Во почетокот на 1921 год., во Скопје имало 8525 куќи со 41.066 жители, а во 1926 год., 9130 куќи со 69.269 жители, од кои 38.392 православни, 1890 католици, 26.270 муслимани, 2667 мојсиевци и 150 лица од други вери.
Покрај ова имало и околу 10.000 привремено населени кои секој ден патувале на работа во Скопје. Просечната густина на населението изнесувала 40-55 жители на м2. Бројната состојба на населението, по националност, во 1929 год. изгледала вака: Македонци 33.310, Бугари 26, Руси 688, Турци 13.893, Евреи 2190, Грци 279, Романци 110, Ерменци 438, Албанци (Арнаути) 1900, Цигани 2496, останати 466 и непознати 2. Според статистичките податоци од 1929 год. во Скопје имало вкупно 55.798 жители.
"Водич кроз Скопље и околину", Скопље, 1937,38.
Ме интересира како тоа од 1900 Албанци регистрирани 1929 година, сега секој втор албанец можел да наброи 4 колена уназад “староседелци“ во Скопје?
Генерално дали 80% денешни Скопјани можат да речат дека се навистина оригинални стари Скопјани,а се знаеле маалата кои тогаш постоеле.
Незнам што апсурдни муабети правиме.