Botko,
науките, како е познато, со сите свои ограничувања, се „вртат„ во рамките од материјалниов Свет и се обидуваат да ги „докажат„ нештата ислучиво на материјална основа. Науките го истражуваат овој, створениов Свет, кој како е познато, се „движи„ во непрекидно распаѓање. Науките, како е познато, не признаваат и не познаваат духовност и духовни категории (освен, можеби (!) психологијата...) па оттаму (ми) е прилично смешен обидот за докажување на постоење на нематеријлани нешта, како што се душата или духот или „отаде световните„ нешта, а при тоа „докажување„ да се користат исклучиво материјалистички подлоги и поими...
Човекот е сложено битите, “склопено“ од дух, душа и тело, а начинот на кој тие 3 делови взаемно зависат и взаемно си делуваат, е непознат дури и за Црквата, но сигурно е дека делуваат како една целина, се‘ до смртта, по која следи нивното одвојување. Т.н. „вонтелесни искуства“ се еден од доказите за постоењето на нематеријалната човекова душа.
Дека човековата душа односно дух се наоѓаат во мозокот и во срцето едновремено, тоа е познато и проверливо за секого од нас, но не на „ортодоксен“ материјалистички начин, со лоцирање на душата во некои “ситни„ делови од мозокот, туку преку духовниот па и душевниот опит. Не постои „машинерија„ која ќе го измери, докаже или побие постоењето на нематеријалните феномени.