Актуелни случувања во светот, со осврти од геополитички аспект

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Vanlok, 25 мај 2014.

  1. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    4.599
    Допаѓања:
    9.201
    Освен тоа и на избори граѓаните му дадоа дозвола да стане султан со неограничени моќи.
    Дали ќе ја дотера до граѓанска војна земјата ќе видиме. Вака има потенцијал за тоа, плус бомби му се детонирањето низ земјата на секои три месеци.
     
    На VardarVoSrceto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Inglourious Basterd

    Inglourious Basterd

    Член од:
    24 март 2010
    Мислења:
    9.587
    Допаѓања:
    9.711
    Среќа од него зависи тоа. Да станеше власт оној што пребега во Америка, немаше да се спука со Русите и немаше да му детонираат бомби. :)
     
  3. Pina

    Pina

    Член од:
    1 ноември 2005
    Мислења:
    1.017
    Допаѓања:
    433
    Na krajot na kraishtata Turcija ke bide nekoja labava federacija na zbratimeni pleminja. Bosforot ke bide neutralna zona, ednash za sekogash Osmanliite treba da se ischistat od evropsko kopno i da si teraat Bajram na mozokot i konechno da si bidat toa shto se...Azijati ili Maloazijati ako sakate.
     
    На Classic Rock Fan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stratar

    Stratar

    Член од:
    28 февруари 2016
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    6
    Првобитна задача на диктаторот е забрана на вистината и пропагирање на сопствените интереси како интереси на народот...
    --- Споено дупло мислење, 6 март 2016 ---

    Па него и тоа му е целта. Да ја воскресне Османлиската империја за да ги земе останатите муслимани под своја капа, бидејќи турците како народ се недоволни за регионална експанзија (економски политички и воено).
    Важи дека тел авив ќе му дозволи. Како тргнале, ќе ги исцепкаат сите на племиња и за 100 години ќе ги припојат територијално (откако претходно ќе ги исчистат се разбира тие исти територии) и нафтата ќе си ја лапнат.

    Раздели па владеј.....
     
    Последно уредено: 6 март 2016
  5. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Да! Се разбира дека нема смисла да одиме во офтопик. Но затоа овде не сме офтопик, овде сме на тема. :)


    Што има за бивање несигурен? :)
    Именуваниот се зеза за милион работи во $мурика и во светот. Зошто да не се зеза и за ретарди кои прават ретардирани видеа на нет?

    Вистинското прашање е, дали ти го разбираш моментот со величината на самата таа бројност на таквите ретардирани видеа кои се занимаваат со разни неаргументирани заглупувања како Илуминати, Вонземјани, итн, итн... Дали разбираш дека под милионите заглупувачки ретардации се затрупани и некои валидни прашања - кои од просечниот човек го добиваат истиот тој третман како и останатиот куп страња глупи сензационалистички видеа.

    Пошто се исмеваш на моето тврдење дека светскиот економски систем (а со тоа и светот воопшто) е контролиран од банкарска мафија елита... Дозволи ми да те прашам неколку едноставни прашања:
    - Која валута е дефакто и дејуре избор за светска валута за девизни резерви?
    - Која централна банка ја регулира таа валута?
    - Дали таа централна банка е државна, или приватна банка поседувана и контролирана исклучиво од приватни лица, банкари? ;)
     
    На stipsburg му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Human

    Human Explorer

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    10.533
    Допаѓања:
    2.495
    Хммм, не се вонземјаните, илуминатите, но тука е ГМО, самолетачките авиони, вирусите итн. како и следење на одредени "медиуми", кои не се бираат спрема објективноста, туку според "светогледот" што го имаат кој се поклопува со светогледот на читателот. :)

    И сега ме оставаш да бирам меѓу тие што ги наброја ти и тие што ги набројав јас? :) Или сакаш да ми кажеш да бирам кои се посмешни?

    Смешно е да зборуваме чија валута е светска валута имајќи предвид глобалниот удел во светската економија на таа земја. Или историски гледано, која валута беше "светска" да речиме пред 150 години? И уште подобро, зошто беше така? :)

    Башка тоа, имаш некои индиции, или уште подобро докази, како тоа банкарите се координираат едни со други, од различни земји, системи итн? Претпоставувам алудираш на тоа кога зборуваш "контрола од банкарската елита..."
     
  7. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Тоа што рандом ратардации за „вонземјани и илуминати„ ги ставаш во иста реченица со ГМО... Тоа многу добро зборува колку појма немаш за што зборуваш, и потажно - колку е јака индоктринацијата во тебе.

    Кои се фактите?
    Вонземјани и илуминати„ за тоа постојат премалку (или ИЧ) потврдени докази. Од друга страна, за генетските модификации на организмите постои цела научна дисциплина. Се вика ГЕНЕТИКА, и за неа постојат неброени книги, истражувања и научни студии. Сето тоа е добиено преку научен метод... Знаеш барем што е научен метод, така?
    Конкрено постојат и многу научни студии и научни истражувања кои покажуваат дека никако не е сигурна и потврдено докажана безбедноста од исхрана со организми модифицирани со методот на генетски инжинеринг. Или поточно исхрана со ГМО - што е несоодветен назив, затоа што постојат и методи за генетски модификации кои се докажано безбедни Вештачката селекција е метод на генетска модификација, метод кој човекот го употребува уште од завршувањето на hunter gatherer периодот, и преминот кон фармерство и сточарство.
    За ГМО имаме цела една тема на форумов, нема да ти наштети ако се информираш малку повеќе пред да се бламираш вака. Ако имаш нешто нејасно за генетски модификации на организми кои се користа за исхрана, реплицирај на таа тема, за да не одиме во офтопик овде.

    Ќе ги прескокнам „самолетачките авиони, вирусите“ пошто тотално не разбирам во кој контекст ги ставаш во рамките на смислата на твојот пост.
    Освен можеби во твоето правење на будала од себе... :D



    Само ми ја потврдуваш поентата. А таа, поентата, е дека тие што ја контролираат светската валута, тие ја контролураат и светската економија, а со тоа и самиот свет.

    Колку повеќе „индиции“ сакаш? :)
    Ако не ги отвориш очите, не можеш да ја видиш вистината и реалноста (барем не, додека не те удри по глава).

    - Светската валута на државни резерви, е доларот.
    - Доларот е контролиран од приватна банка.
    - Американската Банка на Државни Резерви е приватна банка, во сопственост од приватни газди - банкари.
    - Приватни лица ја контролираат вредноста на доларот (инфлација, дефлација, quantitative easing, итн, итн).
    - Вредноста на македонските државни резерви и долгови, вредноста на твоите и на моите лични заштеди, вредоста на нашиот имот, сето тоа е манипулирано од банкари кои се приватни лица, газди, а не избрани претставници на светска организација (како ОН, на пример).
    - Кога САД или ЕУ, прават quantitative easing, кога ја намалуваат вредноста на валутата преку стварање пари од ништо - тие земаат пари не само од сопствените граѓани, тогаш тие земаат пари и од сите нас во светов кои користиме домашни валути кои се врзани со нивните валути.


    Ајде обиди се да демантираш само еден од набројаните ФАКТИ. Па потоа зборувај ми за „измислените теории на заговор“, и дека светов не е контролиран од банкарската елита.
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Шкорпион

    Шкорпион Corvus oculum corvi non eruit?

    Член од:
    16 октомври 2009
    Мислења:
    7.394
    Допаѓања:
    7.473
    Има премалку потврдени податоци за вонземјани и Илуминати за тој кој што не сака да бара и да замара глава :D, или тие кои сакаат поинаку да интерпретираат некои работи. Инаку, мило ми е Ванлок што посочи дека јас сум еден од тие што немаат поима што зборат. Нели, а демек сме биле на иста страница (изгледа се додека тоа што го говорам е во 100% пресек со твоето у реду е). Мислам, океј, да знам каде стоиме.

    I'll go back wearing my tinfoil hat.
     
  9. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Барем од некој како тебе очекував да бидам разбран за што зборувам.
    Иако дури и овде веќе одиме во благ офтопик, ова е важно за темава. Ваквите постови како твојот докажуваат колку малку е разбрана суштината на целиот тој циркус наречен „теории на заговор“.

    Идејата е криење нешто на очиглед на сите. Нешто што сите го перцепираат, но (скоро) никој не го гледа.
    Тоа е само уште една алатка во рамки на дисциплината наречена социјален инжинеринг, со која преку софистицирани методи се форимира мислењето на популацијата. Пошто нели „демократија“, и народот одлучува (но само откако темелно е лажен и хипнотизиран)!

    Главен промотер на таквите „теории на заговор“ се токму тајните служби, или поточно една одредена служба од ’мурика (чиј акроним не љубам да го споменувам, пошто бууу tinfoil hat!).
    Идејата е да се преплават социјалните мрежи со РЕТАРДИРАНИ ВИДЕА за одредена област, за рајата да каже „ахаахаа ова е ретардирано!“. Исто како во многуте филмови, каде преку западната поп-култура ни се промовира стереотипот на луд чудак со tinfoil hat, на кој сите му се смеат и како кој никој се сака да биде.
    Потоа кога некој ќе праша и ќе каже нешто сосема издржано и аргументирано на истата тема - тогаш платените тролови почнуваат да се спрдачат и да го декларираат тоа како „теории на заговор“, а за корисните идиот и генерално за рајата, тоа е que за нарачано смеење (повеќе од страв, да не им се смеат ним ако не играат според скриптата).


    Ајде само еден пример за едно од катаљардата РЕТАРДИРАНИ ВИДЕА, првиот на кој налетав (не дека многу барав):

    Ова замисли, иде накај 2 милиони прегледувања.

    Повеќе од 5 милиони прегледувања:


    Или ова:

    И толку, повеќе не отварам пошто јутјуб ќе ме откорне од предлагање на вакви РЕТАРДИРАНИ СТРАЊА.


    Се надевам дека сега малку повеќе ме разбираш, за што всушност зборувам @Шкорпион?
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Human

    Human Explorer

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    10.533
    Допаѓања:
    2.495
    Леле, пак дискусијава ја носиш во друга насока...
    Ај малку поконкретно, ако не ме сфати првиот пат, што е очигледно.

    За тебе е смешно што Илуминатите ја контролираат земјата, но не е смешно и за банкарите.
    Смешно е што Илуминатите ја контролираат музичката индустрија, но не е смешно што банкарите ги пуштаат тие ретардирани видеа?
    Смешно е што вонземјани се во владите, но не и далечинското управување на авиони во згради?
    Со вирусот алудирав кон Зиката, за кој имаше пишано дека е дело на... банкарите ваљда? Дека не е природно де...

    На страна ова, него колку пати тврдеше дека нападите (поединечно за секој) во Париз, Брисел, тие во Турција се false flag (Оливер :vozbud:) со цел копнена инвазија во Сирија?


    Него ај да ти го направам кефот и да застранам во муабетов, одговарајќи на твоите потточки;
    Која валута ти сметаш дека треба да биде светска? Зошто не доларот?
    Кој ја контролира федералната банка ?
    Чии се одлуките за вредноста на доларот, т..е како се донесуваат?
    Како е вредноста на моите заштеди и имот манипулирана?
    Како сите тие што ги наброја се факти? Можеш да ги поткрепиш со докази?
    Ама немој со оние наоди како: гледам хоризонтот е рамен therefore земјата е рамна... :pos:
    Ај дури сме тука фрли некој доказ за штетноста на ГМХ (GMF), (ГМО е многу непрецизен термин)? :)
     
    На SparroW му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pina

    Pina

    Член од:
    1 ноември 2005
    Мислења:
    1.017
    Допаѓања:
    433
    Која валута ти сметаш дека треба да биде светска? Зошто не доларот?
    A zoshto da ima svetska valuta...Valutata e nacionalna tvorevina koja mozhe da se nametnuva i da se vrednuva spored voenata sila na nacijata na soodvetnata valuta. Odbranata i nametnuvanjeto na taa valuta zavisi od militaristichkata sila na soodvetnata nacija i nema vistinska vrednost. Ke se potchinish na semokjniot dolar ili ke te nema...Prashaj gi Sadam i Gadafi. Dali Putin go cheka istoto ke vidime, ama kako se odvivaat rabotite dolarot naleta na "tvrd orev".

    Кој ја контролира федералната банка ?
    Ako mislish na US federalna banka, nikoj nea ne ja kontrolira, federalanata banka e taa shto kontrolira so US army, koja poleka no sigurno potsekja na tigar od hartija.

    Чии се одлуките за вредноста на доларот, т..е како се донесуваат?

    Se donesuvaat so voeni intervencii bez pardon, atentati (Gadafi) unishtuvanje na ekonomii koi naogjaat nachin da opstojat bez "negovoto visochestvo dolar" (Irak) so ogromna kolateralna shteta...Za ova Olbrajt mozhe studija da publicira...Pola milion deca izgladneti od sankcii i nedostig na osnovna medicinska pomosh kako rezultat od sankcii, bombi, i da ne redam...

    Како е вредноста на моите заштеди и имот манипулирана?

    Manipulirana e, i toa do nemajkade. Nikoj ne gi garantira tvoite zashtedi. Kolku shto znam vo US ima limit do koj tvojata zashteda e osigurana , 60 000 dolari ili taka neshto, a poveke od taa suma brat, koj te shisha...A imotot e varijabila. Tvojopt imot sega mozhebi e vreden 500 000 dolari ama taa vrednost e zavisna od "kupi-prodaj" matematika, ako nemash kupec za tvojot imot da ponudi 500 000 istiot ne vredi tolku, vo dadeniot moment ke se slozhish na 100 000 koga ke te pritisnat prilikite.
     
    На Pane-G и Krstev им се допаѓа ова.
  12. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Работиве бегаат во општ офтопик.
    Ќе ве замолам да се задржите на насловот од темата, ако постот ви нема врска со насловот - значи дека сте офтопик. Моја грешка беше што овој аспект на темава сакав да го објаснам со несоодветен соговорник, како последица на тоа сега работите бегаат од контрола.

    Овој пост ми е последен обид да му ги објаснам работите на колегата. Важно е за темата, затоа што сите геостратешки и геополитички анализи и случувања - почнуваат и завршуваат со светските моќници кои ги влечат конците од позадина.


    Мене не ми е смешно ништо од тоа. Напротив. Жално е до каде се дојдени работите, дури и многу поедуцирани индивидуи (од тебе) како @Шкорпион не ја разбираат агендата: Илуминати, Ми-луминати, Банкари, Ш’манкари... Викај ги како сакаш. Сеедно за кое ниво на организирање зборуваме - елитата погоре (газдите на најголемите банки) или извршителите подолу (Билдерберг, Илуминати, Масони, итн, итн).
    Сеедно, пошто станува збор за истиот организиран криминал кој ја контролира светска економија, а со тоа го контролира и светот.
    --- Споено дупло мислење, 12 април 2016 ---
    На пример валута која нема да биде сопственост на ниедна поединачна држава. Валута која ќе биде регулирана од меѓународно тело во кое претставници ќе имаат сите држави на оваа планета.

    Аман, како со дете од петтолетка да зборувам... Секојдневни манипулации имаш со вредноста на доларот и (неговиот европски пандан) еврото. Очигледно е дека воопшто не го следиш економските случувања, еве само некои од релевантните финансиски интервенции:
    http://www.bloombergview.com/quicktake/europes-qe-quandary
    http://www.bloombergview.com/quicktake/federal-reserve-quantitative-easing-tape

    Повеќе пати се обидов да објаснам. На жалост колку и да сум јас далеку од совршен комуникатор, проблемот сепак не е во мене.
     
    Последно уредено: 12 април 2016
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Human

    Human Explorer

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    10.533
    Допаѓања:
    2.495
    Обично имаш голема желба да им објаснуваш на соговорниците, но не и овојпат...
    Изгледа ќе треба да се едуцирам...:ROFLMAO:

    Мислев дека лесно ќе најдеш одговор на така лесните прашања, о експерту форумски.
     
  14. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.276
    Иран почнува да ги добива првите испораки на рускиот одбрамбен противавионски систем С-300. Се работи за иако стар, сеуште многу моќен и актуелен одбрамбен систем со голем домет, кој може да следи многукратни цели, и симултано да делува против нив со далекудометни проектили.

    Со ова Русија ја зацврстува позицијата на Иран во регионот, како противтежа на офанзивната стратегија на ’мурика и локалните сунитско-вахабистички вазали како Саудиска Арабија, Катар, Турција, итн.
    Ех, да и Израел. Сите тие сега се прилично вознемирени и протестираат (пародии, пародии).
    Извори:
    http://www.tasnimnews.com/en/news/2...ran-russia-s-300-contract-completed-spokesman
    http://www.zerohedge.com/news/2016-...ng-receipt-first-russian-s-300-missile-system

     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Шкорпион

    Шкорпион Corvus oculum corvi non eruit?

    Член од:
    16 октомври 2009
    Мислења:
    7.394
    Допаѓања:
    7.473
    Па и јас очекував дека нема да бидам отпишан во популација која јаде помија од странски служби, па ете безнајно ме опна таму :). Или барем така ти звучеше постот во секој случај. Ти не даде примери како - музичките видеа приказ на масоно-илуминатски симболи и пораки, или кралските фамилии во светот се вонземјани. Или ред други шашави теории на заговор (кои ги има премногу за да не ги искористиш како пример. Ти искористи генерални термини - Вонземјани и Илуминати.

    Не гледам зошто помалку валидни се тие теории на заговор од тие за банкарите, 9/11, GMO итн.
     

Сподели преку: