Авто новости

Член од
18 април 2007
Мислења
372
Поени од реакции
32
Дали имате некои сознанија за Lifan 320, ги носат од скоро и кај нас, за околу 7500 евра?
 
T

Tetro

Гостин
Дали имате некои сознанија за Lifan 320, ги носат од скоро и кај нас, за околу 7500 евра?
Ako se ova kineskite kopii na Mini mislam deka gi nosat imase reklama negde niz grad vidov
Lifan 320. Деновиве имав можност да видам едно вакво, па и да го разгледам и да му се качам :)

Надворешно изгледа како мало превозно средство кое ќе те пренесе од точка А до точка Б безбедно и навремено. Внатрешноста му е мала и неудобна за поголеми луѓе, (а Кинезите се мали во просек).
Моторот му е 1.4 бензинец (дизел немаат донесено сеуште кај нас).

За опремата:
ABS + EBD
Клима еколошка
Серво волан
Кодирано палење
Две воздушни перничиња
Електрика на ретровизори
Заден спојлер со стоп светло
Централна брава со далечинско
Магленки (предни и задни)
Задна клупа на преклопување
Електрика на стакла
Пневматици (165/70R14)
Алуминиумски наплатки
Радио со MP3 и 4 звучници
Халогени фарови

Работна зафатнина: 1342
Максимална сила: 65 kW
Потрошувачка: 4,5 l/100km
Менувач: 5-степен, мануелен
Забрзување: (0-100km/h): 14,5сек
Максимална брзина: 155km/h
Должина: 3745mm
Ширина: 1620mm
Висина: 1430mm
Капацитет на резервоар: 37л
Капацитет на багажен простор: 300л



Цената е 7950 евра. :vozbud:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
^ Скапо е и не вреди. Копија, катастрофална. Па за таа цена има Fiat Punto Classic, Hyundai i10, Citroen C1/Peugeot 107/Toyota Aygo, Dacia Logan/Sandero...вистински автомобили...
Ова не би го споредувал со нитуеден од нив.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Hiriko Citycar пристигнува 2012

За неполни две години на пазарот во понуда ќе се најде Hiriko Citycar, електромобил со должина од 2,5 метри, кој при паркирање ќе може да се намали на 1,5 метар.

За велосипед кој се склопува секако сте чуле, но не веруваме дека за автомобил што може да се склопи не слушнале ни најстраствените љубители на миленичињата на четири тркала. Идеја за автомобил на склопување е преточена во облик на Hiriko Citycar. Оваа креација е премиерно претставена во Берлин, а станува збор за мал, но компактен двосед сп електромотор, на кој може да му се промени меѓуоскиното растојание. Наменет е исклучиво за градско возење и тоа во најфрекфентните реони.

Концептот Hiriko Citycar е дело на MIT (Massachusetts Institute of Technology), а првиот прототип кој можеше да се проба го направи фирмата Denokinn. Возилото е со должина од 2,5 метри, но може за потреби при паркирање да се склопи во автомобил од само 1,5 метар. Hiriko Citycar има електромотори во тркалата, од место до 50 km/h забрзува за три секунди,а максималната брзина му е 120 km/h. За полнење на акумулаторот потребни се само 12 минути, а негов старт на производство се очекува во текот на 2012 година.

Авто+

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Супер возилце... Само има неколку проблеми: цената и автономијата на изминати километри со едно полнење, и вистинската кола што треба да ја имаш в гаража за ако ти притреба да возиш 4 патници, или подолга релација.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Кинеска кола за 8000 еу не фала.

За тие пари се зема Opel Astra H од 2007-2008 на старо.. со поминати 30-40.000.. сосема солидно возило.
 
Член од
24 јули 2010
Мислења
212
Поени од реакции
12
ЗА градско возило е супер башка еколошко возило

добра замена за скутер
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Ova lifanov za 8000evra e gjubre nevideno. Na prv pogled deluva ok ali sednuvam vnatre fakjam plastiki sekoja krcka. Mu vikam na deckoto motorov so proizvodstvo e kinesko nekoe, mi vika ne be od BMW e razvien u kina se prai :S. Da da....sekako. Povekje ocekuvav da mi kazat deka e od nekoj postar model od nekoja poznata marka. Koj ke go razgledue neka zaprimeti i kako kinezite u dizajniranje uste go utnale pristapot za strafovite na granata i dopolnitelno e obrabotuvana za da moze da se ustrafi strafot
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Кога веќе сме кај кинеските автомобили...

Ниедна ѕвездичка за Geely на хорор краш тестот

Првата рунда на латиноамериканските краш-тестови во новооснованата независна агенција за сигурност на возилата (Latin NCAP) ја покажа вистинската состојба за деветте најпродавани модели во Јужна Америка.

Лимузината Geely CK1, еден од најпродаваните модели таму, во судир со статична препрека заработила нула ѕвездички. Дел од вината отпаѓа на непостоењето на воздушно перниче во сериската опрема, а во агенцијата истакнуваат дека забуна меѓу сопствениците може да создаде и прекинувачот за активации, исто така на непостоечкото воздушно перниче на совозачот.

Но, најголемиот проблем на Geely е недостатокот на крутост на шасијата, како и неадекватни зони на гужвање, заради што шансите за потешки повреди на патниците во кинеската лимузина, дури и при полесни судари се исклучително високи.

Пресот на оваа агенција истакнува дека проблемот нема да биде решен со дополнителна инсталација на воздушни перничиња, туку Geely ќе мора да поработи на структурална крутост.
Koli.com.mk
Еве и видео

Колку и да е ефтино (а не е), животот нема цена.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кога веќе сме кај кинеските автомобили...
Еве и виде
Колку и да е ефтино (а не е), животот нема цена.
Кинези се шо сакаш... милијарда и кусур се... немаат гајле.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
8000 EUR?! Абе ајде...нека кршат глава. Јас мислев 3500-5000 евра некаде. Ново Југо. Златно Пунто, златен Chevrolet...ајт таму нека се враќа во Кина... :) да не речам кај да оди повулгарно :))
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Потешко е да смачкаш чоколадо отколку кинеска кола
 

Kajgana Shop

На врв Bottom