Fiat Viaggio
Fiat ни го претставува елегантниот Viaggio, како директен одговор на Volkswagen Jetta, Renault Fluence и Skoda Octavia.
Fiat Viaggio е нов модел и големо освежување во гамата на
Fiat, а името
Viaggio преведено од Италијански значи патување.
Fiat Viaggio во основа е скоро идентичен автомобил со новиот
Dodge Dart, кој пак за основа користи модифицирана
CUSW (Compact US Wide) платформа на
Fiat, позната од
Alfa Romeo Giulietta.
Надворешниот дизајн е елегантно изведен со меки и течни линии, како и многу хром. На предниот дел доминира големата хромирана маска вкомпонирана во спортски браник, големи светла и чисти линии. Страните се изведени со едноставни и допадливи линии, со хром околу стаклата, исто како и задниот дел на кој доминираат новите светла и хромирана лента на средина.
Големите надворешни димензии (должина 4679 мм, ширина 1850 мм и 2708 мм меѓуоскино растојание) гарантираат пространа внатрешност, и огромна понуда на багажен простор, како што е случај и кај конкурентите од оваа класа. Фотографии од внатрешноста сеуште нема, но за очекување е дека ќе биде слична со таа од
Dodge Dart и ќе го задржи 8.4 инчниот touch екран со навигација.
Во првичниот период за погон ќе бидат задолжени две верзии од новиот
1.4 T-Jet турбо агрегат, послабата со 120 КС и помоќната со 150 КС, а во понатмошниот период се очекува и дизел агрегат, најверојатно
1.3 MultiJet. Моќта преку петстепен мануелен менувач или преку новиот шестстепен
Dual Dry Clutch Transmission (DDTC) менувач со две спојки се пренесува на предните тркала.
Fiat Viaggio ќе се произведува во Кина со локалниот партнер
GAC (Guangzhou Automobile Company) и во првичниот период целото производтсво ќе биде наменето за Кинескиот пазар, а подоцна и на Европскиот пазар каде за главни конкуренти ќе ги има
Volkswagen Jetta, Renault Fluence, Skoda Octavia итн.