоа.По важни ми се настаните по, него самиот чин АСНОМ.Одиме офтопик, но сепак мора тоа да го знаат сите.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Немам проблем јас, второ јас колку имам читано Историја, ти толку немаш верувај ми, имам освојувано и 1 места на натрпревари по Историја, не бери гајле ти.Да не се оде премногу оф топик, истите тие што ги напиша се убиени од тој режим и таа државност која настана од АСНОМ.Чити што напишал Павел Шатев за истиот режим кој настанал по АСНОМ, па после пцуј ме со која и да пцовка сакаш, немам никаков проблем со тоа.Читањето историски учебници напишани од црвенети кмери, ќе ве држат уште во заблуда за тоа како настанала македонската држава.Исто како што тврдат дека НОБ била комунистички, а во сите западни извештаи стои дека поголеми националисти од македонските партизани, нема на овој свет.

После оваа реченица знам дека зборам со историска писменост на највисоко ниво, и ти се извинувам за коментарот кој го напишав предходно.Се гледа дека си ја читал правата историја, и нема што да ти замерувам.Тоа е редно да го знаат сите Македонци, и дека војната 1946-1949 не беше граѓанска војна во Грција, туку војна против Велика Британија и нивниот сојузник САД.Велика Британија за нас Македонците, исто што е хитлеровска Германија за Евреите, и таа иста Британија го изврши егејското чистење, а не Грција.
АСНОМ како чин требал да биде најсветол, но сепак настаните по него се тие што биле, и тоа е тоа.По важни ми се настаните по, него самиот чин АСНОМ.Одиме офтопик, но сепак мора тоа да го знаат сите.
Е па друже затоа ќе се изразиш правилно, АСНОМ како чин е најсветол, тоа што се случило потоа не е вина ни на АСНОМ-ците ни на припадниците на НОВ.

Тоа е исто како да кажеш дека референдумот од 1991 кога добивме независна држава е срамен чин само заради настаните што се случуваа годините после тоа (знаме,име, приватизации, војна во 2001 и сите други несреќи)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom