Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ништо не те разбрав.
Не ми одговори дали би бил со девојка која имала абортус.
Поради такви мислења дека абортусот е убиство, нашите баби и прабаби морале да раѓаат по десетина деца.....бел ден не виделе.
Не ме разбра затоа што не сакаш да ме разбереш. Дали убивањето на роб било/е всушност убиство? Да или не? Толку е прашањето. Робот е човек без никакви права, плодот во матката дури може да наследува.
Што да ти одговорам? Види ако сакаш да разговараме за лични приказни, само ПП. Отвори група, напрај пуканки и прашај што ти душа сака. Од каде да знам дали би бил со таква женска, башка убавината не е сѐ.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561

Каков роб, какви пуканки.....какви лични приказни???
:facepalm:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Каков роб, какви пуканки.....какви лични приказни???
:facepalm:
Значи не сакаш да ми одговориш на прашањето? Зошто да дискутирам повеќе?

Види, јас сакам да ја издвојам твојата лична приказна од темава за дискусија затоа што не сакам да те напаѓам. Тоа не е моја работа. Зборуваме за принципиелност. Но имам дополнение на мојот одговор на твоето прашање. Не знам дали би бил со таква женска, но со сигурност не би сакал да бидам со таква женска (девојка или жена) која ќе остане трудна, нема да ми каже и ќе абортира.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.301
Поени од реакции
27.848
Чиф Кук евидентно е емотивен на темава, дека ако ги послушале баба и дедо он сега немало да постои. Исто ко Канје Вест со неговиот говор во панцир, татко му сакал мајка му да го абортира.
Е сега некој може да каже и дека татко му бил во право.

Чиф Кук, замисли на сликите што ги стави дека тоа е фетусот на Хитлер.

Си имал среќа со прекрасни родители.
Leleee :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
C

CoolIris

Гостин
Ништо не те разбрав.
Не ми одговори дали би бил со девојка која имала абортус.
Поради такви мислења дека абортусот е убиство, нашите баби и прабаби морале да раѓаат по десетина деца.....бел ден не виделе.
Ама проблемот е што ти цело време во погрешен правец ја водиш дискусијата. Ти пропагираш абортус како средство за контрацепција.
Абортусот не е убиство, ама ова што го збориш е навистина монструозно. Не можам да замислам нормален човек заради своја сатисфакција и свое лично невнимание, да си дозволи 10 абортуси во животот. Тоа е болест.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Не знам, јас би прво да се минимализира несакана бременост, едукација, од мали нозе, затоа што вака е многу лошо, и во двете ситуации. Колку само бебиња се фрлени и никогаш не најдени никој не знае.
И јас,имено за истото,да не бременат,да не раѓаат ако не се спремни да понесат одговорност. Вината е секогаш по половина.
90% од абортите се немање едукација и желба на селската раја.
Ок,еднаш,можам да разберам некако,се се случува,никој не е осигуран од ништо.Ама повеќе пати? Тоа за мене е малоумие.
Автоматски споено мислење:

Ама проблемот е што ти цело време во погрешен правец ја водиш дискусијата. Ти пропагираш абортус како средство за контрацепција.
Абортусот не е убиство, ама ова што го збориш е навистина монструозно. Не можам да замислам нормален човек заради своја сатисфакција и свое лично невнимание, да си дозволи 10 абортуси во животот. Тоа е болест.
Она само си бара оправдување,самата пред себе за тоа што го направила,Бидејк и самата не верува во тоа што го пишува
 
C

CoolIris

Гостин
Она само си бара оправдување,самата пред себе за тоа што го направила,Бидејк и самата не верува во тоа што го пишува
Па не сакам да навлегувам во лични работи. Одлучила дека така е најдобро и го направила тоа. Според неа, имала доволно голема причина за абортус.
Глупаво е да и судиме, затоа што вистинските причини не ги знаеме, а и не е наша работа. И уште поглупаво е да мешаме родители.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Па не сакам да навлегувам во лични работи. Одлучила дека така е најдобро и го направила тоа. Според неа, имала доволно голема причина за абортус.
Глупаво е да и судиме, затоа што вистинските причини не ги знаеме, а и не е наша работа. И уште поглупаво е да мешаме родители.
Така е секој со своето бреме.Вистинските причини не ги знаеме,ама догадуваме...
Јас не го осудувам самиот аборт,јас ја осудувам леснотијата со која бременат,а послем абортираат.
Автоматски споено мислење:

Значи не сакаш да ми одговориш на прашањето? Зошто да дискутирам повеќе?
Џабе друже,не чита што си пишал,чита она што сака да го прочита.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Џабе друже,не чита што си пишал,чита она што сака да го прочита.
Ми се здосади да читам дека немала никакви психички или физички последици поради абортусот, не можело да има, не барала совет...како да оди на очно! Абортусот е убиство и тоа е факт, не навлегувам во нејзината животна приказна и уште помалку сакам лично да ја напаѓам, ама малку морав.

Животот настанува со зачнувањето. Тоа го знаат и оние кои имаат диплома од нет. Ако го прекинеш животот, тоа е убиство. Јас цело време зборувам за правото на живот и тука завршуваат моите полемики.

Сме имале слична животна судбина и јас сум (бил) повеќе од среќен што сум се родил. Сум добил шанса и денес ја користам. Ако на некои не им се допаѓаат моите ставови за абортусот, тоа е далеку од мој проблем. Дали би го забранил во некој мој свет? Да, но реално не може да се забрани затоа што, за жал, политиката е правење компромиси. Но тоа не ме спречува да се борам за кои не можат да се борат сами за себе.
 
  • Хаха
Reactions: wot
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.958
Животот настанува со зачнувањето. Тоа го знаат и оние кои имаат диплома од нет. Ако го прекинеш животот, тоа е убиство. Јас цело време зборувам за правото на живот и тука завршуваат моите полемики.
Ете, ти, ко и многу други тука, го зборувате ова. А од друга страна, набројувате подточки за исклучок во кои вие мислите дека може да се абортира, а тоа е силување.
Зашто зачнувањето од силување да може да се убива, а инаку, ради било која рандом причина, да не? Во двата случаи имаш потенцијален родител што не си го сака детето, дај кажете причина зашто првото да може да се абортира така лесно, а другово да не може.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ете, ти, ко и многу други тука, го зборувате ова. А од друга страна, набројувате подточки за исклучок во кои вие мислите дека може да се абортира, а тоа е силување.
Зашто зачнувањето од силување да може да се убива, а инаку, ради било која рандом причина, да не? Во двата случаи имаш потенцијален родител што не си го сака детето, дај кажете причина зашто првото да може да се абортира така лесно, а другово да не може.
Секогаш на маса се става силувањето, тоа е промил. Не одиме кон крајности, зборуваме за секојдневните повеќе од 90% од ситуациите, а тоа се или не е спремна да стане мајка или затоа што финансиски не може. Затоа мора да се внимава, едниот начин е едукацијата. Треба да го имаме сексуалното образование уште во 4то или 5то или некое погорно одделение, не е битно.

Инаку тоа се ситуациите каде двете страни се скоро па согласни, посебно кога е загрозен животот на родилката. Јас сум против абортусот во секоја прилика, но кажав точки каде се прифатени или прифатливи за двете страни, па донекаде и за мене. Дали е бебето криво за тоа? Не. Ама никоја не би сакала да има трауми и да го гледа ликот на оној кој ја силувал секој пат кога ќе погледне во бебето.

Тажно е ова прашање да се политизира, многу е контроверзно, па гледам дека и Врховните судии во САД не зборуваат јавно против, само сметаат дека животот да се прекине треба процес или постапка. Но веќе е во политичките води и гледаш што се случува со Полска. Дали може да се забрани? Не баш, тука може да зборуваме за теорија и за кратење на рокот. Толку.
 
Нема зошто да се прифаќаат исклучоци, ако упорно се вергла дека животот на фетусот е најзначаен. Нити силување, може ќе се роди Ајнштајн и ќе најде лек за рак, нити проблеми на мајката со здравјето, тоа е веќе природна селекција (зашто зачетокот е селекција исто нели и има права од утроба), а нити генетски глупости, еве го некни еден со Даунов го комплетира Ајронмен триатлонот, нешто што здрави прави луѓе не го прават.

Не сум јас политичар или правник, па ајде сега дипломатски ќе играме. Ако веќе трубите дека абортусот е грев, дека мора животот да се роди, тогаш застанете на страната дека секоја мора да го роди. Така нема да се контрате со ставовите, а овие исклучоци ми се толку смешни, зашто скоро секој втор што е против абортус ги има ко напамет научено и ги вергла.
 
Дали би била ЗА секое бебе да се роди?

Не зборувам за гревови, туку за право на живот. Ако му ги признаеме тие права, тогаш може да тргнеме од точката дека секое бебе мора или треба да се роди. Дали тоа е возможно? Пак, не.
 
Јас сум про абортус, го кажав моето мислење пред некоја страна. И иако не посакувам воопшто да мора да бира некоја да го прави тоа, понатаму не разглабам поради која причина некоја сака да го прави тоа. Финансиски, здравствени, себични, какви и да се. Мојот став е тој.

Она што ме тригира на темава е постојаното зборување за право на живот, префрлање вина кај некоја која веќе се одлучила на тоа, и тн, ама сепак е лицемерно кога ќе кажете дека тој живот мора да згасне ако е силување во прашање. Мене лично ми е контрадикторно и јас ако идам на тој став би кажала дека сите деца треба да се родат, за да не ми е напразно првичниот исказ што сум го кажувала.

Сега мислам дека разјаснив подобро и да ти одговорам на прашањето, јас сум ЗА секое бебе што е сакано и посакувано од родителот, да се роди.
 
Добро е, оваа дискусија не ни заврши со тоа дека "јас немам матка".

Што е главниот проблем? Станува збор за живот, а не само за ткиво и клетки. Нашето општество умира, имаме се помалку родени деца, дел од младите одат во странство и не се враќаат и популацијата ни старее и тоа е многу сериозен проблем. Требаше онаа пропаганда за семејството и против абортусот да продолжи, не е битно нејзиниот ефект. Потоа не требаше да се продолжи можноста да се абортира и во вториот триместар. Значи постои и простор за напредок.

Од твојата гледна точка, не секој живот вреди еднакво. Животот вреди колку што само мајката го цени. Дали можам да ја фатам во целост страната дека сум во сите случаи про-живот? Да, не е популарно, ама секоја, буквално секоја реплика ќе биде инцест и силување, па не се нафаќам за тоа.

Секогаш тука настануваат нашите несогласувања, а ова е можеби 5 пат да дискутираме на оваа тема. Да, секој живот вреди. Ако зборуваме така на маса можем да ја ставиме смртната казна, евтаназијата или хемиската кастрација, нели сите се по волја на една страна. Дали се во ред, посебно хемиската кастрација? Секако дека не.

Да одговорам на прашањето на темата- не.

пи.ес. Посакувано од родителот! Дали тој родител може да биде таткото?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom