Авто новости

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Shellshock nam67,

последен пат префрлам тема за рандом возило, копирана од којзнае каде, на соодветното место. Да не расипувам забава, ама овој Акорд е кај нас присутен веќе некоја година. Плус, табличката е сигурно 2009-почеток на 2010 година.
 
S

Shellshock nam67

Гостин

Shadow Walker е името на новиот проект на SR Auto Group во кој главна улога има BMW 650i!
Се работи за еден одлично сработен проект на SR, иако името всушност потсеќа на некој ефтин хорор филм од 80-те. Црната мат боја прекрасно се вклопува со линиите на автомобилот, а големите 20-инчни бандажи само го надополнуваат изгледот. Моделот на тркалата кои се избрани за овој проект е Niche од производителот MHT.
Shadow Walker му дава доза на агресивност на веќе агресивниот BMW 6. Да погледнеме како тој пакет изгледа!









 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Интересна Мат боја....интересно количе, ама несакам BMW опсшто како коли па така да за мене е само лично количе, ништо фасцинантно :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин










Fiat Viaggio

Fiat ни го претставува елегантниот Viaggio, како директен одговор на Volkswagen Jetta, Renault Fluence и Skoda Octavia.

Fiat Viaggio е нов модел и големо освежување во гамата на Fiat, а името Viaggio преведено од Италијански значи патување. Fiat Viaggio во основа е скоро идентичен автомобил со новиот Dodge Dart, кој пак за основа користи модифицирана CUSW (Compact US Wide) платформа на Fiat, позната од Alfa Romeo Giulietta.

Надворешниот дизајн е елегантно изведен со меки и течни линии, како и многу хром. На предниот дел доминира големата хромирана маска вкомпонирана во спортски браник, големи светла и чисти линии. Страните се изведени со едноставни и допадливи линии, со хром околу стаклата, исто како и задниот дел на кој доминираат новите светла и хромирана лента на средина.

Големите надворешни димензии (должина 4679 мм, ширина 1850 мм и 2708 мм меѓуоскино растојание) гарантираат пространа внатрешност, и огромна понуда на багажен простор, како што е случај и кај конкурентите од оваа класа. Фотографии од внатрешноста сеуште нема, но за очекување е дека ќе биде слична со таа од Dodge Dart и ќе го задржи 8.4 инчниот touch екран со навигација.

Во првичниот период за погон ќе бидат задолжени две верзии од новиот 1.4 T-Jet турбо агрегат, послабата со 120 КС и помоќната со 150 КС, а во понатмошниот период се очекува и дизел агрегат, најверојатно 1.3 MultiJet. Моќта преку петстепен мануелен менувач или преку новиот шестстепен Dual Dry Clutch Transmission (DDTC) менувач со две спојки се пренесува на предните тркала.

Fiat Viaggio ќе се произведува во Кина со локалниот партнер GAC (Guangzhou Automobile Company) и во првичниот период целото производтсво ќе биде наменето за Кинескиот пазар, а подоцна и на Европскиот пазар каде за главни конкуренти ќе ги има Volkswagen Jetta, Renault Fluence, Skoda Octavia итн.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
добра фаца држи фиатчево само би му замерил што е толку високо да беше малку пониско ке беше она баш ебачко
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
185
Поени од реакции
138
Rimac Concept One
ќе биде изработен во 88 примероци, а цената на автомобилот ќе изнесува ни помалку, ни повеќе - 750.000 евра. Концептот ќе биде напојуван од посебен систем составен од 4 електрични мотори кои ќе бидат поврзани со сите 4 тркала. Електричните мотори ќе произведуваат вкупно 1088КС и вртежен момент од 1600
Nm.
Ова значи дека автомобилот ќе забрзува до 100
km/h
за 2,8 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 305
km/h.
Rimac-Concept-One-Price.jpg Rimac-Concept-One-Frankfurt-2011-04-640x431.jpg
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
MDI (Moteur Developpment International )
e компанија која се занимава со развој на возила кои се придвижувани со помош на компримиран воздух сместен во резервоар во возилото. Во 2007 оваа француска компанија која е со седиште во Луксембург потпиша меморандум за соработка за развој на овој вид на возила со индиската компанија Тата моторс.

 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Rimac Concept One

ќе биде изработен во 88 примероци, а цената на автомобилот ќе изнесува ни помалку, ни повеќе - 750.000 евра. Концептот ќе биде напојуван од посебен систем составен од 4 електрични мотори кои ќе бидат поврзани со сите 4 тркала. Електричните мотори ќе произведуваат вкупно 1088КС и вртежен момент од 1600

Nm.

Ова значи дека автомобилот ќе забрзува до 100

km/h

за 2,8 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 305

km/h.


Интервју со сопственикот на Римац Автомобили
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
“Ауди” во првата половина на оваа година започна прилично добро, судеијки спрема финансискиот извештај кој ни доаѓа од реномираниот производител на автомобили.”Ауди” спрема него ги оствари своите големи цели, како во смислата за продажба, така и во смислата на приходот.


За првите шест месеци “Ауди” групата успеа да оствари приход од неверојатни 2,9 милијарди евра, што е доказ дека компанијата од Инголштад упорно ја игнорира кризата која со години ја тресе автомобилската индустрија.
Остварениот приход е за 9,3 % поголем од оној кој е остварен претходние години, а остварен е спрема пласманот на 733.237 автомобили што е за 12,3 %’ поголем од побарувачката забележана во првата половина на 2011 година.
Тоа е нешто повеќе од 50 % планираната овогодишна продажба, затоа што “Ауди” зацрта дека до крајот на 2012 година ке продаде неверојатни 1.4 милиони возила.
Побарувачката за “Аудиевите” модели, се однесуваше пред се на Q3, Q6, A6 i A7 моделите, кои ја зголемија заработката за 16,2 % во однос на минатогодишната цифра.ж
Адутите на “Ауди” за остатокот од годината се кријат во моделите “A1 sportbek”, “Q3″ и оној што е очекуван да пристигне “A3″, од кои се очекува да ги пробијат зацртаните планови и на компанијата да и донесат додаден приход.
Извор.
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
42
Поени од реакции
26
Еве нешто.........................Мерцедес Бенз СЛМ-02
615 КС
Макс.Брзина:375Km/h
Должина 3,12.М
Ширина:1.19........... Шо Мислите ? |ONLY AVAIBLE IN 2015 YEAR| 2015-Mercedes-Benz-SLM-02.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom