Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Добро е, оваа дискусија не ни заврши со тоа дека "јас немам матка".

Што е главниот проблем? Станува збор за живот, а не само за ткиво и клетки. Нашето општество умира, имаме се помалку родени деца, дел од младите одат во странство и не се враќаат и популацијата ни старее и тоа е многу сериозен проблем. Требаше онаа пропаганда за семејството и против абортусот да продолжи, не е битно нејзиниот ефект. Потоа не требаше да се продолжи можноста да се абортира и во вториот триместар. Значи постои и простор за напредок.

Од твојата гледна точка, не секој живот вреди еднакво. Животот вреди колку што само мајката го цени. Дали можам да ја фатам во целост страната дека сум во сите случаи про-живот? Да, не е популарно, ама секоја, буквално секоја реплика ќе биде инцест и силување, па не се нафаќам за тоа.

Секогаш тука настануваат нашите несогласувања, а ова е можеби 5 пат да дискутираме на оваа тема. Да, секој живот вреди. Ако зборуваме така на маса можем да ја ставиме смртната казна, евтаназијата или хемиската кастрација, нели сите се по волја на една страна. Дали се во ред, посебно хемиската кастрација? Секако дека не.

Да одговорам на прашањето на темата- не.

пи.ес. Посакувано од родителот! Дали тој родител може да биде таткото?
Не знам кој раѓа деца бидејќи го има на ум старото или младото општество. Дали децата во Африка, според ова, треба да умираат од глад, ама да бидат родени?

Нормално дека може да биде таткото. Треба да донесат одлука заедно, а не тој да е небитен фактор. Е сега, дали мајката може да го изигнорира неговото мислење или воопшто да не каже, секако.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Како тоа да не каже? Не е битно дали станува брачна или вонбрачна заедница, треба и таткото да знае. Зборуваме за просто знаење, не за нешто повеќе.

Во Македонија има 30-40 силувања во просек годишно (пријавени), инцестот или го нема или се брои на една рака. Значи графите во овие полиња или се празни или се промил.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
@MAJA 345 ако особа Х,забременила во групен секс,и незнае кој е таткото и затоа абортира,дали и тоа го оправдуваш.?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.915
Добро е, оваа дискусија не ни заврши со тоа дека "јас немам матка".

Што е главниот проблем? Станува збор за живот, а не само за ткиво и клетки. Нашето општество умира, имаме се помалку родени деца, дел од младите одат во странство и не се враќаат и популацијата ни старее и тоа е многу сериозен проблем. Требаше онаа пропаганда за семејството и против абортусот да продолжи, не е битно нејзиниот ефект. Потоа не требаше да се продолжи можноста да се абортира и во вториот триместар. Значи постои и простор за напредок.

Од твојата гледна точка, не секој живот вреди еднакво. Животот вреди колку што само мајката го цени. Дали можам да ја фатам во целост страната дека сум во сите случаи про-живот? Да, не е популарно, ама секоја, буквално секоја реплика ќе биде инцест и силување, па не се нафаќам за тоа.

Секогаш тука настануваат нашите несогласувања, а ова е можеби 5 пат да дискутираме на оваа тема. Да, секој живот вреди. Ако зборуваме така на маса можем да ја ставиме смртната казна, евтаназијата или хемиската кастрација, нели сите се по волја на една страна. Дали се во ред, посебно хемиската кастрација? Секако дека не.

Да одговорам на прашањето на темата- не.

пи.ес. Посакувано од родителот! Дали тој родител може да биде таткото?
Колку деца имаш ти одгледано чим си толку загрижен за наталитетот?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
@MAJA 345 ако особа Х,забременила во групен секс,и незнае кој е таткото и затоа абортира,дали и тоа го оправдуваш.?
Имаш постапка за утврдување на татковство.
Да не имаш ти таков проблем? :D

Јас си го кажав моето, има исклучоци и немам личен проблем со истите, но тоа што не била спремна или имала финансиски проблеми (тука треба да се гледа заедно, заедно двата родитела треба финансиски да помагаат за детето) не е причина. Знам како моите баба и дедо во една соба израснале 2 деца, потоа им се отвориле приликите. Во една соба со една плата!
Автоматски споено мислење:

Што мислиш ти? :)
Ако ти кажам две, ќе ти промени нешто!?
 
За среќа не )))
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Како тоа да не каже? Не е битно дали станува брачна или вонбрачна заедница, треба и таткото да знае. Зборуваме за просто знаење, не за нешто повеќе.

Во Македонија има 30-40 силувања во просек годишно (пријавени), инцестот или го нема или се брои на една рака. Значи графите во овие полиња или се празни или се промил.
Па јас не викам дека не треба да знае и да одлучува. И ако одлучат тој да го гледа детето, таа само да го роди, во ред. Пак тоа дете е сакано од родител.

@MAJA 345 ако особа Х,забременила во групен секс,и незнае кој е таткото и затоа абортира,дали и тоа го оправдуваш.?
Има начин да дознае кој е таткото, ако тоа што не знае, и е причината за абортирање.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.915
Имаш постапка за утврдување на татковство.
Да не имаш ти таков проблем? :D

Јас си го кажав моето, има исклучоци и немам личен проблем со истите, но тоа што не била спремна или имала финансиски проблеми (тука треба да се гледа заедно, заедно двата родитела треба финансиски да помагаат за детето) не е причина. Знам како моите баба и дедо во една соба израснале 2 деца, потоа им се отвориле приликите. Во една соба со една плата!
Автоматски споено мислење:

Што мислиш ти? :)
Ако ти кажам две, ќе ти промени нешто!?
Ме интересира, да видам каква е стратегијата на мотивациските лидери за наталитет
иако јас би се кладел на 0 во твојот случај
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ме интересира, да видам каква е стратегијата на мотивациските лидери за наталитет
иако јас би се кладел на 0 во твојот случај
И јас се кладам на скоро 0, ама подобро е да има некаква кампања, отколку ништо. Веќе имаше, не знаеме каков беше нејзиниот ефект (ама речиси со сигурност можам да кажам скоро па никаков). :(
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.915
И јас се кладам на скоро 0, ама подобро е да има некаква кампања, отколку ништо. Веќе имаше, не знаеме каков беше нејзиниот ефект (ама речиси со сигурност можам да кажам скоро па никаков). :(
Што толку е битно за планетава да има секаде висок наталитет? Еве за нас надокнадуваат во Етиопија, Кина, Пакистан, Индија...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Што толку е битно за планетава да има секаде висок наталитет? Еве за нас надокнадуваат во Етиопија, Кина, Пакистан, Индија...
Кина, држава во која државата забрануваше да се раѓаат повеќе деца.
Во многу степени, меѓу нив се и финансиските, покрај биолошките. Од една страна имаш се помалку работно способно население затоа што има помалку население, а од друга страна се повеќе луѓе кои земаат пари од пензиските фондови. Имаш и помалку даночни обврзници, проблем кој се надоврзува на првиот, а тоа значи помал буџет и голем јавен долг. Можеш да релативизираш, ама постои како проблем.
Власта има дел од вината, пред се затоа што социјална или стан би добил некој човек близок до партијата, отколку самохран родител со неколку деца (посебно кога станува збор за социјалните станови, ај помошта ја добиваат скоро сите).
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.915
Кина, држава во која државата забрануваше да се раѓаат повеќе деца.
Во многу степени, меѓу нив се и финансиските, покрај биолошките. Од една страна имаш се помалку работно способно население затоа што има помалку население, а од друга страна се повеќе луѓе кои земаат пари од пензиските фондови. Имаш и помалку даночни обврзници, проблем кој се надоврзува на првиот, а тоа значи помал буџет и голем јавен долг. Можеш да релативизираш, ама постои како проблем.
Власта има дел од вината, пред се затоа што социјална или стан би добил некој човек близок до партијата, отколку самохран родител со неколку деца (посебно кога станува збор за социјалните станови, ај помошта ја добиваат скоро сите).
И сега за да биде буџетот стабилен (кој патем се троши безмилосно на милион други начини) ни треба поголем наталитет и баш тој наталитет ќе се добие ако нема абортус o_O?
Не викаш дека тие децата што ќе бидат родени и оставени на улица пак ќе бидат товар на буџетот?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И сега за да биде буџетот стабилен (кој патем се троши безмилосно на милион други начини) ни треба поголем наталитет и баш тој наталитет ќе се добие ако нема абортус o_O?
Не викаш дека тие децата што ќе бидат родени и оставени на улица пак ќе бидат товар на буџетот?
Не, ни требаат кратење на роковите на посвојување. Премногу парови се одбивани.
Секоја година губиме по 20 одделенија во основните училишта, не само поради абортусите, туку повеќе затоа што многу парови не сакаат да имаат деца. Државата треба да помага и таму.
А за тоа каде се трошат пари, може да дискутираме, но генерално би се сложиле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom