- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.788
- Поени од реакции
- 5.063
Незнам многу работи и не е од искуство, баш и не сум имал момент на незнам како го наречам, откровение, просветлување или незнам како да се вика тоа, во пракса трескам термини.
Ти и твоето искуство не сте сите и се. Знам дека сите сакате „вашата вистина“ да е апсолутната, но не оди така... Ниту двајца не можеш да најдеш со кои ќе имаш исто искуство и разбирање за работите околу и во тебе... секогаш ќе има „некој причинител бескраен и непознат“ за кој нема да се согласувате...
Со секој друг ќе имаш „слична“ вистина во однос на тоа колку ви се допираат вашите сопствени универзуми и како се испреплетуваат... искуство, знаеш.
Така да, јас не негирам дека ти поседуваш моментално „апсолутна“ твоја вистина до моменталните граници на твојот универзум... но да расправаш со другите како твојата реалност е и нечија друга... посебно за ствари како душа, богови итн е бесцелност
Ако за тебе се е хемија, нека ти биде... колку што знам ти си застапник на материјализмот како философија, иако не сакаш да философираш за да знаеш кога и како ти е убаво. Но за други, и те како твоето не е апсолутна вистина, можеби основа на пирамида која оди нагоре... но не и последно скалило.
Не е од искуство или доживување барем не емотивно туку од читање научни книги. Има луѓе кој не се занимаваат со филозофија или религија туку со објективната реалност. Нема ништо тука субјективно...А дека се знам и дека апсолутно до најмал детал е се познанто не е.
Сакав само да кажам дека концептот на душа е непостоечки во реалноста. Тоа го велат доказите кој се објективни и исти за секого.