тука е “проблемот“
не си осетила мајчинство!
И јас така кога бев млад и секси (сега сум само секси) лефтерно си замислував брак, деца... без емоции без некои чуства “Деца.. а бе гз им мајчин дај им јадење и облека и толку ...“, но се е тоа поинаку кога ќе станеш родител. Жена ако абортирала кога и било скапо да има дете па после кога се ситуирала и родила и осетила што е да носиш живот во себе, да и лежи на гради, да расте пред очите... сигурно често ќе помисли на тоа абортираното и сигурно не со радост. Не е дете мобилен па да речиш “овој ми е скап не го земам сега ќе почекам да поефтини“
Ќе возам точак место кола, ќе пијам вода место пиво, ќе лепам ѓонови место да купам чевли, ќе откажам кабловска и интернет, ќе најдам дополнителна работа... ако тоа значи да имам за детето јадење и облека. Ич не се мислам ни секунда!
Браво за тебе, секоја чест.
Не сум осетила мајчинство... затоа што јас така сакам. И нема да осетам, додека не посакам.
Ти вози си точак и расти си деца, јас не си го замислувам животот така.
И личноста која ја познавам со дететнцето, па абортусот, па друго детенце, баш не му се замара на абортираниот ембрион. Во други услови можда и ќе го родела, но нема грижа на совест. И не ме прашувај од каде, знам, знам. Тоа ми е работа да знам.
Поздрав.
--- надополнето: 22 март 2012 во 17:36 ---
не морам да прочитам 500 страници за да знам што е исправно,а што не.....послушај го срцето што вели и здравиот разум(ако го поседуваш и едното и другото) - најдобро ќе ти каже како да постапиш по одредени прашања од животот,а не некојси манипулатори и нелуѓе
ако за некој плодот е потрошен материјал,за друг е светост заради која вреди да се живее и ај да ве видам убедете го во спротивното
Ај те молам, срце, здрав разум?
Ти и сите пролајфери здравиот разум сте го оставиле дома, зошто затварате очи пред ОЧИГЛЕДНИ МЕДИЦИНСКИ ФАКТИ.
А нечии субјективни чувства ИЧ не ме интересираат, па така што, за чисто, здраво, право срце со Жан Митрев збори си, не со мене.
Тие што сакаат да раѓаат, никој не им забранува, нека родат и 20 бе, нека спијат на земја, нека јадат од контењери, децата нивни да не видат друга вода освен Вардар, облека никако, школо, средно едвај, после нека работат во конфекција.
Само нека не замараат, дека ние што не го сметаме ембрионот за човек, грешиме.
Зошто според мене, овој пример погоре, жената јас би ја каменувала. Ама, тоа сум јас, нели?
--- надополнето: 22 март 2012 во 17:37 ---
Паметната Лила расчисти со сите морални дилеми и сега ќе ни раскаже како треба да се живее во неморален свет. Не ти читав останатото (нешто сум нежна на желудник деновиве) само ќе ти препорачам не само кондоми, антибеби, спирали, туку и после секој секс зимај по една таблета „ден потоа„, дека ти едноставно не заслужуваш да ја носиш титулата „мајка„ не сега и не по 10 нит 15 години. Остави ја таа титула на луѓе со совест и морал. Се се мислам како на таква идеа не дошла и мајка ти. Побезобразно и некултурно створење без грам мозок и чувства немам сретнато...
Ни јас мајка што повеќе сака грст клетки од сопственото дете, па ете, тебе те запознав, и видов дека не на секоја мајка најважни и се децата. На некои мајки, поважни им се ,,можеби внуците,,.
Јебига.
--- надополнето: 22 март 2012 во 17:39 ---
Toa е правило?
дека деца на ситуирани родители имаат убав живот а на оние сиромашни или само со еден родител се несреќни?
Има мноооогу примери на спротивното, деца од сиромашни семејства кои успеале во живот и деца од ситуирани кои паднале, има и деца пораснати по домови има и посвоени деца кои сега водат убав живот, има и оние кои имале добро детство без ништо да им фали па се сега предвреме под земја или по затвори или сега немаат за леб.
Така да тоа не е правило .
Успеваат од мака, а не од убавина.
Оние на семафор на Бит Пазар, просто пукаат од среќа што не се абортирани. Толку си го сакаат животот, што не им пречи ни кола да ги изгази.
Секој со своето, Лет. Јас моето дете ќе го растам во повеќе од добри услови.
Не прифаќам ништо помалку од тоа.
--- надополнето: 22 март 2012 во 17:43 ---
i jas koga go rodiv prvoto dete nemav nishto... sakav da rodam, rodiv i toa dete ne me spreci da napreduvam, da se boram... sega finansiski sum ok, pa poradi prekuvremeno rabotenje nemam mnogu vreme za decata, treba li i poradi toa da se pokaam shto sum rodila?
na lugeto se neshto im fali, se neshto ne im shtima... ako taka gledame na rabotite nikade nema da stigneme
Ќе се покаеш кога ќе бидат повозрасни зошто немаш време за нив.
Најважното нешто во животот на децата, до 5 година, е присуството (што е можно повеќе) на мајката. Во 5 година при разрашување на Едип/Електра, таткото добива позначајна улога. Тоа што работиш прекувремено, прави јаз меѓу тебе и децата.
Нема потреба да се објаснуваме на таа тема, не го измислив јас тоа. Поздрав.