Па ако не е живо битие ембрион, шо пречи ? ваљда нема да стане живо битие??
Let3, вака ќе ти објаснам.
Човекот ги јаде другите суштества, ги угнетува другите суштества, ги урива нивните домови, и го креира средината како што сака, затоа што е најмоќен. А најмоќен е затоа што, за разлика од сите, поседува свест.
Затоа што најбрзо еволуирал од сите.
Ништо нас не ни кажува, дека за 1000 години од сега, нема да има друго суштество, од оние кои денес ,,не ни се рамни,,, што ќе биде свесно колку нас.
Еден шимпанзо (пример) можеби за 1000 години ќе биде и поинтелигентен од нас, па со тоа и помоќен, но сепак, ние денес одлучуваме што со него, не го сметаме за потенцијално свесно, моќно битие.
Ембрионот, ќе стане човек за 9 месеци. Во моментот не е. Во моментот е ембрион, човечки гени, но нема свест, нема развиени сетила, не чувствува страв, болка, нема инстикт за преживување. Фетусот има. Фетусот реагира. Фетусот се плаши, и фетусот чувствува безбедност. За разлика од ембрионот, фетусот протестира кога не му е добро и се брани.
Вие не понудивте друг аргумент освен ,,морал, чувства, мајчиниство...,, значи ниту еден научен и проверлив аргумент. Ако одиме по таа логика, и ако треба да жалиме нешто што ЌЕ БИДЕ (значи не е во моментот) човек, очекувам веднаш да се побара од ваша страна прекин на секакво угнетување или искористување на сите други суштества на Земјата.
Јас не можам да ја споредам мојот 1 годишен внук, со ембрион. Тој има чувства, тој размислува, тој се смее, плаче, ако падне, го боли, ако му се налутиш, и тој се лути. Ембрионот не.
И како што кажав предходно.
Ако на ембрионот му се загарантираат права, јас сакам кучиња во Парламент.