Авто новости

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
што гледав некои краш тестови на кинески луксузни коли... тешко на тој што ја вози таа кола и ке се слупа со нејзе при поголема брзина од 40 на саат :angel1::angel1::angel1:
 

ScArFaCe_K4

Кретенски username, знам.
Член од
29 јануари 2007
Мислења
344
Поени од реакции
16

Кога сме веќе кај crash test на кинески автомобили, ја да работам во ADAC би барал забрана за влез во европа за тој што ја направил колава.

Можно е како што имаше инвазија од кинески веспи во македонија, така и да има со кинески автомобили?

П.С. Воланот на судар при 50 км/ч оди над него, камо ли при 120 што ќе се случи
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
бидејки имам мојот магацин и работилница е веднаш со еден авто сервис, (сум кажал неколку пати) кај нас таму има дојдено барем 50 кинески скутерчиња и вепи ПРЕКРШЕНИ. по тенко зидни рамови не сум видел... пази ова, на мотор од 250 кубика му пишува во упшатството дека максимална носивост е 130 кила:vozbud:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
бидејки имам мојот магацин и работилница е веднаш со еден авто сервис, (сум кажал неколку пати) кај нас таму има дојдено барем 50 кинески скутерчиња и вепи ПРЕКРШЕНИ. по тенко зидни рамови не сум видел... пази ова, на мотор од 250 кубика му пишува во упшатството дека максимална носивост е 130 кила:vozbud:
Ахахахаха 130кг :))) Еее...3 кинезчиња да се качат нема да го надминат лимитот :))
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Кинескиот Chery официјално во Македонија

На самиот старт на македонските купувачи на располагање ќе им бидат три модели од гамата на најголемиот кинески производител на возила, Ego во класата на мини возила, Tengo од компактната и SUV изведбата Tigo.

Македонската компанија Авто Експерт на посебна свеченост, во присуство на голем број гости и официјално, вчера, објави дека неодамна стана ексклузивен увозник и дистрибутер на возилата од програмата на кинескиот производител Chery. Станува збор за еден од најголемите кинески производители кој неколку години е присутен на европскиот пазар. Авто-Експерт возилата ќе ги нуди преку компанијата Камор Груп, со седиште во Тел Авив, кој е официјален застапник за Chery во повеќе земји од регионов Бугарија, Србија, Романија, Црна Гора, а сега и Македонија.

Продажбата ќе стартува во Ци-Лаз, овластениот дилер за Скопје, во продажен салон од 350 метри квадратни, колку што е и квадратурата на сервисот и 200 метри квадратни административен дел. Сервисот е опремен со специјализиран алат и веќе обучен кадар, што е многу важен елемент на стартот во работата. На нашите купувачи на располагање на почетокот ќе им бидат три модели Ego, во класата на мини возила, Tengo од компактната и SUV изведбата Tigo. Најголем адут секако се цените. Ego ќе се нуди со почетна цена од 7.400 евра, за моделот Tengo се потребни 10.490 евра и за Tigo 13.990 евра.

АвтоПлус

Една работа не ми е јасна. Најголем адут им се цените!? Ego за 7.400 евра? А Хјундаи и10 е 6.990 евра. Јас не би ги споредувал.
Да им се цените некој 3-4000 евра, да се излажи човек ама тоа кинеско срање да е поскапо од конкурентите и луѓето да го купуваат!?
Кој ќе си го купи со здравје нека си го вози. Попромаршена инвестиција за парите здравје!
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ма здравје нема да виде човек од овие кинески коли.Да го потчукнат малце на паркинг ќе му го преполоват браникот.
Се смачка како желе.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
да да... цените се несвест.... башка денес слушав нешто дека ке се запрел увозот на кинеските коли, затоа што не ги исполнувале стандардите наложеби од европската унија... имале пониски стандарди дури и од овие што се дозволени за увоз како половни возила... незнам што цилаз (лазе) одлучил да направи ваков чекор? доста чудно од негова страна... плус цените се што да ти кажам... за кинески автомобил толкава цена? изгледа очајно му требата пари...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Abe onak ne zadovoluvaa eve cist primer ona "kombenceto" od lifan ili od koj i da e so e 6-7000evra na masinski e vrateno ne e homologirano a pominato e vo drugive mesta so vrsat homologacija vo zemjava. Znaci nekoj nekogo podmackal i vise ne e bitno dali e bezbedno ili ne bitno on stail nesto u dzeb pa lugje neka ginat
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
да бе... ама кога ке подразмисли човек, тие не се ништо полоши од една застава да кажеме... 101, југо, 128, фико... сите тие се такви, кога ке се судрат се прават како армоника... па луге сеуште ги возат... и сега, да продолзиме со компарацијата понатака.. застава од секогасх била и ке биде едо од поевтините возила, а овие кинескиве не се.. е па благодарам, но не-благодарм... за таа сума на кинез кој може да изгинеш како никој, се купува бааги по здрава и јака кола...
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
„Понтијак“ отиде во историјата

Mарката автомобили „Понтијак“ од вчера замина во историјата, откако една година претходно, компанијата-мајка, „Џенерал моторс“, го најави нејзиното повлекување.
Имаше огромни мотори од осум вентили, дрзок стил, беше брз и достапен за обичните Американци.


„Понтијак“ ја погоди чувствителната точка на Американците, кои во шеесетите и седумдесетите најмногу го возеа.

Од корените во градот Понтијак, Мичиген во 1920-тите, автомобилот „Понтијак“ стана олицетворение за американските големи автомобили со славни модели како „Бонвил“, „ЏиТиОу“, „Фајрбрд Транс-Ам“ и „Каталина 2+2“.

И Холивуд ги сакаше овие модели. Но тие не беа многу добри, па во подоцнежните години компанијата стануваше се помалку влијателна.

На крајот, во време на пазарни промени, опаѓачка продажба и брутално ре-структуирање, компанијата-мајка „Џенерал моторс“ ја спушти завесата на „Понтијак“.

ЏиЕм мораше самиот да се спасува од банкрот, па „Понтијак“ мораше да замине.

BBCMacedonian

 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Dacia спрема моделска експанзија
08.11.2010

Од Романија дуваат нови ветришта. Dacia која очигледно во моментот одлично орбитира на пазарот на автомобили благодарение на актуелните модели сака парче од пазарниот колач и во други сегменти.

Од Dacia пристигнува информација дека компанијата се подготвува до 2015 година да претстави 8 нови или модернизирани модели како фејслифт на Logan и Sandero и нивните изведеници, фејслифт на Duster, но и сосема нови модели.

Се очекува нов малечок хачбек којшто ќе се претвори во најевтиниот модел на марката и неговата цена нема да мине преку 6.000 евра. Новиот модел би го носел името Citadine и би нудел пет врати и пет места за седење. Не се споменува седан верзија како во случаите на Logan и Sandero. Новиот модел исто така би бил создаден на платформата на Clio и би имал каросерија составена од компоненти на Logan и Clio од втората генерација.

Малиот хечбек за првпат во понудата на современата Dacia ќе понесе мотор помал од 1.4 литри. Под хауба би работел 1.2 литарскиот бензинец познат од Renault Twingo, а дизелска варијанта не опција. Овој модел би се појавил на пазарот во втората половина на следната година. Друг нов модел ќе биде седан за број поголем од Logan кој ќе пристигне кон средината на 2012, а по него во 2013 следуваат и нов миниван и пикап. Во 2014 година на пазарот пристигнува модернизираната верзија на скоро претставениот кросовер Duster, а се очекува и неговата пикап варијанта со двојна кабина плус товарен простор.

Во 2015 се очекува комплетно нова генерација на Sandero. Најпопуларниот и најпродавани от модел на Dacia со кого романците влегоа во прва лига, Logan очекува наследник кон крајот на 2012 или почетокот на 2013 година.

Vozi.com.mk
______________________

Некои првични рендери за тоа како би изгледале моделите

Проектот на Dacia - X52 (Можен наследник на Логан -2012/13)




Ново мало градско количе (5000-6000 евра, до 2015)



Dacia MPV (10000-11000 евра)


Наследникот на Сандеро (2015 година)
 

Untak

Simply complicated...
Член од
16 јануари 2008
Мислења
441
Поени од реакции
68
Денеска беше последната трка од шампионатот кај нас... незнам колкумина ја проследија.. еве да споделам дел од акцијата што можев да ја фатам...
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Сакате ли да знаете што значат имињата на брендовите на колите

Дали знаевте дека всушност секој бренд носи скриено значење во неговото име? Не знаевме ни ние, но еве налетавме на една листа која ги објаснува брендовите коли и точно кажува како акроним кој бренд за што стои... Интересно! Дознај ги тајните значења на брендовите и нивните имиња...

Дали знаевте дека всушност секој бренд носи скриено значење во неговото име? Не знаевме ни ние, но еве налетавме на една листа која ги објаснува брендовите коли и точно кажува како акроним кој бренд за што стои... Интересно!

Еј и само да нагласиме пред да не нападне некој налутен дилер на некој од овие брендови. Оваа листа за жал, не ја смисливме ние, едноставно ја пронајдовме и ја споделивме со нашите верни автомобилски фанатици. Ах да, кога сме веќе кај нив, нека не се навредуваат ниту сопствениците на некое од овие возила... само се забавуваме!

AUDI: Another Ugly German Invention (Уште еден грд германски пронајдок)

BMW: Brings Me Women (Ми носи жени)

FIAT: failure in the Italian ΑutomotiveTechnology (Утка во италијанската автомобилска индустрија)

FORD: Fast Only Rolling Downhill (Брз само кога се тркала надолу)

SAAB: Shape Appears Ass-Backwards (Личи на нешто само кога го гледаш од позади)

HYUNDAI: Hope You Understand Nothing’s Driveable And Inexpensive… (Се надевам рабираш дека ништо не е истовремено евтино и во возна состојба)

SUBARU: Screwed Up Beyond All Repair Usually (Толку заебано што најчесто не може ни да се поправи)

VOLVO: Very Odd Looking Vehicular Object (Превозно средство кое изгледа многу чудно)

PORSCHE: Proof Of Rich Spoiled Children Having Everything (Доказ дека богатите размазени деца имаат сe)

http://www.gt.mk/News.aspx?PostID=7a466b58-ccd7-4e13-bbd7-479685a6e940

:pos2:

волво кола (вол во кола) на нашки
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Неговото величество - BMW Серија 3!



Вака ќе изгледа новата серија 3 на BMW. Како и секое ново BMW, прилично различно од претходно, но и тоа како фантстично! ...

Ќе почекаме уште дванаесет месеци за официјално да го видиме култниот и сигурно најпопуларниот модел на BMW. Новата серија 3 која има многу храбар изглед, полесни и подобри мотори и како што најавија од BMW, многу поостри возни својства.

Најавите од BMW се дека ова ќе биде најпосакуваната серија 3 досега, не само заради проширената понуда на мотори и Gran Tourismo моделот, туку заради дизајнот кој во многу наликува на оној од неодамна претставената Серија 5.

Шпионските фотографии биле сликани за време на тестирање во Германија и целосно го покажуваат автомобилот, и однадвор и однатре. Од фотографиите може да се забележи дека оваа серија 3 е бебето на серијата 5 - поисправената предница и проширените отвори за воздух го покажуваат тоа. Кај 3-ката забележлива е поагресивната предна маска, подлабоките предни светла, како и поголемите странични крила...

Повеќе



Навистина добар дизајн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom