Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.656
- Поени од реакции
- 34.947
Темата дали да има или да нема абортус е генерална и на светско ниво, небитно е дали пример: Македонија и Германија имаат мал наталитет и не треба да дозволат абортус, а Кина има премногу па треба да го дозволи.Не, ни требаат кратење на роковите на посвојување. Премногу парови се одбивани.
Секоја година губиме по 20 одделенија во основните училишта, не само поради абортусите, туку повеќе затоа што многу парови не сакаат да имаат деца. Државата треба да помага и таму.
А за тоа каде се трошат пари, може да дискутираме, но генерално би се сложиле.
Право на избор е и треба да постои, не може да наложиш на некој да го носи во себе 9 месеци и да мора да го роди, а потоа да го остави на грижа од системот.
Некогаш станува збор за грешка, некогаш станува збор за присилно и тн.
Јас сум и за уште еден чекор, т.е доколку може да се процени дека детето ќе биде со некаков сериозен синдром или инвалидитет да се абортира бидејќи со свои очи имам видено семејства што живеат доживотно во нервози со одгледување на такви деца, па дури и нивно растурање (едноставно во голем дел од таквите ситуации мора минимум 1 човек да биде врзан 24/7/365 околу тоа дете).
Инаку државава не би ја коментирал, со ваква стабилност на работни места, цена на живот, цена на недвижности добро е и толку што се одлучуваат за деца.