Ова е само концепт.
Концептите се прават само со замисла и без реализација,
Претпоставка на некои футуристи е дека ќе биде реализиран проектот во наредните 30 години,
Мене лично ме загрижува следново:
погонското гориво кое ќе го користи овој изум?
и низа друѓи прашања, сензори за против судири (магнети)...
Проблемот со безбедно движење на возилото по патиштата е лесно решлив. Со помош на радари, компјутери, сензори, сето тоа ќе се реши.
Но кое е задоволството да поседуваш возило кое се движи автоматски?
ОК, за на долги патишта можеби е добро, ама уживањето во возењето е друго.
--- надополнето ---
Грешка... ќе прајме муабет за 30 години па ќе видиш.
На сите од интерес им е да се продава барел (а.ка буре) нафта за 50 наместо некогашните 15 долари, а ние живееме во илузија дека нафта ќе снема. Ако снема, знаеш каков колапс ќе се случи? И друго, ако стварно нема нафта, треба да се почни со развој на овие електрични автомобили бидејќи прашање е дали за 20 години напредок и развој од сега ќе може електричен автомобил да го замени обичниот. Сети се кога го изгради Хенри форд првиот големосериски автомобил, и колку време помина за да дојде до денешното ниво на модернизација. Е тоа кога ќе се случи, ќе биде главен знак дека нафтата дошла на некоја резерва и гледано од тогаш ќе ја има уште 20 години.
А прибидејќи овие ја заташкуваат работата стандардно, и проектите дремат во фиока чекајќи цената на нафтата да си порасне... ете ти го заклучокот дека има нафта за 200 години.
Не е точно. Резервите на нафта ќе траат најмалку уште 40, 50, па еве и 60 години. Резервите кои ќе бидат економски исплатливи, пошто како што ќе се троши, така и ќе се зголемува цената на нафтата во иднина.
Сепак ел. автомобили нема да ја заменат нафтата, туку ќе почни да се користи био горивото, како и хибридни модели... а исклучиво ел. автомобили може да се користат само за кратки дестинации, низ град, патување до работа и сл... ама ако му се исплати на секој да купува по 2 автомобили 1 за низ град и друг за долги дестинации... така да не гледам многу иднина во чисто електричните автомобили.
А замената нема да настане наеднаш.... тоа е процес кој е веќе започнат и полека, бавно биогоривата и хибридите ќе ја заменуваат нафтата...
--- надополнето ---
пишува ..
соларна енергија и ел.мотор ..
Според тој концептот што е погоре тешко дека ќе може да биде подвижна и на нафта... 7 патници, кревети дисплеи, никаква аеродинамичност, енергија за компјутерот и дисплеите итн итн...