Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
ДрагИ моИ... :) (се раширивме)

Залудно се обидувате да докажете нешто кое апсурдно. Зошто не пазеле. За смешна работа се фаќате да докажувате дека сте во право. Дали не треба да пазите и кога поминувате улица? Јас пазам, вие пазите, и баба ми пази.
Драг наш.. :)

Ова болдираново не ти требаше. Збораме за пазење во сексот, збораме за свршвање надвор, токму како шо рече Дивајн. Заради ваше задоволство, заради ваша себичност, некој друг живот умира.

Секако дека мора да се пази тоа е неспорно, и на никој не му е мерак да прави абортус, ниту мене ниту на девојките кои се приморани. Никој не оди со радост и бакнежи врели.
Паше, од кој се приморани? Од шо се приморани!? Па ебате, то шо си го издробил, сркај си го!

За да се докаже она што го реков од претходниот пост дека е работа на став (или си за или си против) докажува и добиената репуттација на тој пост. Добив точно едно зелено и едно црвено. Може да се убедуваме до задутре, ама глупави ќе бидат изговорите за јака медицина за вас, како што за мене ќе бидат уште поглупави тврдењата дека треба да се пази...
Јас никого не убедувам. Јас само сакам да ја кажам лошата страна на абортусот. Не лошата, ЗЛОБНАТА и себичната страна на абортусот.:salut:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43

Тамарче драга...остави.

Тоа е некој е против некој е за абортус. И јас го кажував истото што ти и Дивајн, неколку страни поназад.
Нека бидат приморани оние што сметаат дека тоа е начин да се продолжи со животот. Јас лично не би можела да продолжам понатаму знаејќи дека сум убила живот кој почнал да се развива во мене. Штета некои го сметаат за товар тоа невино суштество.
 
Член од
7 декември 2007
Мислења
67
Поени од реакции
1
Vo zavisnost od pricinite, go opravduvam samo ako se raboti za genetsko poremetuvanje od sto proizleguvaat site tie bolesti na plodot, ako plodot e zacnat so siluvanje i sl. Inaku sum protiv posebno koga toj se vrsi nelegalno sto e mnogu cest slucaj ...Na ovaa tema moze da se zboruva do 101 i nazad i sekoj ke misli i ke tvrdi deka e vo pravo... Ima mnogu faktori i pricini sto vlijaat na odlukata na edna devojka ili zena da se resi na takov cekor , megutoa jas ne sakam da navleguvam i da gi analiziram bidejki ne sum dovolno strucna za toa, ima psiholozi , ginekolozi, sovetnici...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драг/а моја,

Не си свесна колкава глупост тресна.

Мајка ми остана трудна во 3-та година факултет.
И да, со татко ми имале врска од 4 години,студирале на две различни места. Тргнала да го абортира, ама замисли! докторот ја премислил.
Го родила брат ми.
Не го уништи својот живот, а ниту пак животот на брат ми.
Напротив, ќе го уништеше својот живот ако абортираше, бидејќи не можеше ни да замисли каков човек ќе има за син.

Понекогаш можда треба помалку егоистично да се размислува.
Сите тргнувате од фактот, ако го родам ќе си го уништам животот.
А здравјето нема да си го уништиш? А твојот иден психичко-емотивен живот? А тогаш кога ти ќе сакаш да имаш деца, а кога нема да можеш? Кој ти гарантира, дека и покрај оваа модерна технологија шо ја има сега, ти ќе можеш повторно да забремениш, да имаш нормална бременост, и да родиш здрав плод?
И така ред прашања, до милион и назад.
А ова зашто се најде лично засегната? Може ти сметаш дека така требала да направи, јас мислам дека подобро би било да се чека додека немаш услови за да му понудиш нешто добро на своето дете. И не зборев за нешто што било пред 20 години (уствари, да дефинирам подобро, пред 91 година кога сите можеле да се вработат и да си купат стан и да си живеат како што треба), јас зборев за денешно време кога како студент во Македонија можеш да работиш само како келнерка. И кога би го чувала детето? Помеѓу смените на работа? Или ќе го носиш со себе на работа? Фино било тогаш, ама тогаш и сега не е исто. И затоа не ми збори дека сум лупнала глупост, него мисли во сегашно време, во реалната ситуација!

А твојата другачка и дечко и, неможеле да си дозволат луксуз од свршување надвор како најсигурна варијанта, доколку не биле спремни да се носат со последиците?
Така ем пиела се` нешто, ем си направила поголем стрес, ем се испонашала пресебично.
Нема оправдување без оглед кој век сме. Некои работи не се менуваат.
п.с. како вакви ствари уште слушам... по сите весници трубат (што отприлика би значело дека веќе и основците знаат) дека тоа "свршување надвор" НЕ е најсигурна варијанта затоа што мало количество на сперма (но сепак доволно за зачеток) понекогаш се испушта и во тек на самиот однос.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Драг наш.. :)

Ова болдираново не ти требаше. Збораме за пазење во сексот, збораме за свршвање надвор, токму како шо рече Дивајн. Заради ваше задоволство, заради ваша себичност, некој друг живот умира.
Види сега како ме навредуваш а себе се понижуваш. Сообраќајот ти беше топ пример. Само не сакаш да го сфатиш. Биолошки, и алтернатив кажа, никогаш не можеш да бидеш сигурен. А и нема потреба да се објаснуваме, сигурност никогаш не постои.

Е сега, како можеш да кажеш заради наша (машка претпоставувам) себичност. Вие сте марионети во процесот секс? Или вие немате желба ама ете пошто сте многу фин род па им дозволувате на мажите да ве ***?! Плус, презервативите ги носиме ние, а вие можете да инсистирате на нив. :wink:

Tamara напиша:
Паше, од кој се приморани? Од шо се приморани!? Па ебате, то шо си го издробил, сркај си го!
Епа видиш ја не си го дробев сам. Додека јас уживав, уживаше и ти со мене. Сексот вклучува две лица од два пола. Или пак муабетот од погоре, услуга ми правеше?

Јас никого не убедувам. Јас само сакам да ја кажам лошата страна на абортусот. Не лошата, ЗЛОБНАТА и себичната страна на абортусот.:salut:
А јас сакам да кажам дека во твојот рај има харфи, а во мојот гитари :wink:
 
зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
А ова зашто се најде лично засегната? Може ти сметаш дека така требала да направи, јас мислам дека подобро би било да се чека додека немаш услови за да му понудиш нешто добро на своето дете. И не зборев за нешто што било пред 20 години (уствари, да дефинирам подобро, пред 91 година кога сите можеле да се вработат и да си купат стан и да си живеат како што треба), јас зборев за денешно време кога како студент во Македонија можеш да работиш само како келнерка. И кога би го чувала детето? Помеѓу смените на работа? Или ќе го носиш со себе на работа? Фино било тогаш, ама тогаш и сега не е исто. И затоа не ми збори дека сум лупнала глупост, него мисли во сегашно време, во реалната ситуација!

Молам?

Па шо ако беше СФРЈ? Да не им беше патот со рози постелен?
Ако сакаш да гледаме така реално, нема проблема.

Уште веднаш ќе ти кажам дека живееа 8 години под кирија и дека не беа ни финансиски, а ни морално помогнати.
Ех да, во таа СФРЈ каде сите можеа да се вработат, да си купат стан, и да чекаат редици за леб и млеко во снег од 2 метра.

И не се најдов лично засегната,само ти потенцирав пример од најблискиот ми реалистичен живот со цел да сфатиш шо зборам.

И на какви подобри услови да се чека,молам?
Драга моја, НЕМА подобри услови. Тоа и сама го кажа.

Шо демек ти ќе се киретираш за да спечалиш доволно за да му овозможиш се што треба да има твоето дете,според твоите критериуми? Факт е дека тие нема никогаш да се задоволени, па на гла да се наместиме.
 
K

**KukLi4ka**

Гостин
Vo princip sum protiv abortusot..megutoa da se najdam sega vo takva situacija,i pokraj toa sto sum skoro 3 god vo vrska(znaci nema da bide toa dete na bilo koj,tuku plod na golema ljubov)..so moite 21 i negovite 22,i nasite sto bi rekle "race vo dzepovi"....bi abortirala definitivno!Zapoznaena sum apsolutno so site posledici na abortusot,megutoa dodeka ne obezbedam soodvetni uslovi za zivot na toa dete,ne bi napravila takov krupen cekor!
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
ДрагИ моИ... :) (се раширивме)

Залудно се обидувате да докажете нешто кое апсурдно. Зошто не пазеле. За смешна работа се фаќате да докажувате дека сте во право. Дали не треба да пазите и кога поминувате улица? Јас пазам, вие пазите, и баба ми пази. Ама секој ден некого газат.
Секако дека мора да се пази тоа е неспорно, и на никој не му е мерак да прави абортус, ниту мене ниту на девојките кои се приморани. Никој не оди со радост и бакнежи врели.
За да се докаже она што го реков од претходниот пост дека е работа на став (или си за или си против) докажува и добиената репуттација на тој пост. Добив точно едно зелено и едно црвено. Може да се убедуваме до задутре, ама глупави ќе бидат изговорите за јака медицина за вас, како што за мене ќе бидат уште поглупави тврдењата дека треба да се пази...
Доста бе со тоа "драги" ... ме иритирате, ептен цинично звучите!:pos2:
Туку шала на страна ... зошто го споредуваш сексот со некои махинални и секојдневни навики? Кога преминуваш улица ти пазиш, ама ете некој пијан шофер нема да пази. А кога се има секс, се има само со две лица, кои би требале да се свесни што прават и дека може да се киксне, па да мислат на тоа. Не е баш исто, нали?
А дека е ова работа на став е јасно, со тоа што можеме и малку да дискутираме во врска со нашите ставови. Никој никому не наметнува ништо ... секој има право да негира тоа што не му одговара и да даде свое мислење. Тоа е барем нормално.

AlternativeF напиша:
п.с. како вакви ствари уште слушам... по сите весници трубат (што отприлика би значело дека веќе и основците знаат) дека тоа "свршување надвор" НЕ е најсигурна варијанта затоа што мало количество на сперма (но сепак доволно за зачеток) понекогаш се испушта и во тек на самиот однос.
Е ова веќе го порекнува тоа претходно што го кажав, ама ај ...
Значи да, без да се вреѓаме, прво прашај ме дали го знам тоа и ако го знам, зошто сум напишала така како што сум напишала. Можеби не сум се доискажала, ти не си ме разбрала, па ќе се разбереме де ...
Ајде сега да ти кажам што сум пропуштила ... таа мала количина на сперма, што може да е доволна за зачеток, може да си остане во кондомот, кој не смее да се изостави. Поголемиот млаз кој може да истече (доколку е скинат или лошо ставен кондомот), за да не го мислат луѓето, може да излезе и надвор. Појасни сме?

Vo princip sum protiv abortusot..megutoa da se najdam sega vo takva situacija,i pokraj toa sto sum skoro 3 god vo vrska(znaci nema da bide toa dete na bilo koj,tuku plod na golema ljubov)..so moite 21 i negovite 22,i nasite sto bi rekle "race vo dzepovi"....bi abortirala definitivno!Zapoznaena sum apsolutno so site posledici na abortusot,megutoa dodeka ne obezbedam soodvetni uslovi za zivot na toa dete,ne bi napravila takov krupen cekor!
Аха, добро. А што мислиш, сите родители на светов не биле со таа мисла кога биле колку тебе? И што мислиш, ако сите чекале на тоа, ќе имало уште луѓе на планетава? И што мислиш, кога ќе имаш 25-6-7 години, а немаш сеуште обезбедено соодветни услови за дете, нема да се омажиш и нема да раѓаш?

И да, ќе повторам уште еднаш. Доколку некој не е спремен да си се носи со се` што може да биде последица од тие минути на задоволство, нека не се задоволува додека не е спремен. Смешно звучи да, ама ете смејте се и на тоа што се полнат болниците со малолетнички кои незнаат нос да си избришат, ама ете се решени да абортираат, затоа што им се е*ело ама нејќеле да им влезе.
Ги нагласувам малолетничките затоа што повеќето грешки кај нив се прават, а и јас лично познавам доста такви.
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...dragi moi da ve podsetam na moite predhodni postovi ushte ednashka...

...stavot moj za abortusot e strogo protiv...zaradi mnogu prichini...da ne se povtoruem pak...

..."nema i dzole go gusha i u raju dusha"...

...koj na dve stolici sedi treba da e spremen da padne...

...sekoj zivot se broi...

...i taka-ponataka-zatoa, ima edna materija u glaata i se vika mozok...toa sluzi za mislenje ne za shetanje uzivanje u ubivanje...

...over ond out...biiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiip...:)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
ок дечиња, ок... сфатив. вие сте против абортус, јас сум за абортус и готово. не сфаќам зашто пробувате да ме "истепате" со некои факти за вас значајни, за мене не толку... јас со моите постови не пробав да навредам никого, ако некој се нашол навреден, длабоко се извинувам. :se_ molam а колку што успеав да сфатам, темава не беше "ајде да видиме кој е подобар во убедување", туку дали оправдуваме или не. :toe:
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...ne be ne se sekiraj...mene mi e takov stilot...dosta oshtar i direkten...nema iztepuenje...taman rabota...

...imashe edna moja drugarka na vremeto, ja ke se izvinam za ova sto ke go kazam sea ama se koa ke se otvori temava mi teknue na taa sluchka...

...se desilo sto se desilo i ona otide da abortira-so roditel de...sve kao sto treba arno ama ostanalo ostatok od fetusot-se deshava-vikale doktorite-pa temperatura imashe se sekavam sea bash na toa...37 so 4...i posle toa povtorno zafat-kiretaza...pa infekcija nekoja...i na kraj sterilna...propast...

...ko sea da se sekavam koa placheshe pred site na golem odmor i koa vikashe...

..."kakva sudbina sum ja. go sakam ne mi davaa moite...orospiine se kiretiraat po 100 puti pa pak ragaat-nemaat gajle, a mene vidite sto mi se sluchuva...

...stvarno pamtam toa jezivo beshe dosta...sto se ima deseno potoa neznam...ne sum ja videl odavna...se deshava i toa...kolku radi reda da znaete deka ima i vakvi sluchki...
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
ок дечиња, ок... сфатив. вие сте против абортус, јас сум за абортус и готово. не сфаќам зашто пробувате да ме "истепате" со некои факти за вас значајни, за мене не толку... јас со моите постови не пробав да навредам никого, ако некој се нашол навреден, длабоко се извинувам. :se_ molam а колку што успеав да сфатам, темава не беше "ајде да видиме кој е подобар во убедување", туку дали оправдуваме или не. :toe:
Навреди секако, но ете на културен начин како сега. Но нема врска, секој има право како сака и како знае да си го брани својот став.
Иначе Љупчо, добро кажа во претходниот пост, а овој последниов навистина ме растревожи ... трагично ...

п.с. Ако имаш толку години колку што ти пишува под аватарот, јас треба бебенце да те наречам. А ако не, да си кажам и тука мој став ... не ми е по ќејф да разговарам со луѓе кои немаат храброст да се искрени. :podsmev: :smir:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
:eek:ftopic:дечиња ми е узречица :)
ако се случило тоа со девојчето, стварно е тажно, ама тоа се случува заради непрофесионалност на докторот кој го изведувал. не е легалноста на абортусот крива.
и уште еднаш се извинувам на Дивајн ако ја навредив :smir:
п.с. 19 имам, да.. не сум л'жоФ :)
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Е сега, како можеш да кажеш заради наша (машка претпоставувам) себичност. Вие сте марионети во процесот секс? Или вие немате желба ама ете пошто сте многу фин род па им дозволувате на мажите да ве ***?! Плус, презервативите ги носиме ние, а вие можете да инсистирате на нив. :wink:
Викторче паше, зборам во глобала. Зборам за сите, и машки и женски. Глупо е ако мислам само за едната страна, и двете страни се криви, и двете страни ја сносват исто кривицата.

Епа видиш ја не си го дробев сам. Додека јас уживав, уживаше и ти со мене. Сексот вклучува две лица од два пола. Или пак муабетот од погоре, услуга ми правеше?
Истото за ова важи погоре. Двата уживавме, ама и двата сме криви за последиците.

А јас сакам да кажам дека во твојот рај има харфи, а во мојот гитари :wink:
Исто.:wink:
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
:eek:ftopic:дечиња ми е узречица :)
ако се случило тоа со девојчето, стварно е тажно, ама тоа се случува заради непрофесионалност на докторот кој го изведувал. не е легалноста на абортусот крива.
и уште еднаш се извинувам на Дивајн ако ја навредив :smir:
п.с. 19 имам, да.. не сум л'жоФ :)
...toj abortus, go praveshe kako sto se sekavam Dr.Dimitrov-eden od najdobrite ginekolozi i profesor na katedrata na Medicinski faks, poshto majka i na drugarkata beshe medicinska sestra na Ginekologija...

...samo kako dopuna...poshto...gavolot ni ora ni kopa...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom