Ниедна ѕвездичка за Geely на хорор краш тестот
Првата рунда на латиноамериканските краш-тестови во новооснованата независна агенција за сигурност на возилата (Latin NCAP) ја покажа вистинската состојба за деветте најпродавани модели во Јужна Америка.
Лимузината Geely CK1, еден од најпродаваните модели таму, во судир со статична препрека заработила
нула ѕвездички. Дел од вината отпаѓа на непостоењето на воздушно перниче во сериската опрема, а во агенцијата истакнуваат дека забуна меѓу сопствениците може да создаде и прекинувачот за активации, исто така на непостоечкото воздушно перниче на совозачот.
Но, најголемиот проблем на Geely е недостатокот на крутост на шасијата, како и неадекватни зони на гужвање, заради што шансите за потешки повреди на патниците во кинеската лимузина, дури и при полесни судари се исклучително високи.
Пресот на оваа агенција истакнува дека проблемот нема да биде решен со дополнителна инсталација на воздушни перничиња, туку Geely ќе мора да поработи на структурална крутост.
Koli.com.mk