Авто новости

S

Shellshock nam67

Гостин
Во последно време се појавија шпекулации дека компанијата "BMW" би можела да го преименува своето "M3 Coupe" во "M4". Без оглед на тоа како би се нарекувал, графичкиот дизајнер Јашек Колоџиејчук ја даде својата идеја за тоа како би можел да визуелно да изгледа автомобилот.
Колоџиејчук ја добил својата инспирација од новото "BMW" од Серија 3, а ги додал и сите препознатливи карактеристики на автомобилите од "М" дивизијата.

Меѓу деталите кои се забележливи на прв поглед е дизајнот на предниот браник со вграден спојлер, црната предна маска, вентилациските отвори, трепкачите, ретровизорите, лаковите на тркалата, мускулестиот заден браник и четирите издувни цевки кои изгледаат како минска артилерија.
За "бесниот" спортски изглед придонесуваат и големите тркала.
По претставувањето на новото купе од Серијата 3 (која би можела да биде преименувана во Серија 4) во 2013 година, "M" верзијата би можела да биде претставена во текот на 2014 година.

Освен ова, постојат шпекулации и за моторот кој ќе го придвижува "BMW M4" - како што "M5" премина на твин-турбо V8 од стандардниот V10, истото би можело да се случи и со V8 моторот кој го придвижува моделот "M3".
Користењето на моторот со шест цилиндри е очигледно, како и користењето на турбополнач, но повеќе детали за тоа, сега за сега нема.



 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.924
обожавам само Харли Девидсон и никој друг мотор не ги признавам поради карактеристичен звук ;):)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.924
изгледа ,,М4,, ќе биде малку поширока од предхотната ,,М3,, и ќе биде понагласена аеродинамика;)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Лелеееее ЅВОНИ :vozbud:изглед :drk: фаровите се топ, браникот и контурите ... свака част :ROFLMAO:
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Kolkavi bandazi staile nenormalnive ? 42ka pozadi jebote :pos:

p.s. neli temava treba da se vika ... kako NE treba da se pravi "super" avtomobil
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Добра вест за сите Југо-носталгичари. Младиот дизајнер Милош Приповиќ претстави Југо за модерно време - ЗУГО.


Некои дизајнерски концепти се осмислени со цел да се сфатат сериозно, додека некои други и не толку. За следниот проект не можеме со сигурност да речеме во која категорија спаѓа, меѓутоа во секој случај е занимливо за сите нас бидејќи станува збор за легендарното Југо.

Милош Приповиќ, кој стекнал магистарска диплома на студии за применети уметности во Виена, дизајнираше Зуго како нискобуџетен, потполно електричен мал градски автомобил и иститo го презентираше на најголемата конференција за дизајн на автомобили во Европа.

Во текот на конференцијата се одржа натпреварување на тема „Дизајн на нов тип на автомобил за држави во транзиција„, а иако не победи, Приповиќ е задоволен со петото место за своето духовито гледање на оваа тема.

-Зуго беше мојата влезница на најголемата конференција за дизајн на автомобили во Европа која се одржа во Загреб, вели дизајнерот.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Ова е само предлог, не и конечно нешто. Вакво како што ми изгледа тешко дека би поминало на краш тест :rolleyes:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom