ДрагИ моИ...
(се раширивме)
Залудно се обидувате да докажете нешто кое апсурдно. Зошто не пазеле. За смешна работа се фаќате да докажувате дека сте во право. Дали не треба да пазите и кога поминувате улица? Јас пазам, вие пазите, и баба ми пази. Ама секој ден некого газат.
Секако дека мора да се пази тоа е неспорно, и на никој не му е мерак да прави абортус, ниту мене ниту на девојките кои се приморани. Никој не оди со радост и бакнежи врели.
За да се докаже она што го реков од претходниот пост дека е работа на став (или си за или си против) докажува и добиената репуттација на тој пост. Добив точно едно зелено и едно црвено. Може да се убедуваме до задутре, ама глупави ќе бидат изговорите за јака медицина за вас, како што за мене ќе бидат уште поглупави тврдењата дека треба да се пази...
Доста бе со тоа "драги" ... ме иритирате, ептен цинично звучите!:pos2:
Туку шала на страна ... зошто го споредуваш сексот со некои махинални и секојдневни навики? Кога преминуваш улица ти пазиш, ама ете некој пијан шофер нема да пази. А кога се има секс, се има само со две лица, кои би требале да се свесни што прават и дека може да се киксне, па да мислат на тоа. Не е баш исто, нали?
А дека е ова работа на став е јасно, со тоа што можеме и малку да дискутираме во врска со нашите ставови. Никој никому не наметнува ништо ... секој има право да негира тоа што не му одговара и да даде свое мислење. Тоа е барем нормално.
AlternativeF напиша:
п.с. како вакви ствари уште слушам... по сите весници трубат (што отприлика би значело дека веќе и основците знаат) дека тоа "свршување надвор" НЕ е најсигурна варијанта затоа што мало количество на сперма (но сепак доволно за зачеток) понекогаш се испушта и во тек на самиот однос.
Е ова веќе го порекнува тоа претходно што го кажав, ама ај ...
Значи да, без да се вреѓаме, прво прашај ме дали го знам тоа и ако го знам, зошто сум напишала така како што сум напишала. Можеби не сум се доискажала, ти не си ме разбрала, па ќе се разбереме де ...
Ајде сега да ти кажам што сум пропуштила ... таа мала количина на сперма, што може да е доволна за зачеток, може да си остане во кондомот, кој не смее да се изостави. Поголемиот млаз кој може да истече (доколку е скинат или лошо ставен кондомот), за да не го мислат луѓето, може да излезе и надвор. Појасни сме?
Vo princip sum protiv abortusot..megutoa da se najdam sega vo takva situacija,i pokraj toa sto sum skoro 3 god vo vrska(znaci nema da bide toa dete na bilo koj,tuku plod na golema ljubov)..so moite 21 i negovite 22,i nasite sto bi rekle "race vo dzepovi"....bi abortirala definitivno!Zapoznaena sum apsolutno so site posledici na abortusot,megutoa dodeka ne obezbedam soodvetni uslovi za zivot na toa dete,ne bi napravila takov krupen cekor!
Аха, добро. А што мислиш, сите родители на светов не биле со таа мисла кога биле колку тебе? И што мислиш, ако сите чекале на тоа, ќе имало уште луѓе на планетава? И што мислиш, кога ќе имаш 25-6-7 години, а немаш сеуште обезбедено соодветни услови за дете, нема да се омажиш и нема да раѓаш?
И да, ќе повторам уште еднаш. Доколку некој не е спремен да си се носи со се` што може да биде последица од тие минути на задоволство, нека не се задоволува додека не е спремен. Смешно звучи да, ама ете смејте се и на тоа што се полнат болниците со малолетнички кои незнаат нос да си избришат, ама ете се решени да абортираат, затоа што им се е*ело ама нејќеле да им влезе.
Ги нагласувам малолетничките затоа што повеќето грешки кај нив се прават, а и јас лично познавам доста такви.