Акциите на движењето Самоопределување во Косово

Член од
30 ноември 2007
Мислења
6.230
Поени од реакции
3.394
Движењето Самоопределување беше создадено во 2004 година од бившиот студентски лидер Албин Курти.

И од тогаш до денес тие не престанаа со нивните акции против косовските влади, како и против дел од меѓународните мисии на Косово.

Важат за многу организирани и креативни, особено имаат подршка кај младите, па затоа и лесно досега извршиле стотина акции. На прошлите локални избори Самоопределување успеа да ја освои општина Приштина, токму во општината каде што се одвиваат најголем број од нивните акции, и каде што против кандидат им беше сегашниот премиер Иса Мустафа.

Пред некој ден премиерот Иса Мустафа , Хашим Тачи како и други функсионери беа гаѓани со јајца, а сега почнаа и солзавец да им пуштаат во собрание,


Заменик министерот за надворешни работи беше утопен со јајца


Беше нападната полициската станица во Приштина


Пуштање солзавец во собрание



Мене особено ми се допаѓаат нивните акции, пошто не ги оставаат удобно да владеат корумпираните политичари кои сакаат да се прикажат како чесни и патриоти.
Дечките имаат ептен м*диња во тоа што го прават, кај нас нити смее некој да помисли на вакви нешта.

Во 2007-ма беше организиран голем протест, во кој што загинаа двајца албанци а десетина други беа повредени, бараа право на самоопределување, до тогаш Косово сеуште не беше прогласена за независна држава.



При нивните акции тие не се грижат за нанесените материјални штети, пошто велат нема материјална штета што може да ја надмине штетата од лошото владеење.

Во 2009та оштетија 28 автомобили на странските мисии




Во времето кога Србија не ги примаше косовските производи, оваа движење бараше од косовската влада да го стори истото, а во нивните акции често српските камиони завршуваа во ендек.

 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
6.283
Поени од реакции
2.525
Мене вакви баш ми се сомнителни, знаеш, бил во затвор за татковината, паметен, начитан, идеалист... печен за премиер...
Сите кога се во опозиција знаат да бидат креативни, да одржат добри говори, да критикуваат лошо владеење, да се со народот...
Косово не може и не треба да трпи вакви циркузни претстави, ако имаш аргументи приложи ги, барем во Косово имаат колку сакаш независни медиуми...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.002
Битанги со калаши и бомби станале луѓе па влегле во самопрогласен парламент да фрлаат солзавец
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.416
Поени од реакции
16.762
Каква реклама би паднало овде за Veze Sharri :icon_lol:
Сериозно, поблиску сум на мислење со Пуно, посебно првата реченица.

А дали досега биле воопшто осудувани?Гледам седат ‘лидерите‘ во парламент, можда некои други го кркале стапот за да стигнат тие дотаму...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
6.230
Поени од реакции
3.394
Мене вакви баш ми се сомнителни, знаеш, бил во затвор за татковината, паметен, начитан, идеалист... печен за премиер...
Сите кога се во опозиција знаат да бидат креативни, да одржат добри говори, да критикуваат лошо владеење, да се со народот...
Косово не може и не треба да трпи вакви циркузни претстави, ако имаш аргументи приложи ги, барем во Косово имаат колку сакаш независни медиуми...
Сите нивни акции биле од многу јасни причини, само што нивната реакција е поинаква, порадикална, што некому и не му се допаѓа.
Но никогаш не побарале нешто што е во спротивност со желбите на мнозинството албанци.

Мислам дека мораат да бидат радикалци, пошто ако седат мирни, овие од власта преку тајните служби ќе ги растурат набрзина. (Земај пример од Македонија).

А дека на косово политичарите се безобразни корумпирани предавници тоа се гледа секој ден, вака барем народот кога гледа јајцување, им доаѓа за момент малку спокој.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
6.840
Поени од реакции
6.777
Дардан-најискрено ама тешко дека во догледна иднина Косово ќе има каква-таква стабилност. Не се прави држава со вакви ексцеси како во видеата. Плус тоа тие се националисти кај кои не проаѓаат правата на српското и другите малцинства.

И што да дојдат на власт? тогаш што ќе им прават со солзавци овие сега? затоа не се отпочнува спиралата и затоа Косово неможи да биди саглам држава.

И фрчко на времето(пред 15 години) рече дека највероватно Косово ќе биди наркодржавиче за перење на секаков вид на валкани пари
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Национал-шовинисти, расисти, улични хулигани, битанги незаслужуваат повеќе зборови.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
11.955
Поени од реакции
16.515
Америте очигледно не можат да го угушат Самоопределување. Сега им останува втората варијанта. Да инфилтрираат луѓе внатре и да ги донесат на власт.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.338
Поени од реакции
2.084
Америте очигледно не можат да го угушат Самоопределување. Сега им останува втората варијанта. Да инфилтрираат луѓе внатре и да ги донесат на власт.
Албин Курти Е човек на Американците. Зошто да рушат нешто што сами го создале :)
 
Член од
25 март 2012
Мислења
6.283
Поени од реакции
2.525
Сите нивни акции биле од многу јасни причини, само што нивната реакција е поинаква, порадикална, што некому и не му се допаѓа.
Но никогаш не побарале нешто што е во спротивност со желбите на мнозинството албанци.

Мислам дека мораат да бидат радикалци, пошто ако седат мирни, овие од власта преку тајните служби ќе ги растурат набрзина. (Земај пример од Македонија).

А дека на косово политичарите се безобразни корумпирани предавници тоа се гледа секој ден, вака барем народот кога гледа јајцување, им доаѓа за момент малку спокој.
Јасно е дека си има причини, ама веќе не си движење, ти си партија со пратеници, имаш градоначалник од главен град, треба да зрачиш со сериозност, а не со детски потфати да вршиш притисок. Едноставно отвара можност ова да стане традиција, да ги потикнат граѓаните да направат вакви постапки. Утре кога овие се на власт може опозицијата да им фрла солзавец у парламент за некоја причина кои секогаш ќе ги има и треба да ги има.

Не сум во тек што се случува таму, мислам дека е за општините револтов, да беа и овие на власт пак тие српски општини ќе се праеа, пак државни богаства ќе се продаваа, едноставно тој процес е незапирлив, освен ако сакаат да бидат како северна кореа.[DOUBLEPOST=1445164257][/DOUBLEPOST]
Албин Курти Е човек на Американците. Зошто да рушат нешто што сами го создале :)
Не е човек на америнканците, мислам дека овој навистина верува дека е ничиј човек, туку едноставно е патриот, не знае дека несвесно работи спроти албанските интереси, како да е програмиран така.
Неговиот патриотизам ми личи како борба со голи раце против ајкули среде море.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
30.589
Поени од реакции
42.442
И после коа ќе го видам Дарданија да збори како Србите се националисти затоа што го сакаат Шешељ....
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.338
Поени од реакции
2.084
Не е човек на америнканците, мислам дека овој навистина верува дека е ничиј човек, туку едноставно е патриот, не знае дека несвесно работи спроти албанските интереси, како да е програмиран така.
Неговиот патриотизам ми личи како борба со голи раце против ајкули среде море.
По некоја случајност се имам сретнато со Шпенд неколку пати. Погоди од три пати каде е образован, какви вредности застапува, од кој има поддршка и која позиција ја држи во движењето. :)

А дека е програмиран да работи против албанските интереси, да, работи против албанските интереси претставени како племенски сојуз кадешто владее ксенофобијата, крвната одмазда и омразата кон се што е неалбанско.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.615
Поени од реакции
1.408
Ако не работи за Американците незначи дека автоматски работи против интересите на Албанците. Бидејќи овие првите работат само за свои лични политики и интереси.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
6.230
Поени од реакции
3.394
Јасно е дека си има причини, ама веќе не си движење, ти си партија со пратеници, имаш градоначалник од главен град, треба да зрачиш со сериозност, а не со детски потфати да вршиш притисок. Едноставно отвара можност ова да стане традиција, да ги потикнат граѓаните да направат вакви постапки. Утре кога овие се на власт може опозицијата да им фрла солзавец у парламент за некоја причина кои секогаш ќе ги има и треба да ги има.
Албин Курти рече дека солзавец фрлаат во собрание за да ги растераат пратениците кои со нивната работа го прекршија Уставот, односно подржуваат формирање на заедницата на српските општини, со што постои опасност од боснизација на Косово.

Самоопределување засега нема добри односи со странските амбасади, кои не го подржуваат начинот на дејствување, Албин Курти често беше одбиен при барањето виза за САД, некои велеа дека е анти-американец, имаа реплики со амбасадата на САД а еднаш и со Филип Рикер ... но Курти вели дека тие не бараат нови сојузници, туку нов сојуз (мислејќи на нови односи), пошто досегашниот сојуз не ги даде посакуваните резултати.


Не сум во тек што се случува таму, мислам дека е за општините револтов, да беа и овие на власт пак тие српски општини ќе се праеа, пак државни богаства ќе се продаваа, едноставно тој процес е незапирлив, освен ако сакаат да бидат како северна кореа.
Јас мислам дека досегашните власти работеа највеќе на лично богатење, многу мафијашки работаат, очигледно и на странците им одговара оваа состојба, во секоја прилика тие зборуваат за потребата од борба против корупција и криминал, ама тоа ќе да е празна реторика, пошто сеуште ниеден политичар не е осуден за корупција и криминал.

Остај тоа, туку и децата на политичарите се недопирливи.

Ти текнува ли за време на изборите, овие што се сега на власт ветуваа 150.000-200.000 работни места, но наместо тоа, остварија нешто друго, 100.000 албанци го напуштија Косово за една година.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.002
Албин Курти рече дека солзавец фрлаат во собрание за да ги растераат пратениците кои со нивната работа го прекршија Уставот, односно подржуваат формирање на заедницата на српските општини, со што постои опасност од боснизација на Косово.

Самоопределување засега нема добри односи со странските амбасади, кои не го подржуваат начинот на дејствување, Албин Курти често беше одбиен при барањето виза за САД, некои велеа дека е анти-американец, имаа реплики со амбасадата на САД а еднаш и со Филип Рикер ... но Курти вели дека тие не бараат нови сојузници, туку нов сојуз (мислејќи на нови односи), пошто досегашниот сојуз не ги даде посакуваните резултати.




Јас мислам дека досегашните власти работеа највеќе на лично богатење, многу мафијашки работаат, очигледно и на странците им одговара оваа состојба, во секоја прилика тие зборуваат за потребата од борба против корупција и криминал, ама тоа ќе да е празна реторика, пошто сеуште ниеден политичар не е осуден за корупција и криминал.

Остај тоа, туку и децата на политичарите се недопирливи.

Ти текнува ли за време на изборите, овие што се сега на власт ветуваа 150.000-200.000 работни места, но наместо тоа, остварија нешто друго, 100.000 албанци го напуштија Косово за една година.
Сироти вие сакате многу права а трошки не сакате да дадете.

И како може да одлучувате дали и на кого ќе дадете права кога косово не е на косоварите туку е американско европски протекторат а богами ќе играат како ќе им свират.
А па за да стане нивно богами ќе треба војна да почнат или да се натртат подлабоко да го наседнат америчко европскиот ташак.
 
На врв Bottom