Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Aha....imas 18god..nemas zavrseno ni sredno(pretpostavuvam)..imas decko da receme na tvoja vozrast,god-dve postar, nekoi 5-6-7 meseci,sto ne saka ni da cue za toa dete,brak i sl.propratni stvari...Bi go rodila toa dete?
Да, ќе го родам, а он ако не сака ни да чуе, не мора. Ќе ми биде тешко, ама нема да бидам ни прва, ни последна самохрана мајка.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...imam vpechatok deka se neshto muabetov okolu abrotusite i okolu zivotot, ni se vrti na solo-nachin, demek deka ako ona zabremeni-sea ke mora da abortira zasto on ke izbega i posle ona ke i se upopasti zivotot, a nieden muabet ne vidov od tipot deka ako mi se desi toa so nego ili nejze ke si go rodam i nekako ke se snajdeme poshto se sakame i taka koga i da e ke si imavme dechinja, abe nemora da mislite taka napishete taka-ke dobiete eden kup poeni od site...

...cccccc...ne mi se verue...site sakaat lagarica...legni lebche da te jadam...


...smislata na zivotot ne e shetancijata i uzivancijata...toa za sto postoime e reprodukcija i postojana borba za podebar zivot...taka bilo od sekogash...ne e lesno ama pa drugachie neznam, bi bilo malce sebichno da se razmislue...nevermind-samo mislenje e ova...:toe:
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ok.ne se somnevam deka ke bide sakano toa dete,megutoa sepak mislam deka taka mlada,i sama ne bi mozela da mu ovozmozis zivot kakov sto sakas na toa dete.Muabetov go pravam zatoa sto imam pr.bas za takva situacija,slucka so bliska drugarka.Odgleduvanjeto ne e taka ednostavno,i bezrezervnata ljubov kon deteto,da,e edna od najbitnite stvari,megutoa ne i edinstvena koja treba da mu pomogne da se razvie vo normalana i zdrava individua.:)
Исто и јас. Имам случај, другарка моја многу блиска, забремени, и го роди детето, една година поголема од мене е. Се мажи, и ете, оди на факултет, си ја нареди цела работа.
Не можиш да кажваш така. То е индивидуална работа и тука зема учество и среќата. Ако имаш малце појќе среќа, ќе ти успеј се во животот, а ако имаш помалце среќа, епа ќе треба да се потрудиш малце појќе за да успејш.
Во право е Љупчо, не е животот само уживанција и шетање..Животот значи и борба, порази, падови. Како шо кажав претходно..То шо си го издробил, исркај си го и голтни си го, па колку сака нека е горчливо.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Секој има право на свој избор,и не може да ги осудуваме луѓето затоа што секој има право на свој живот.Ако некој сака да абортира нека абортира,а ако несака не.Не значи дека ако се 18 години неможат да успеат,и никој не гарантира дека ако се 30 год дефинитивно ќе успеат.Јас лично не би се одлучила на тој чекор.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
ех женски глави мислете пред да дојдете до бременост.мислете на последици пред нешто да се случи.не оправдувам абортус без разлика на сиромашка, мала, голема, образована, необразована девојка.кога можела да има секс може и да си ги сноси последиците.грешка нема грешки ако се советуваш предвреме.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не бе роди го на 16, уништи си го својот живот, моли ги свекорот и свекрвата да ти дадат пари за млеко и пелени, па на 20 години со 4 годишно дете ќе маваш глава од ѕид зошто немаш средно, т.е. нема што да работиш освен келнерка, така????

Заеби, не ми е тоа филмот. Можеби не е се и до парите, ама мора да си колку толку обезбеден за да се движат работите како што треба. Заврти се наоколу и всушност се се врти околу тоа, караница околу пари и слично. Не сакам пари на претек, едноставно доволно за дневните потреби, да не молам некој, и да не се задолжувам.
Ти дава некој гаранција дека вечно ќе бидеш на работно место?Ти дава некој гаранција дека добро ситуираниот маж нема да те остави и цел живот ќе ти биде розев?Никој не дава,и што правиме тогаш со роденото дете?М?Ете си го родила во добро време и недај Боже се вртат работите...
И како што одат работите во Македонија со невработеноста би требало 90% да не раѓат ако чекат на вработување,подобар живот и ред други работи...



Периодот е мислам дека две недели, не сум сигурна, но штом ти доцни еден ден може да се добијат позитивни резултати на оние тестови за бременост.

А толку многу начин има да се затрудни, тоа е страшно. Ниту кондом, ниту пилули, нема толку сигурен начин да се спречи тоа.
Имам братучетка останата трудна, преку кондом, па ти види сеа?

Има девојки се оставени од машките при позитивен резултат, немоќни да го издржат притисокот сами.

Има многу причини, не сум за абортус, ама несакам да гледам и несреќни деца. Премногу млади деца видов на психијатрија, депресивни, изгубени, отргнати од цел свет, што мислиш од што е тоа?????:smir:
Периодот не е две недели туку повеќе од две недели отприлика четири недели ако не и повеќе.

И да на психијатрија може да се најде и дете со богати родители!И знам еден куп пресреќни деца од самохрани мајки...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
ех женски глави мислете пред да дојдете до бременост.мислете на последици пред нешто да се случи.не оправдувам абортус без разлика на сиромашка, мала, голема, образована, необразована девојка.кога можела да има секс може и да си ги сноси последиците.грешка нема грешки ако се советуваш предвреме.
зашто само женските глави да мислат? женските сами не си ги прават децата... и машките се активни учесници во тој процес (барем колку што ми е мене познато) :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ти дава некој гаранција дека вечно ќе бидеш на работно место?Ти дава некој гаранција дека добро ситуираниот маж нема да те остави и цел живот ќе ти биде розев?Никој не дава,и што правиме тогаш со роденото дете?М?Ете си го родила во добро време и недај Боже се вртат работите...
И како што одат работите во Македонија со невработеноста би требало 90% да не раѓат ако чекат на вработување,подобар живот и ред други работи...
Почна ептен да претеруваш со овој “ортодоксен“ анти-абортус муабет. Подобро е во моментот да имаш и да се надеваш дека никогаш нема да немаш, па да родиш, отколку да немаш а да се надеваш дека некогаш ќе имаш па да родиш.
И како што работите се во Македонија, на жените им е попаметно да го прават тоа. Или повеќе ви се допаѓа имиџот на муслиманите кои имаат десет а ги растат како трева, само дај им да шреживеат а дали од нив ќе искочи човек воопшто не е важно.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
зашто само женските глави да мислат? женските сами не си ги прават децата... и машките се активни учесници во тој процес (барем колку што ми е мене познато) :)
додека не му дозволиш на гостинот да влезе во тебе се картите
не мора да објаснувам ти изгледа знаеш што сакам да кажам али останатите?:smir:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
додека не му дозволиш на гостинот да влезе во тебе се картите
не мора да објаснувам ти изгледа знаеш што сакам да кажам али останатите?:smir:
јасно, јасно.... :) ама и гостинот кога ќе влезе треба да пази што прави... :)
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Почна ептен да претеруваш со овој “ортодоксен“ анти-абортус муабет. Подобро е во моментот да имаш и да се надеваш дека никогаш нема да немаш, па да родиш, отколку да немаш а да се надеваш дека некогаш ќе имаш па да родиш.
И како што работите се во Македонија, на жените им е попаметно да го прават тоа. Или повеќе ви се допаѓа имиџот на муслиманите кои имаат десет а ги растат како трева, само дај им да шреживеат а дали од нив ќе искочи човек воопшто не е важно.
...dali ja toa dobro chitam, deka gospodine moderatore vie ste za rasna i verska netrpelivost, mnogu losha sporedba bi kazal ja...hmmmmmmmmmm dal ke iskochi chovek ili ne???...interesno...samo sto se poishe kapitalot e na strana na Muslimanite pa si gi ranat ubavo decata bash, mislam nema nevraboten rabotosposoben Musliman u RM...taka da ne ti drzi teorijava bash...imaat oni na koj nachi-na toj-ali imaat i ne se plashat da ragaat i da praat deca, pa i nashive stari na vremeto ragale po 5-6 deca...toa e fakt...mislam babite i dedovcite...

...nego problemot u kukanjeto poshto ima mnogu razmazeni princezi i princoi i sve im fali neshto a ustvari ne im se prifakaat obvrskite na zivotot, ili pak se krajno izkompleksirani...
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Почна ептен да претеруваш со овој “ортодоксен“ анти-абортус муабет. Подобро е во моментот да имаш и да се надеваш дека никогаш нема да немаш, па да родиш, отколку да немаш а да се надеваш дека некогаш ќе имаш па да родиш.
И како што работите се во Македонија, на жените им е попаметно да го прават тоа. Или повеќе ви се допаѓа имиџот на муслиманите кои имаат десет а ги растат како трева, само дај им да шреживеат а дали од нив ќе искочи човек воопшто не е важно.
Ако ти смета мојот „ортодоксен„ муабет може комотно да го прескокнеш,не претерувам само сакам да ви укажам дека абортусот е убиство,и дека сите лигави кукања од типот на „мала сум„ „егоистична сум„ „имам секс со 14 ама ја сум маwецко за бебе ухухуху„и ред други работи мене ми се повраќа!

А имиџот на муслиманите хммм... треба прст у чело да ставите за тоа прашање или повеќе ви одговара после неколку години да се викаш Вахит отколку Виктор...наталитетот на Македонците паѓа и паѓа...и паѓа.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Зошто, О ЗОШТО толку сакате да управувате со туѓите животи? Свекрви едни!

Јас инаку не би абортирала, пошто греота би било моите гени да не се шират :baeh:, ама ДЕФИНИТИВНО не би му го забранила тоа на некој друг, кој си ја има маката. Фетусот додека е во телото на мајката, е дел од неа, тие се едно. Фетусот станува бебе откако ќе се роди, односно откако ќе биде спремен за самостоен живот.

Прашање до тие кои не оправдуваат абортус: Дали мислите дека абортусот треба да биде нелегален (освен од медицински причини), и што мислите дека би се постигнало со тоа?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Зошто, О ЗОШТО толку сакате да управувате со туѓите животи? Свекрви едни!
Зошто,О ЗОШТО мислите дека управуваме со туѓите животи?Мојот став е цврст и не би го менувала,никој не би фатила за врат да не абортира(нема нит да ме послуша)а за забрана уште помалку.Мешаш управување и кажување на свое мислење.Како што таа што решила да абортира има толку причини за тоа јас имам толку против,и зарем тоа е управување?Свашта!

Прашање до тие кои не оправдуваат абортус: Дали мислите дека абортусот треба да биде нелегален (освен од медицински причини), и што мислите дека би се постигнало со тоа?
Забранување на абортус?Сум строго против абортус но за жал имало и ќе има абортирање каде тоа би се вршело на нелегален пат,со нестручни лица и ќе има повеќе жртви отколку кај легалното и тој што решил ништо не го спречува.Така да,од таа гледна точка...кхм.. сум за легално(иако со мрчење го кажувам тоа).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom