S
Shellshock nam67
Гостин
Во последно време се појавија шпекулации дека компанијата "BMW" би можела да го преименува своето "M3 Coupe" во "M4". Без оглед на тоа како би се нарекувал, графичкиот дизајнер Јашек Колоџиејчук ја даде својата идеја за тоа како би можел да визуелно да изгледа автомобилот.
Колоџиејчук ја добил својата инспирација од новото "BMW" од Серија 3, а ги додал и сите препознатливи карактеристики на автомобилите од "М" дивизијата.
Меѓу деталите кои се забележливи на прв поглед е дизајнот на предниот браник со вграден спојлер, црната предна маска, вентилациските отвори, трепкачите, ретровизорите, лаковите на тркалата, мускулестиот заден браник и четирите издувни цевки кои изгледаат како минска артилерија.
За "бесниот" спортски изглед придонесуваат и големите тркала.
По претставувањето на новото купе од Серијата 3 (која би можела да биде преименувана во Серија 4) во 2013 година, "M" верзијата би можела да биде претставена во текот на 2014 година.
Освен ова, постојат шпекулации и за моторот кој ќе го придвижува "BMW M4" - како што "M5" премина на твин-турбо V8 од стандардниот V10, истото би можело да се случи и со V8 моторот кој го придвижува моделот "M3".
Користењето на моторот со шест цилиндри е очигледно, како и користењето на турбополнач, но повеќе детали за тоа, сега за сега нема.